Пратениците и менувањето на партиите |
трендафил |
Уставниот суд, по повеќе од две години од поднесувањето на претставката, ја донесе одлуката дека пратениците можат да ги менуваат партијските бои. Одлуката е неспорна, бидејќи ако Уставот вели дека се неотповикливи, со закон не може да се брише Уставот. Спорно е зошто тоа се случи токму сега, кога СДСМ виде дека неговите пратеници се монолитни без разлика на глупостите што треба да ги изгласаат (разум даваат - партија не даваат), а дека тоа не е случај кај опозицијата. За жал, за Уставниот суд многумина сметаат дека беше поквалитетен и понезависен од власта кога СДСМ беше СКМ и беше единствена партија во државата. |
f9 |
Mислам затоа што политичарите си го кројат законот како што нив им треба.Според светските искуства Пропорционалниот изборен систем мора да има неменување на партиски бои.Во таков систем партиите ги делегираат пратениците.Во Мнозинскиот изборен систем лицето пратеник е неотповикливо и независно од политичките партии.Во мешовитиот систем се оделуваат оние избрани по пропорционален од оние избрани по мнозински во нивниот статус.Лично сум за мнозинскиот систем,пред се затоа што е полиберален и не опфаќа колективен ум под присила на мнозинство.Кај нас таквиот мнозински систем не се разви пред се заради непостоечката децентрализација со која ќе беа одавна прецизирани директните интереси на граганите,заради лидерскиот менталитет на народот кој побрзо би ценел врз база на познавање на еден лидер,отколку на квалитетите на индивидуалец-кандидат за пратеник,како и заради партиските манипулации,дисциплирања и контроли на пратениците. |
трендафил |
Воопшто не коментирав кое решение е подобро. Веројатно Уставот е предвиден за мнозинскиот систем и затоа предвидува неотповикување на пратениците. Но законот МОРА да биде во согласност со Уставот, па ако некој сака да направи измена, мора да оди по ред.
Проблемот по мене е од формална природа. Потполно е се`едно во случајов дали пратениците од ВМРО-НП (или НП за љубителите на неспомнување на ВМРО) ќе чекаат следни избори за да пристапат на новата партија, а формално ќе останат во ВМРО-ДПМНЕ (или ДПМНЕ за пред се симпатизерите на власта). Во двата случаја тие исто ќе се однесуваат, исто ќе дебатираат и гласаат. Разликата е само во тоа што до сега немаа своја канцеларија во собранието ниту координатор.
Интересно е тоа што се спомнува поткуп на пратеници за нивно преаѓање во друга партија. Не знам за партиите, но за мене како гласач ова мислење е навредливо. Воопшто не мислам да гласам за поткуплив пратеник.
Сакам да поставам едно прашање до сите на форумов. Зошто најпопуларниот во моментов македонски политичар, Никола Груевски, ги избрка од партијата поради фракционерство Марјан Ѓорчев и Доста Димовска, а не го исклучува од членство Љупчо Георгиевски и сите останати што членуваат и во ВМРО-НП (или НП за симпатизерите на власта), односно се повеќе од фракционери. |