ozonce |
bugarski dijalekt, spored francuskata encikolopedia Jazicite na choveshtvoto. Denes stanuvam i chitam vesnik Vreme. I shto da vidam, ovaa encikolopedia go prezivea vtoroto izdanie, a nashite institucii ni so prst da mrdnat za da go promenat toa "makedonskiot jazik dijalekt vo bugarskiot jazik". Bidejki nashite se takvi, predlagam nekoj od dechkite koi ubavo pishuvaat za vistinstaka iztorija i jazik na Makedonija da mu ispratime protesno pismo do avtorot na ovaa enciklopedia.
Izvor:
За француските јазичари македонскиот јазик е бугарски дијалект
Енциклопедијата „Јазиците на човештвото“, која неодамна ја објави престижниот париски издавач „Робер Лафон“, македонскиот јазик го споменува како дијалект на бугарскиот јазик, пренесува најновиот број на месечникот на книжевните преведувачи на Македонија „Огледало“. Француското издание е презентација на околу 3.000 јазици што се зборуваат во светот. Во делот каде што се споменува македонскиот јазик, авторот Мишел Малерб нагласува дека македонскиот е „дијалектна форма на бугарскиот јазик“. Ваквата определба на македонскиот јазик „Огледало“ ја оценува како своевидна француска атака за која, сепак, вината не лежи само кај авторот на публикацијата.
Првото издание на енциклопедијата е објавено во 1983 година и веројатно и таму е присутна истата формулација, а бидејќи на неа не реагирала ниту една одговорна институција од Македонија, по инерција авторот Малерб го дефинира македонскиот јазик исто како и во претходното издание на „Јазиците на човештвото“ - како бугарски.
Македонската национална библиотека, пишува „Огледало“, е должна да го збогатува својот книжевен фонд со вакви капитални енциклопедии, исто како и Македонската академија на науките и уметностите. Но, ниту тие, ниту Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, ниту Семинарот за македонски јазик, литература и култура не реагирале на грешката првиот пат.
„Огледало“ упатува апел до овие институции да се обратат кај францускиот издавач за грешката да не се повтори и третпат. Ниедна од овие институции, меѓутоа, не е запознаена со овој случај.
- Тоа не е причина сево ова да помине глуво. На крајот на краиштата, Французите немаат никаков интерес да го дијалектизираат македонскиот јазик - велат од Редакцијата на „Огледало“.
|