OooOo |
ФУДБАЛСКО-ЦРКОВНА ДИПЛОМАТИЈА
Македонските и српските попови ќе играат фудбал
Екипата "Чесни оци" од Скопската епархија по Водици ќе одигра пријателски натпревар со колегите од Врање
Фудбалскиот тим "Чесни оци", во кој играат свештениците од Скопската епархија на МПЦ, кон крајот на јануари ќе одигра натпревар со екипата на попови од Врањската епархија на СПЦ, дознава "Дневник". Натпреварот е од пријателски карактер, а ќе се одигра во Врање веднаш по прославувањето на празникот Водици.
Прота Стојан Пајковски од скопската црква "Свети Димитрија" вчера потврди дека нивната свештеничка фудбалска екипа добила покана за натпревар.
- Поканата ја прифативме и сега чекаме да поминат празниците, па да го одиграме натпреварот. Тоа е добар начин на другарување и воспоставување нови пријателства. Не само што ќе играме фудбал туку и ќе зборуваме на многу други теми, па и за теологија. Преку спортот и најтврдите луѓе омекнуваат - вели прота Пајковски.
Тој најавува дека свештениците на Врањската епархија на СПЦ ќе бидат поканети на возвратен натпревар во Скопје.
Фудбалскиот клуб "Чесни оци" постои од 1972 година и во него рекреативно членуваат свештеници од Скопската епархија. Клубот често учествува на турнири во мал фудбал во Македонија. (Б.Ѓ.)
Svestenici igraju fudbal
Fudbalski tim svestenika Makedonske pravoslavne crkve odigrace mec sa ekipom svestenika Srpske pravoslavne crkve. Kako pise skopski "Dnevnik", fudbalski tim "Casni oci", u kojem igraju svestenici Skopske eparhije MPC, krajem januara odigrace utakmicu sa ekipom svestenika iz Vranjske eparhije SPC. Utakmica ce biti igrana u Vranju, odmah po praznovanju crkvenog praznika Vodice. Prota Stojan Pajkovski iz skopske crkve Sveti Dimitrije potvrdio je listu da je stigla pozivnica za utakmicu. "Ponudu smo prihvatili, cekamo da produ praznici, pa da odigramo utakmicu. To je dobar nacin za druzenje i uspostavljanje novih prijateljstava. Ne samo sto cemo igrati fudbal, vec cemo razgovarati i o mnogim drugim temama, pa i o teologiji. Preko sporta i najtvrdi ljudi omeksaju", rekao je on. Fudbalski klub "Casni oci" postoji od 1972. i cesto ucestvuje na turnirima u malom fudbalu u Makedoniji. (Srna) |