трендафил |
quote: Протести поради апсењето на бандата на Јакупи
Макфакс
27.12.2004
Околу 400 студенти на непризнаениот Медицински факултет во Тетово започнаа денеска протести поради апсењето на двајца нивни колеги, членови на бандата на Лирим Јакупи кои полицијата ги приведе доцна во петокот во акција што беше спроведена во еден стан во Тетово.
Групата претпладнето го започна својот протестен марш низ улиците на Тетово, упатувајќи се кон монополот.
Студентите извикуваат пароли против управата на Тетовскиот универзитет и бараат и ослободување на уапсените Фљорим С. (20) и Ваљон А.(20), обајцата од Витина, Косово.
Протестот минува мирно, со засилено полициско обезбедување и присуство на посматрачи на мисијата „Проксима“ и ОБСЕ.
Поради протестот, во прекин е сообраќајот на приодот кон Тетово од делот на клучката на автопатот од Скопје.
Двајцата студенти на нелегализираниот медицински факултет беа во групата на Лирим Јакупи, познат како „Нацист“, која доцна во петокот се судри со полицијата. Во акцијата за апсење на групата квалификувана како криминална, еден цивил загина, а еден полицаец беше сериозно повреден.
Против Фљорим С. и Ваљон.А, се поднесени кривични пријави поради напад на овластено службено лице и незаконско поседување оружје.
www.a1.com.mk/vesti/vest.asp?vestID=41129
Обично во светот (за Европа и да не зборуваме) се демонстрира против тероризмот. Само нашите соживотни (луѓе со кои сме во соживот) албанците демонстрираат во знак на негова подршка. Чудно. Странци што наводно студираат на нелегален факултет протестираат. (Зошто не си отворат нелегален факултет на Косово). Ниту протестот не им е пријавен во полицијата. Мисли ли македонската власт да ги протера сите странци што учествуваат на нелегални протести, ако веќе не ги протерува тие што отвараат нелегални факултети? |