f9 |
ИНТЕРВЈУ: ПРОФ. Д-Р МИХАЈЛО МИНОСКИ
Изненадени од сопствената државност
Ние немавме ни политичка елита која можеше да ги предвиди случувањата во Југославија како другите, да бара партнерство или покровителство на некој моќен фактор, за да не се најде во онаа ситуација во која се нај
ВЕСТ: Каде е навистина Република Македонија 60 години по АСНОМ и 100 години по Илинден, од цивилизациска гледна точка?
Миноски: Направен е еден историски голем исчекор. Од она што беше амбиција и желба, стремеж на македонскиот народ да се ослободи и да создаде своја национална држава. Реалност е постоењето на независна и самостојна македонска држава, членка на ОН. Значајно е што илинденските идеали се реализираа, македонскиот народ тогаш се осведочи како сојузник во антифашистичката коалиција и успеа да се избори да го реализира она што беше државотворна програма на историското македонско национално ослободително движење, да создаде своја македонска војска која го заврши самостојно ослободувањето на земјата уште пред крајот на 1943 година. Особено е значајно што беше направен еден многу убав спој помеѓу новите македонски револуционери, предводени од Комунистичката партија, и граѓанските македонски интелектуалци, кои дадоа белег на тоа како се конституира и кои се целите на македонската национална држава. Понатаму македонскиот народ беше државотворен и се легитимираше како единствен носител на суверенитетот на државата.
Потоа настанаа други промени. Значајно е што Македонија го задржа својот национален карактер на државноста, што имаше силно влијание врз севкупниот развој, за афирмација на македонскиот јазик, нација, култура, состојба на брз подем, една фаза на силна национална еуфорија во создавање на научни, образовни и на културни институции.
ВЕСТ: Издржа ли националната физиономија, што ја дава личната карта на државата?
Миноски: Некаде на третото заседание на АСНОМ, при трансформирањето од Собрание во Народно собрание и прогласувањето на Народна Република Македонија и формирањето на првата влада на Лазар Колишевски, практично беше извршен еден тивок државен удар. Затоа што веќе таа влада презеде редица мерки за да се ослободи од национално-граѓанската политичка струја, која беше дури квалификувана и како антипартиска, и се изврши целосна партизација на државата и во таа смисла и функционираше. Понатаму, македонската држава беше целосно подредена на сојузното, и беше најревносен спроведувач на југословенската политика. Кај нас и во цела Југославија се наметна идејата за југословенска нација, па најмногу во Босна и во Македонија имаше такви кои се декларираа Југословени. И, за жал, и во научните кругови се проби тоа, па имаше некои застапници и на билингвистичка нација, српскохрватскиот и македонскиот јазик да бидат дигнати на степен на мајчин. Меѓутоа, да речеме, за среќа, така како што беше конципирана и како функционираше Југославија не можеше да се одржи, па со распаѓањето на федерацијата, пропадна и оваа апсурдна идеја за југословенска нација.
ВЕСТ: Вашето обраќање во МАНУ, на дебатата по повод 60 години АСНОМ, се однесуваше на континуитетот и дисконтинуитетот на националната државност. Која е нивната генеза и кон што е повеќе склона Македонија?
Миноски: Дисконтинуитетот, по мене, се појави првпат во 1945 година, по пренесувањето на дел од суверенитетот од демократска Македонија на сојузната држава. Во 1991 година, со донесувањето на Уставот се направи еден крупен пресврт. Македонија веќе не беше македонска национална држава, туку се прогласи за граѓанска држава, а носител на државноста и суверенитетот не беше македонскиот народ, кој тогаш се делегитимира од оваа позиција. Носител стана граѓанинот. Континуитетот беше прекинат, бидејќи само во Преамбулата е посведочен историскиот факт дека македонскиот народ ја создаде државата. И, се разбира, после тоа почнаа проблемите. Тогашното македонско државно раководство како да не беше подготвено за ваков пресврт кој се случи во тоа време. Постоеше само желбата и стремежот на народот да се создаде државата, но не и политичко водство кое можеше тоа да го етаблира. И ни се случи оттогаш веќе да почнува длабока криза, и економска и политичка. Кусо траеше експертската влада која, за волја на вистината, ги постави темелите на државата и државноста, донесе една антиинфлациона програма, воведе сопствена валута, ги постави основите за содавање македонска армија која требаше и беше гарант на територијалниот интегритет. Но брзата смена на таа влада со политичка влада, со луѓе кои немаа не само државничко искуство туку ни доволно компетентност за водење независна држава, ни се случи да одиме по маргините на настаните или зад настаните, други фактори да го определуваат одот на македонската државност и можеби тоа е клучно зошто македонското државно раководство не постапи така како што беше правило во меѓународните односи кога се работи за признавање на една држава, и наместо да го постави директно прашањето за признавање на државноста пред ОН каде што единствено се одлучува, одеше преку Европската заедница каде што нашата позиција, и за политичките лаици е сосема извесно, беше крајно неповолна од многу причини.
ВЕСТ: Што сега, забавен ли е тој дисконтинуитет или Македонија и натаму продолжува да го живее таквиот принцип?
Миноски: Околу дисконтинуитетот, и Претседателот на државата и во своето новогодишно обраќање споменува конфликт. Кај нас нема смелост ниту власта ниту научните интелектуални кругови да седнат и разговараат за тоа што се случи во 2001 година. За каков конфликт се работи, дали се работи за војна, ако е војна, мора да се знае кој со кого војувал, а тоа значи дека имаме агресија, а ако имаме агресија, треба да знаеме каква е позицијата на агресорот. Се случи непримерно и неприродно, ако се работи за конфликт, некој да ни наметне Рамковен договор кој бара целосно уставно редефинирање на државата, а такво нешто не се случило, бидејќи јас ги следам меѓународните договори и односи, во ни една војна, ниту регионална ниту глобална. На ни една држава не и беше наметнато да го менува уставното уредување. Според тоа, тука има работи што мора и треба да се осветлат, да се претстават во вистинската смисла на работите, за да имаме чисти сметки, за да знаеме каде сме и каде треба да одиме. Во 1991 година, барем во Преамбулата се потенцираше македонскиот народ како државотворен, а сега веќе не е државотворен. Со Уставот се прогласи дека Македонија се конституира од македонскиот и од деловите од албанскиот, турскиот, ромскиот, босанскиот народ. Значи, сега тие се јавуваат во смисла на конститутивни фактори, а, од друга страна, носител на суверенитетот е граѓанинот. Во нормативниот дел стојат заедници. Македонскиот народ, исто така, е сведен на една мнозинска заедница. И сега тоа го вели претседателот. Тоа "мнозинска" е релативна работа. Второ што е карактеристично е дека се воспостави еден нов уставен систем. Собранието е законодавниот дом, меѓутоа над Собранието се конституира посебен совет од претставници на заедниците, кој е надреден орган на Собранието. Значи не може да се донесе ни еден закон доколку не гласаат мнозинство од пратениците од немнозинската заедница. Тоа е, практично, вето. Тоа значи блокада на функционирањето на целокупната власт на државата. Битно е што токму тоа е сега причината зошто функционира вонинституционално власта во Република Македонија. При последното случување во Кондово, што се случи? Не одлучуваа органите на државата, одлучуваат самоповикани политички фактори, значи лидери на политички партии кои решаваа витално прашање за безбедноста на државата. Од нивната волја зависи дали Македонија ќе има безбедност или не. Тоа зборува нешто друго. Дека паралелно функционираат две власти - една власт на државата која функционира, условно, на македонскиот дел на државата, и друга власт која самостојно функционира на оној дел таканаречени кризни подрачја, проширено сега со уставните измени и со Законот за територијална организација. Таков пример на функционирање на држава не е познат. Ниту сега има ниту имало во минатото.
ВЕСТ: Може ли да се рече дека таквата нерешителност на политичкото раководство го воведе за Македонија владеењето на принципот на отстапки, како една специфика или детерминанта на односите со светот, и колку она што сега се случува е резултат токму на отстапките?
Миноски: Појавувањето на самостојна независна држава не одговараше на ни една од соседните балкански држави. Мораше да се има предвид жестокото спротивставување, пред се, на Грција, а и на сите соседни држави кои владееја дел од територијата на Република Македонија. Природно се претпоставува дека појавувањето на еден таков меѓународен субјект, само по себе ќе отвори одредени прашања како историско наследство од минатото. Затоа се случи она што се случи, Грција да ја искористи својата позиција. Затоа што македонското државно раководство немаше ниту согледувања ниту имаше регионален, или европски, или глобален фактор на кој ќе може да смета на поддршка за етаблирање во меѓународните односи, како што ги имаа во процесот на осамостојување сите соседни држави. Нашето раководство беше на маргините на случувањата во Европа, и мораше постојано да прави отстапки, односно да се приспособува на диктатот на регионалните или другите фактори, и почна она што значи отстапување од виталните национални и државни интереси. Се случи прво по желба на Грција да го менуваме знамето и Уставот, да не настапуваме од позиција на матична држава во однос на деловите од македонскиот народ таму, во Уставот да пишува дека Македонија нема територијални претензии кон никого, и тоа мораше постојано да се повторува и потврдува, па дури и да се прифатат отстапки кои за една суверена држава беа неприфатливи. Ако веќе еднаш се прават отстапки, тогаш и другите ќе бараат, па Бугарија побара отстапки во однос на јазикот, нацијата итн.. Прва ја призна државноста на Македонија и името Република Македнија, но не и македонскиот народ, јазик и нација. Затоа тогаш Љубчо прифати да се потпишуваат меѓудржавните договори на македонски јазик сведен на службен јазик според Уставот, што практично значеше деградирање на она што е наш национален историски јазик. Во една заедничка изјава со тогашниот премиер на Бугарија Иван Костов, тој едноставно се дистанцираше од македонското малцинство и од тоа дека Македонија како држава ќе се грижи за неговите права и положба. Други кои имаа барање за отстапки, затоа што имаа дел од нашата државна територија, беа Албанците.
ВЕСТ: Се чини дека сите си ја бркаат работата околу нас онака како што го правеа тоа во минатото, а Македонија се уште страда од синдромот балканска мета?
Миноски: Интересите ја движат политиката и, поаѓајќи од таквите состојби, се позиционираа и балканските држави, но и европскиот и меѓународниот фактор. Општопознато е дека Албанија следи една големодржавна политика, си има национална стратегија што ја направи нивната академија на науките, а ја операционализира албанската држава. Како што направија сите соседи. И Грците имаат своја стратегија, и Бугарите, и Србите каде што проектираат долгорочни стратегии како ќе одат правците на државата. Откако работите на Косово се завршија така како што се завршија, албанскиот фактор процени дека на Балканот Македонија е најслабата точка каде што најлесно може да се направи пробив. Уште од осамостојувањето, сите влади, со понагласен или повоздржан јавен настап, ја следеа таа политика. Она што е најважно, нивното дејствување на теренот во Македонија беше многу силно изразено преку политичките партии на Албнците во Македонија, а можеби посилно и пооперативно се дејствуваше од Косово. Длабоко се инфилтрираа во раководството на политичките партии и кога се оцени дека констелацијата во регионот и глобално во Европа погодува, тогаш се операционализираше она што јас го дефинирам како агресија изведена врз Македонија од Косово, со координација со дел од политичките фактори во Македонија, од редот на албанското малцинство. И се операционализираше таа програма за пробив во Македонија со подолгорочна цел за создавање на албанска државност во Македонија. Ако се сеќавате, на 22 јануари 2001 година во таканареченото четврто коминике ОНА објави дека нивната цел на водењето на борбата е да се води дотогаш додека Македонија со Устав не се трансформира во македонска албанска држава.
Се сеќавате дека на 22 мај во Призрен беше потпишана таканаречената трета призренска лига што е надоврзување на историскиот контекст каде што токму еден од потписниците беше коалиционен партнер во власта, како што другиот е сега, и со тоа практично се легитимираше ОНА како воено крило на политичкиот фактор на поптисниците на таа декларација. И сега, се разбира, дојде она што дојде. Тие се легитимираа пред државното раководство за да се потпише примирје и да настапат со своите политички барања и реализација на албанската политичка програма со посредство на меѓународниот фактор, оној фамозен Рамковен договор.
ВЕСТ: Споменавте дека сите соседни држави имаат свои сопствени национални стратегии, напишани и разработени. Каде е македонската и која е воопшто? Успеавме ли тоа да го направиме во изминативе 100 години?
Миноски: За жал, имавме ние таква, можеби не така децидно формулирана, но општоприфатена во свеста, имаме национална стратегија, почнувајќи од македонското историско национално движење, од таканаречената Гоцева Македонска револуционерна организација, па наваму, која се пренесуваше генерациски и се реализира како што се реализира. Меѓутоа, преовлада можеби оној карактеристичен синдром на Македонците во клучниот момент да немаат доволно смелост и храброст самостојно да се носат со проблемите. Тоа ни се случи во 1945 година, а ни се случуваше и во 1943 година, да зборуваме од доаѓањето на Темпо, кога се наметна како фактор кој во голема мера ја насочуваше македонската националноослободителна борба, иако југословенското раководство беше далеку. Кузман Јосифовски беше најмаркантната личност што ја афиримираше во тоа време таа национална програма, меѓутоа брзо беше неутрализиран и отстранет од Главниот штаб, пратен во Скопје за да биде маргинализиран. Потоа Ченто со Президиумот и национално-граѓанската струја и барањето за самостојност на федералните единици, која беше елиминирана и дојде до партизација на државата. Едноставно, македонското раководство ги спроведуваше југословенските директиви. Тоа ни се повори и сега, само место југословенско раководство, имаме надворешен меѓународен фактор кој ја креира македонската држава според сопствените регионални и глобални интереси, а не според интересите на македонскиот народ. Значи, ни се повтори дека не бевме доволно подготвени како што беа другите како, на пример, Словенците, за самостојна држава, или Хрватите, а ние бевме затечени. Како никогаш ни беше наклонет историскиот момент, меѓутоа колку го искористивме - го искористивме. Проблемот кај нас е, по мое, кај македонските интелектуалци. Тие потфрлија, а особено научнокреативниот дел од македонските интелектуалци. Немаа смелост да застанат и да проектираат една подолгорочна стратегија. Најголемиот дел остана да ги следи случувањата повеќе пасивно, за да види каде ќе одат работите. И работите дојдоа до кај што дојдоа. За жал, јас сметам дека и денеска Македонија не само што нема стратегија туку и не знае каде да оди, односно дека оди по случувањата, а тоа ја мултиплицира внатрешната криза.
ВЕСТ: И денес, помалку или повеќе, имаме некои од оние политички карактери кои беа на власт по осамостојувањето и распадот на СФРЈ. Спласна ли денес таа еуфорија за создавање држава на македонскиот народ и таа визија?
Миноски: Еуфоријата спласна многу одамна, спласна во првите години по осамостојувањето. Според мене, за жал, ние не учиме ниту од сопственото минато ниту од туѓите искуства. Мојот личен впечаток е дека на изборите во 1998 година, по онаа криза што сите ја чувствувавме и транзицијата која е непримерена, македонскиот народ гласаше против, а не гласаше за избор, во очекување дека новата власт ќе донесе нешто навистина ново, дека ќе ја реафирмира државата, националните интереси, државните интереси, со сето она што го бараат современите трендови и пракса во европската заедница и другите држави. Но тоа не се случи. Ни се случи и на последните избори да гласаат и против таа власт, за да дојде друга, која веќе беше порано на власт. За да ни се случи сега со претседателските избори силно изразена апстиненција. Тоа значи еден силен сигнал за деморализација кај народот.
ВЕСТ: Ако изведуваме заклучоци од историјата и од тоа како сега ни одат работите, кон што одиме? Вие велите дека постои опасност од дуалистичка држава на 2 конститутивни народа. Реална предикција?
Миноски: Каде оди оваа држава е повеќе од извесно, кон дуалистичка држава, македонско - албанска. Доколку не профункционираат институциите на државата и се толерира вака како што сега се толерираше решавањето на кондовското прашање, тогаш ние постојано ќе имаме такви проблеми и би било апсурдно некој да очекува дека треба сето тоа да го толерираме додека не влеземе во НАТО и во ЕУ, и дека другите ќе ни го гарантираат и територијалниот интегритет и суверенитетот, и ќе ни ги решаваат проблемите. Ние имаме и една друга состојба. Во Македонија се гради албанската државност, сакале ние тоа да го признаеме или не. Ние имаме мултиетничка полиција, но колку таа функционира се гледа кога можат од Косово слободно да си влегуваат со секакво вооружување и да дојдат до главниот град на државата, и никој да не ги спречи. Второ, како симбол на државноста албанското државно знаме во Македонија се употребува токму на тие територии. Потоа имаме паралелен образовен систем, од основно образование, до универзитетско. Имаме дури и паритет, тие два универзита, и ние два, тие имаа Исламски универзитет во Кондово, ние имаме Богословски факултет. Значи, се создава дуалистичка држава. Прашањето е само уште во структурата на власта. Македонската држава ќе биде заложник на албанскиот фактор, колку ќе биде неговата волја за стабилност и безбедност толку таа ќе фунционира. Има многу прашања кои мора да се расчистат што побрзо, ако сакаме навистина да опстоиме.
ВЕСТ: Бидејќи ја изучувате балканската историја, чија е, условно речено, грешката за ваквиот развој на настаните? Дали е во слабоста на македонската државничка свест или во силината на албанската желба за интегрирање?
Миноски: Фактите и кај нас и кај другите говорат дека е многу битен македонскиот политички субјект. И не само политичкиот туку, воопшто, македонскиот интелектуален креативен потенцијал. Еве, на пример, кога се создаваше албанската држава, цивилизациски и на интелектуално ниво организацијата на општеството беше под елементарните услови за да функционира една држава. Таа држава, затоа што имаше заинтересирани фактори, ја направија Австро-Унгарија и Италија. Бугарската држава ја создадоа Русите, кои воено ја окупираа Бугарија и создадоа привремена руска управа, ја поделија на губернии, на чело стоеше губернатор Рус, а зад него Бугарин кој требаше да учи како да се гради и да функционира државата. За да може да функционира државата, ги собра сите врвни интелектуалци тогаш, за да се вклучат и во градење на уставното уредување и на политичкиот систем на државата. Кај нас имавме две работи. Ние немавме фактор кој беше заинтересиран да ни создаде држава или да ја гарантира државната независност и да ги запре притисоците и нападите од соседите. Ние немавме ни политичка елита која можеше да ги предвиди случувањата во Југославија како другите, да бара партнерство или покровителство на некој моќен фактор, за да не се најде во онаа ситуација во која се најде. И друго што е клучно, според мене, е што одговорноста за државата ја зедоа луѓе кои не беа подготвени за да водат независна држава. И најголема грешка кај нас , кај сите, е што ние секогаш за нашите случувања ги обвинуваме другите. Се додека не сфатиме дека ние сме виновниците, дека сите наши проблеми излегуваат од нас, дотогаш ќе се соочуваме со вакви проблеми. Тоа мора еднаш да се раскрсти. Нашиот народ има потенцијал, и интелектуален и креативен, па дури и економски, но прашање е како да се хомогенизира, како да се надминат опасните поделености.
ВЕСТ: Дали создаде Македонија конечно однос кон сопствената историја онаков каков што би требало да го има, ако се земе предвид дека целата историја, па и учебниците се полни со конфликти околу одредени личности, дали се или не се, биле или не биле борци за Македонија, а сега претпоставувам дека ќе ни следува и ново пишување на историјата?
Миноски: Па нема да ни следува, туку веќе е во тек, процесот се одвива. Прво, чудна и специфична е нашата историја, нашето минато. Ние секогаш двојно го плаќаме она што го имаме или треба да го имаме. Секогаш, ако сме направиле чекор напред, правиме два назад, за да почнеме пак каде што сме биле. Мора да сфатат таканаречените политички лидери дека нема ништо позначајно од националните државни интереси, од државата, и дека таа може да функционира без секого. За мене е несфатлива ситуацијата оние што ја водеа државата во 2001 година кога не сметаа за потребно да излезат пред народот и да кажат дека станува збор за опстојувањето на државата, а ние историчарите оти ги следиме случувањата во континуитет, знаеме дека дури и владетелите кои доаѓале од други народи, кои владеат со друга земја, знаеле да излезат пред народот во клучниот момент. Кај нас тоа не се случи. И затоа, должност на нашите државници е да излезат пред народот. Тоа не е државна тајна и не смее да биде ако имаме чисти сметки. Да кажат што се случи, и зошто сега се случува тоа што се случува, зошто и по Рамковниот договор и уставните измени Албанците не се интегрираа во државата и не работат на стабилизирање на државата, туку само на инфилтрирање. Нациите не само што нема да се трансформираат туку допрва ќе добиваат ренесанса. Има доволно процеси во ЕУ, и во Германија, и во Франција, па нека биде добар пример и Швајцарија која воведе три поколенија за добивање државјанство, што е апсурд кај нас некој и да помисли. Затоа кај нас настана колонизација. А проблемите во Македонија не произлегоа од староседелците Албанци туку се импортирани од Косово и од Албанија. Тие се носителите на албанската државна програма и на ова што се случува.
|
Pjotr |
quote: Некаде на третото заседание на АСНОМ, при трансформирањето од Собрание во Народно собрание и прогласувањето на Народна Република Македонија и формирањето на првата влада на Лазар Колишевски, практично беше извршен еден тивок државен удар. Затоа што веќе таа влада презеде редица мерки за да се ослободи од национално-граѓанската политичка струја, која беше дури квалификувана и како антипартиска, и се изврши целосна партизација на државата и во таа смисла и функционираше. Понатаму, македонската држава беше целосно подредена на сојузното, и беше најревносен спроведувач на југословенската политика. Кај нас и во цела Југославија се наметна идејата за југословенска нација, па најмногу во Босна и во Македонија имаше такви кои се декларираа Југословени. И, за жал, и во научните кругови се проби тоа, па имаше некои застапници и на билингвистичка нација, српскохрватскиот и македонскиот јазик да бидат дигнати на степен на мајчин. Меѓутоа, да речеме, за среќа, така како што беше конципирана и како функционираше Југославија не можеше да се одржи, па со распаѓањето на федерацијата, пропадна и оваа апсурдна идеја за југословенска нација.
Зоран Димитровски
Како е поразена македонската десница
Во социјализмот во Македонија нема дисидентско движење, а прогонот на т.н. граѓанска десница е флоскула за пресметка на неистомислениците во редовите на единствената партија
Една политичка константа е присутна во современото македонско политичко и револуционерно движење последниве 100 години. Од формирањето на историското ВМРО на крајот на 19 век, па се до последната поделба на ВМРО-ДПМНЕ на три-четири партии во 2004 г., македонската десница е постојано на столбот на историскиот срам, дисквалификувана како антинародна и антинационална, набедена за предавничка, антидржавна, антимакедонска, шиканирана како неевропска, недемократска, регресивна, антицивилизациска.
Вродениот идеолошко-политички пораз на македонската десница почива на оригинерната сатанизација на ВМРО-вскиот врховизам како наци-шовинистички интерес на бугарската кауза во првите години по основањето на револуционерната македонска организација. Таа линија се влече историски по Првата и меѓу двете светски војни и особено се засилува по победата на ком-партиската револуција и формирањето на АСНОМ-ска Македонија. Во тој период насилно е делегитимирано се што потсетува на карактерот на изворната македонска десница, христијанството, конзервативизмот, приватната сопственост, националниот романтизам и борбата за национална држава, како наследство од ВМРО. Во социјализмот во Македонија нема дисидентско движење, а прогонот на т.н. граѓанска десница е флоскула за пресметка на неистомислениците во редовите на единствената партија.
Плурализмот создаде само формални услови за политичка рехабилитација на ВМРО. ВМРО-ДПМНЕ беше формирана делумно врз матрицата на егејската епопеја, деформирана идеолошко-комунистички, но сепак национал-романтичарска и делумно врз антиалбанскиот сентимент, што од почеток е изворна реакција на стравот од албански експанзионизам поради случувањата на Косово од Милошевиќевата антибирократска револуција. Така, ВМРО-ДПМНЕ во почетокот не е и не можеше да биде типична демохристијанска десница, туку пролетерско-антиалбанска, рурално-социјалистичка мешавина на десни и леви агенди, еден вид народњачка партија, движење на македонскиот народен антикомунистички "мејнстрим", но во суштина болшевичко, популистичко, социјалистичко, кое почива на наследството на полувековната доминација на комунистичката левица. Во 90-тите години од минатиот век во ВМРО постојано се инфилтрира удбашки човечки и политички материјал за да ја легитимира единствено како ксенофобна и националистичка, нешто што е повеќе карактеристично за националсоцијалистичката левица во целиот поствоен развој на Македонија, под влијание на србо-комунистичката чизма.
Таа идеолошко-политичка матрица на левиот, ком-партиски, пролетерски, антиглобалистички, антиалбански и сл. ангажман се обиде да ја пресече Љубчо Георгиевски и ДПА по 1998, но беше спречен со вооружен преврат, со контраразузнавачко-милитаристички пуч на истата онаа левица - од типот на повоените Боро & Рамиз (Али & Бранко) кои од прагматски, дневно-политички причини и соображенија прифатија дел од агендата на десницата во земјите на Источна Европа во транзиција како што е НАТО-интегрирањето и американизмот.
Така, она што изворно инклинира кон десница, демохристијанство, конзервативизам, вредности на семејството и економски либерализам, владејачката левица, заради шминкање на својот образ пред светот, го затру со лев, револуционерен, анархистички, антидемократски, антиамерикански и антиевропски отров.
Проблемот е во тоа што во експерименталните разузнавачки лаборатории на македонската ком-партиска левица, успеа десницата, односно ВМРО, поради своето политичко неискуство и дилетантизам, да ја затруе со инстант-ксенофобна, шовинистичка платформа. Нејзе како кукавичино јајце и е подметнат антиамериканизмот на левицата и во раце е е ставен факелот што ја запали амбасадата на САД во Скопје во 1999 година, за време на бомбардирањето на Србија од НАТО. Поттурена и е платформата на САНУ и газиместанската реторика. Така таа треба да потсетува на суратот на најозлогласениот хашки затвореник.
Таа софистицирана операција на "државотворците" изминативе 15 години го заокружува историскиот пораз на десницата во Македонија барем за догледно време.
(Авторот е новинар)
© 2001 Дневник, сите права задржани
|