OooOo |
Ослободениот заложник во Ирак, Жорж Малбруно, ја раскажува потресната приказна за Зоран Наскоски и Далибор Лазаревски
Француските новинари ги виделе грабнатите Македонци
Двајцата Македонци не знаеја ниту еден збор на арапски ниту еден збор на англиски. Едниот од нив, крупен и млад тип, беше ранет со куршум во потколеницата. Ние им служевме како преведувачи. Грабнувачите нў прашаа дали се Американци, ние им рековме дека се Македонци
Нанси - На 21 август наутро наеднаш се отвори вратата на бараката во која бевме чувани и влегоа тројца типови, од кои едниот беше ранет. Тоа беа двајцата Македонци , кои работеа во една американска база и нивниот возач кој имаше исеченица на образот, здобиена при грабнувањето. Нивниот конвој беше нападнат, имаше многу крв. Тие седнаа на земја. Двајцата Македонци не знаеја ниту еден збор арапски, ниту еден збор англиски. Едниот од нив, голем и млад тип, беше ранет со куршум во потколеницата. Ние им служевме како преведувачи. Грабнувачите нў прашаа дали се Американци, ние им рековме дека се Македонци. Луѓето беа по малку загубени. Тие ништо не сфатија што им се случува. Тие беа дојдени да работат и не можеа да сфатат дека се заложници. Дури не изгледаа дека се многу загрижени. Беше патетично. Подоцна научивме дека беа обезглавениии.
На овој начин, новинарот на †Фигароои, Жорж Малбруно, ја раскажува потресната приказна за Зоран Наскоски и Далибор Лазаревски, грабнати од Исламската армија на Ирак. При нивното грабнување животот го загуби нивниот сограѓанин Драган Марковиќ, сите ангажирани за американската компанија †Соуфан инженерингги. Најверојатно, ова беше и нивна последната средба на Далибор и Зоран со Европејци пред да бидат егзекутирани. Малбруно и Кристијан Шено, кој работи за Радио Франс, не даваат други детали за кратката средба помината во заложништво со двајцата кумановци, единствено дека научиле од грабнувачите дека двајцата Македонци биле убиени. Исто како и другите заложници кои ги сретнале додека биле во рацете на ирачките грабнувачи. Станува збор за телохранителот на Шалаби, како и директорот на една електрична централа.
На прашањето зошто тие беа поштедени од грабнувачите, двајцата француски новинари мислат дека тоа најмногу се должи на нивната новинарска професија. Но, и фактот дека тие беа Французи, а сите ја знаат француската позиција за војната во Ирак. Другиот мошне важен елемент е поседувањето добри лични документи при грабнувањето, француската новинарска легитимација и пасош и новинарската легитимација издадена во Јордан и напишана на арапски. Грабнувачите спровеле и истрага за да проверат дали тие навистина се новинари. Имено, тие се автори на две книги посветени на Ирак и веќе десетина години ги следат настаните во регионот и зборуваат арапски јазик, што им ги олеснило контактите со грабнувачите.
Но, да се биде новинар не е гаранција. Исламската армија на Ирак не се двоумеше да го обезглави италијанскиот новинар Енцо Балдони кој, според исламистите, бил член на италијанските тајни служби. Во разговорите со грабнувачите, на Малбруно и Шено добро им било нагласено дека Ирак се наоѓа во војна, тие како непријатели ги сметаат американските војници и сите други војници од коалицијата, нивните соработници, сите бизнисмени и луѓе кои работат за нив, без разлика на националноста, ирачките војници и шпионите. Тие за шпиони ги сметаат и вработените во хуманитарните организации и новинарите. Затоа при ослободувањето им било порачано да не се враќаат во Ирак, бидејќи немале потреба од странски печат.
За време на зложништвото, Шено и Малбруно имале средба и со шефот на Исламската армија на Ирак. Ова салафистичко движење, според нив, брои од 15.000 до 17.000 члена. Тој бил млад човек, со светли очи, скриени зад маскирната капа, со кефиех на рамената. Три цели часа им било објаснувана супериорноста на исламот наспроти христијанството, со барање на крајот да станат муслимани. На ова барање, не знаејќи наеднаш што да кажат, тие одговориле дека се подготвени, но не во Ирак, туку во Париз, каде што би разговарале со ректорот на париската џамија. Дека немаат ништо против, но дека не сакаат ништо да направат под закани.
За време на 124 дена поминати во заложништво, Шено и Малбруно, како што раскажуваат во нивните првични изјави за матичните медиуми : Радио Франс и †Фигароои, шест пати го смениле местото каде што биле криени од исламистите, патувајќи во картонски ковчези. Во контактите тие сфатиле и откриле дека се наоѓаат на ипланетата Бен Ладенни. Всушност, грабнувачите честопати се повикале на шеикот Усама. Во Ирак тие се сретнале со џихадисти кои војувале во Авганистан и кои имале вистинска интернационална агенда. Џихадистите, посебно биле изненадени од мобилизацијата во Франција за ослободувањето на новинарите, посебно од страна на исламските верски заедници кои се ангажираа за ослободување на нивните француски сонародници.
Ослободувањето на двајцата француски новинари најмногу се должи на активностите на ДГСЕ, разузнавачката служба на француската армија, која воспостави индиректни контакти со Исламската армија на Ирак. Во операцијата, која за малку немаше да успее, по самоволната интервенција на пратеникот Жулиа, биле вклучени околу 200 функционери на службата, како во генералштабот во Париз, така и во Ирак. Еден од овие агенти, тврди за †Фигароои, исто како што истакна и премиерот Рафарен, дека не бил платен откуп за ослободувањето на новинарите.
Исламската армија на Ирак почна со активностите на 31 март во Фалуџа, а ослободувањето на Шено и Малбруно треба да се бара во начинот на нејзиното функционирање. иТаа функционира како внатрешен суд. Одлуката (пресудата) не ја носи шефот, туку сите милитантиии, објаснува еден од агентите на ДГСЕ. Долгото заложништво на Французите се должи на потребата да се донесе едногласна одлука. иОваа вооружена група е составена од поранешни припадници на баасистичката партија и носталгичари за времето на Садам, религиозни лица и странски џихадисти, кои немаат толку големо влијание, како што се вели на Запад. Тоа што ги поврзува сите е исламизмот..и Таа, како и другите групи се бори за престиж, наспроти другите групи, владата од Багдад и, пред сў, американските сили. Грабнувањето на двајцата познати француски новинари им носеше огромен углед, за среќа француската аргументација беше посилнааи, вели истиот агент на ДГСЕ. Според него, иод самиот почеток се имало чувство дека е ангажирана така против часовникот, чиј крај можеше да биде драматичен. Истата група уби двајца италијански заложници, двајца Пакистанци и двајца Македонциии. |