Studenti go blokirat patot Tetovo - Skopje
Studenti go blokirat patot Tetovo - Skopje
dejan СТУДЕНТИ ДЕНЕСКА ЌЕ ГО БЛОКИРААТ ПАТОТ ТЕТОВО-СКОПЈЕ Жив ѕид против убиството на Дермаку Студентите на непризнаениот медицински факултет од Тетово ќе протестираат и поради притворањето на двајца свои колеги Студентите на непризнаениот медицински факултет во Тетово денеска напладне ќе го блокираат автопатот Тетово-Скопје во знак на протест поради убиството на својот колега Лиридон Дермаку во петочната престрелка во Тетово. Тие ќе протестираат и поради притворањето на двајца студенти, кои полицијата ги уапси во петокот во Тетово. Студентите тврдат дека нивните тројца колеги не биле членови на вооружените групи во Кондово, туку студенти. Тие за утре најавија нови протести. - Се уште не сме се договориле што ќе правиме. Но, бидете сигурни дека ќе преземе порадикални мерки. Утре ќе има нови блокади, а дополнително ќе се договориме каде ќе протестираме - се заканија студентите. Денешната блокада на автопатот ќе трае од половина до еден час. Студентите од медицинскиот факултет ќе бараат и оставки од министерот за образование Азис Положани, од ректорот на Тетовскиот универзитет, Неџбедин Беадини и од претседателот на Сенатот, Лутфи Истрефи, бидејќи биле неспособни да го решат нивниот статус. Најавите за студентскиот протест уследија по петочната акција во Тетово, кога во престрелката со македонската полиција бил тешко ранет Лирим Јакупи-Нацист. Полицијата на УНМИК го уапси Јакупи завчера во Приштина. МВР вчера информираше дека во престрелката Тетово бил убиен Лиридон Дермаку (21) од Косовска Каменица и дека се уапсени Фљорим С. (20) и Ваљон А. (20) и двајцата од Витина, против кои се поднесени кривични пријави за напад врз овластено службено лице и за незаконско поседување оружје. Полицијата потврди дека сите тројца се студенти на Тетовскиот универзитет. По првите наоди на полицијата и извршениот тест со парафинска ракавица, било утврдено дека убиениот Дермаку пукал од огнено оружје. Според МВР, престрелката почнала кога групата која се криела во стан на улицата Илинденска во Тетово, отворила оган врз полицијата од рачен ракетен фрлач и од автоматско оружје. При тоа еден полицаец бил ранет во слабината и во ногата. Полицајците возвратиле на нападот. Во престрелката Дермаку бил убиен, а Јакупи, кој бил ранет, успеал да избега. По престрелката биле уапсени студентите Фљорим С. и Ваљон А. При претрес на станот полицијата пронашла рачен фрлач на гранати од типот МГЛ-(хрватски страјкер), од кој биле испукани 6 гранати кон полицијата, а уште толку биле неупотребени. Во станот бил пронајден еден калашников и полуавтоматски пиштол "токарев-ТТ" 7,62мм, два тактички елека, од кои во едниот имало 270 куршуми за автоматска пушка, а во вториот 200 куршуми за автоматска пушка, 30 куршуми за карабин и нож за поставување минско-експлозивни средства. Според полицијата, балистичкото вештачење на пиштолот "токаров ТТ" покажало дека од него е пукано во полициската патрола на 15 септември годинава, кога тројца полицајци беа ранети во скопската населба Шуто Оризари. За уапсениот Лирим Јакупи, роден во Бујановац, Србија има распишано потерници за повеќе кривични дела, меѓу кои за убиство и за тероризам. Јакупи, за време на вооружените судири во Јужна Србија од крајот на 2000 година, бил прв помошник на тогашниот командант на вооружените единици на локалните албанци, Шефкет Муслиу. Тој е осомничен и за убиство на агентот на тајната српска полиција, Селвер Фазлиу. По апсењето на Муслиу, Јакупи заминал во Швајцарија, но потоа се вратил на Косово, од каде што повремено се префрлал и во Македонија. Тој со својата група неколку месеци престојувал и во скопското село Кондово.
Strelec На оваа тема веќе има отворено топик [url="http://forums.vmacedonia.com/topic.asp?TOPIC_ID=7946"]ОВДЕ[/url]!