Politikata na albancite i fudbalot |
SLaCk |
ФФМ коорганизатор на меч во чест на ОНА
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) е соучесник во организацијата на вчерашниот хуманитарен натпревар за паднатите борци и инвалидите на ОНА од војната во 2001 година. ОФС Тетово од ФФМ во четвртокот побара и доби дозвола за организација на овој меч пред чиј почеток не беше истакнато ниту македонско знаме, а не беше интонирана ниту македонската химна, како што предвидуваат правилата.
На зелениот терен силите ги одмерија младата селекција на Албанија за играчи до 21 година и „репрезентацијата на Полог“. Делегат на средбата беше дисциплинскиот комесар во Федерацијата, Зејди Салиу, а главен судија на натпреварот беше македонскиот интернационалец со знак на ФИФА, Беким Баута.
Според дисциплинскиот правилник на ФФМ, организаторот и делегатот на мечот, како и тој што ќе суди на меѓународен натпревар на кој нема да има истакнато македонско знаме и интонирана македонска химна, ќе бидат суспендирани и казнети со привремена забрана за вршење секаква функција во фудбалот. Бидејќи натпреварот беше организиран од ОФС Тетово, која е членка на ФФМ, сите учесници подлежат на овие санкции.
Како што беше соопштено од водителот на забавниот дел пред натпреварот, парите од продадените влезници од овој меч ќе бидат наменети за семејствата на починатите борци и за инвалидите од војната во 2001 година. На трибините беа истакнати транспаренти со натпис „Фатмир Лика со тебе сме“ и „Баци со тебе сме“ (Изаир Самиу н.з.). На натпреварот беа присутни претседателите на албанската и на косовската фудбалска федерација.
„Време“ во средата објави дека на повидок е организација на див натпревар. По ова, ФФМ едвај успеа да го убеди организаторот мечот регуларно да биде пријавен, за да нема санкции спрема учесниците.
A mozevme da vidime i golemo zname na koe pishuvashe na albanski - BALISTI navivaci na Shkendija i kratenka na Shtuloviot Univerzitet na istoto zname.Mislam stvarno sramota i za FFM i za Makedonija da se dozvoli vakov natprevar.
|
Thief |
Најверојатно се интонирала шпанската химна и се веело шпанското знаме... игравме нерешено со нив! Значи, се слагам дека требало да има мак. знаме и химна, но поентата ми беше дека не е непознаница провинција или регион да игра маѓинароден натпревар. Дури и ФФМ го дозволува тоа, но да се почитуваат правилата, а тие велат дека „репрезентацијата на Полог“ е дел од Македонија и треба да настапи под тие обележја. |
Strelec |
quote: Originally posted by Thief
...но поентата ми беше дека не е непознаница провинција или регион да игра маѓинароден натпревар...
Бобан, изгледа дека не ги разбра останатите. Многу често се случува репрезентација на некој регион или провинција да игра меѓународен натпревар (Каталонија, Баскија, Корзика, Сао Паоло итн.), но не се случува на пример репрезентацијата на Каталонија да биде составена само од Каталонци, туку од клубови што егзистираат на територијата на Каталонија!
Во таа насока обиди се да сватиш што сакаше да каже Slack!
|
Thief |
Многупати до сега екипата на Тетово била во мешан состав... А, не сум сигурен со каков состав биле екипите, се сеќаам дека ЕТА праќаше писма со закани на оние Баскијци, кои играат во шпанската репрезентација.
Но, да не дискутираме бесполезно: јасна била причината за овој меч, јасно беше зошто ОФС Тетово беше користен како параван и јасна е провокацијата во крајна линија со непочитувањето на Федерациојата и државните симболи.
Се` ќе беше во ред, доколку знамето беше истакнато и химната интонирана... Се` ќе беше во ред формално... па, дури и спортски! |
DJ_SHEMA |
reprezentacijata na polog. trgna rabotava. |
BorisVM |
Jas ne znam shto ova ve iznenaduva. Vo Makedonija vazhat DVA Zakoni:
1. Eden za Makedoncite (trajte dodeka ve guraat od svoja drzhava)
2. Eden za Albancite (pravime shto sakame i nikoj nishto ne ni mozhe na nashiot pat kon Golema Albanija)
|
Thief |
Репрезентација на фудбалски регион не е ништо лошо, имало такви случаи повеќепати - во чест на младинскиот репрезентативец на Македонија кој го загуби животот трагично, Пинго, на пример, играше екипата на Тетово, составена и од Македонци... Има е репрезентации на Ацтурија, Каталонија... тука е проблемот што под патронат на ФФМ требаше да се одигра овој натревар, а тогаш се интерпретира државна химна и се истакнува државно знаме! Зашто, „репрезентацијата на Полог“ е репрезентација на фудбалски регион во Македонија за кој одговара ФФМ...
Интересно, но исправно: судиската тројка на чело со Беким Баута одбила да суди, зашто не биле испочитувани правилата - обележја на државата од која потекнува фудбалскиот регион Полог и неговиот избран состав! |
dejan |
nie ke se bunime tuka, a oni se smeet na nas. |
SLaCk |
Thief vistina e deka ima takvi reprezentacii no ne sum slusnal za reprezentacija na Baskija sostavena od Baskijci da igra megunaroden natprevar. |
f9 |
Не знам од каде и како но овој Крадец,не убедува дека белото е црно,и црното е бело.Па не сме глупави до толку.Тоа нема врска со фудбал,ниту со спорт.И што сега,да бараме влакно а да не ја гледаме фортомата околу вратот што некој твој идоли ни ја редат...Кога една политичка платформа е штетна таа се менува,тоа партијата СДСМ не е способна да го направи.Крахира и во политичката и во мегунационалната и во економската свера и во безбедносната.И сето тоа не заради Македонскиот народ кој слепо или не ја следеше оваа програма туку заради кариеризмот во СДСМ,Албанскиот национализам,непочитување на правната држава од страна на властА,ослабување на безбедносниот систем и да не редам,ке се уморам. |
Belomorec |
Aha Albancite iako go potpisaa Ramkovniot dgovor povtorno pormoviraat golemoalbanski idei.
Uste kolku dokazi ni treba ?
Ke pocneme li so sustinata da se zanimavame.
|
OooOo |
quote: Originally posted by SLaCk
Thief vistina e deka ima takvi reprezentacii no ne sum slusnal za reprezentacija na Baskija sostavena od Baskijci da igra megunaroden natprevar.
Ova ti e losh primer i ne gi vrti rabotite na taa strana. Situacijata kaj nas e druga, najdi poubav primer. |
DonVito |
I sepak tie sto trcat za golema albanija se ljuge od KOSOVO a ne od makedonija . Posto od makedonija albanski politicari se 3 ili 4 a vo kosovo se site . Mene mi e super vo macedonia , a tie so sakata golema albanija slobodno neka odat vo albanija . |
SLaCk |
OooOo vo pravo si.Vakov fenomen ima samo kaj nas,kaj nas se sozdavaat precedentite. |
OooOo |
Tuka se soglasuvam :) |
Thief |
не е точно! Македонија играше пред некоја година МЕЃУНАРОДЕН натпревар (Фифа го регистираше) со репрезентацијата на шпанската провинција Астурија (мислам, можеби и беше некоја друга провинција шпанска...). |
OooOo |
Neka e taka. Kako i da se vikala taa provincija ne e vazhno. Kazhi pod koe zname nastapuvala? Koja himna se intonirala, koe zname se veelo i daj detali od taa uktamica. |
SLaCk |
Dobro ako veke tolku sakame da razglabame za Shpanija...:))katalonija asturija i drugite sto igraat megunarodni natprevari od vreme na vreme porano bile feudalni drzavicki odnosno podocna regioni znaci se raboti za regioni so politicka istorija a Polog niti nekogas bil region niti drzava niti ne znam sto (sto ne znaci deka nema da bide vo idnina!?) vo sekoj slucaj prasanje za toa dali voopsto treba da ima ili da nema takvi reprezentacii na regioni(iako regioni vo Makedonija istoriski nikogas ne postoele) treba da se debatira za toa a ne da zakazes natprevar pa vo 5 do 12 da baras nekakva si dozvola od FFM za na kraj da pogazis se sto si kazal. |
Strelec |
quote: Originally posted by SLaCk
...porano bile feudalni drzavicki odnosno podocna regioni znaci se raboti za regioni so politicka istorija a Polog niti nekogas bil region...
So ova ne se soglasuvam... Pravilata bi trebalo da bidat identicni za site, bez ogled dali vo istorijata nekogas bile regioni ili ne. Inaku izleguva deka e vo red da ima reprezentacija na 'Krusevskata Republika'!?:)
|
трендафил |
На секого, вклучувајќи го и раководството на фудбалскиот сојуз на Македонија би требало да му биде јасно која е целта на ваков натпревар. Само што очигледно кај нас многумина се прават луди, па тоа веќе им е влезено во навика до тој степен што човек не знае дали се прават или тоа се навистина.
|