трендафил |
Ниту до сега пасошите не беа напишани на македонски (бидејќи беа на латиница). Ниту нивната намена не е за податоците да ги чита имателот на пасошот, туку за тоа да го прават овластените органи на граничните премини или други органи во странство. Затоа се напишани на еден од признатите светски јазици, пред се` на англиски. Исто како што знамето не е етнички, туку државен симбол, пасошот не е личен документ. Негов сопственик е државата, а имателот е само негов корисник. Државата во секое време може да го одземе под услови предвидени со закон. Некористењето на македонско знаме, како и барањето во пасошот податоците да бидат напишани на албански (да повторам, во услови кога податоците на македонците не се напишани на македонски, односно со кирилично писмо), веројатно се или со цел да се покаже дека имателите на такви пасоши се нешто посебно, не интегрален дел од македонската нација (државјаните на Македонија) или со цел да се понижи мнозинството. Дали македонците во власта тоа го прават од незнаење или од некоја друга причина. Како може моите податоци да не бидат напишани на македонски, а на малцинствата да бидат напишани на нивниот мајчин јазик, а тој што го направил тоа да го сметам за човек со нормален разум.
Кога сме кај пасошите, иако не сум љубител на актуелниот грб на Македонија, затоа што имаме свој историјски грб, а нашата држава во Прохор Пчински не е родена туку возобновена, сепак ме радува ставањето на грбот на новите пасоши. Не сум видел пасош од друга земја, на која не е ставен симболот на неговите корици.
Дали со новите пасоши ќе патуваме без виза и во напливот од земји што не признаа со уставното име откако тоа го стори САД. Фасциниран сум и од нивното значење во светски размери, односно од големиот успех на македонската дипломатија. Изгледа сум необразуван доволно, па за некои од нив не сум слушнал, но ќе побарам подетален атлас за да ги најдам каде се. Еве го целиот список: Науру, Бинин, Микронезија, Буркина Фасо и Зелоно`ртски острови. |