f9 |
НАЦИОНАЛЕН СОВЕТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СРБИЈА И ЦРНА ГОРА
ЗА НАЦИОНАЛЕН СИМБОЛ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СРБИЈА И ЦРНА ГОРА Е УТВРДЕНО МАКЕДОНСКОТО ШЕСНАЕСЕТ-ЗРАЧНО СОНЦЕ
Грбот на Македонците во Србија и Црна Гора
29 декември 2004 година, Белград, Србија и Црна Гора - Положбата и правата на националните малцинства во Србија и Црна Гора е утврдена во Законот за заштита на правата и слободите на националните малцинства донесен од Сојузното собрание на (СРЈ) Србија и Црна Гора (“Службен лист на СРЈ” број 11/2002). Со овој Закон е утврдено правото на самоуправа на националните малцинства со цел чување, унапредување и заштита на националните, етничките верските, јазичните и културните посебности на припадниците на националните малцинства и остварувањето на нивните права. Секое национално малцинство во Србија и Црна Гора за остварување на овие права на самоуправа може да формира Национален совет (како своевиден Парламент или Влада на националното малцинство во Србија и Црна Гора) кој се избира на електорско собрание. Во согласност со членот 16 од Законот за заштита на правата и слободите на националните малцинства секое национално малцинство во Србија и Црна Гора има право на избор и употреба на национални симболи и знамиња што ги утврдува Националниот совет на тоа национално малцинство. Националниот совет на Македонците во Србија и Црна Гора избран на 11 декември 1004 година на својата конститутивна седница одржана на 26 декември 2004 година во Панчево, за симбол на Македонците во Србија и Црна Гора го утврди македонското шеснаесет-зрачно златно-жолто сонце на црвена основа.
Националниот совет утврди грб и знаме на Македонците во Србија и Црна Гора. Грбот претставува кружен штит во чија што средина се наоѓа македонското шеснаесет-зрачно златно-жолто сонце на црвена основа, а знамето на Македонците во Србија и Црна Гора е црвено поле во чијашто средина се наоѓа македонското шеснаесет-зрачно златно-жолто сонце. Односот на должината на сонцето и широчината на знамето изнесува четири спрема пет, а односот на широчината и должината на знамето изнесува еден сперма два.
Македонското шеснаесет-зрачно златно-жолто сонце за симбол на Македонците досега е утврден во Заедницата на Македонците во Албанија, во Заедницата на Македонците во Бугарија и од Светскиот македонски конгрес за семакедонски национален симбол што го употребуваат Македонците во целиот свет.
http://www.smk.org.mk/./index.asp?content=vest&id=705&vlang=mk |