Заскитан куршум ја уби Наташа
Заскитан куршум ја уби Наташа
OooOo Ova e tragedija za koja shto nekoj treba DEBELO da odgovara! Заскитан куршум ја уби Наташа Кметовска за новогодишната прослава 19-годишната Наташа Кметовска од скопско побожје денес е погребана, била ранета од заскитан куршум од калашњиков, кој ја погодил за време на новогодишната прослава на скопскиот плоштад. Причината за смртта е откриена дури по обдукцијата, но на нејзините роднини се уште никој не им ја соопштил вистината. Не добиле ниту отпусна листа само ливче од погребалното на институтот за судска медицина. На роднините уште потешко им паѓа тоа е што Наташа веднаш по ранувањето била однесена во клиничкиот центар, но за 48 часа колку што била на торакална хирургија ниту било откриено што и е ниту пак била соодветно лекувана. Сите им велеле дека е рана од петарда, дури и на мајката која бдеела покрај својата ќерка. „Во 1.15 и се слоши и дадов вода, одеднаш почна да повраќа крв низ уста, јас отидов некого да повикам немаше никој. Еден родител чие дете беше болно во истата соба ми даде повеќе помош отколку лекарите. Рекоа дека ќе ја симнат долу на втори спрат. Таа ми умре во раце“, рече Славица Кметовска мајка на Наташа. На торакална хирургија каде девојката била лекувана велат дека се обиделе да и помогнат и дека никој не очекувал дека таква наивна рана може да заврши кобно. „Направени се некои конзилиарни прегледи и не е констатирано дека постои некаква сериозна повреда. Критичниот момент состојбата на девојката нагло се влошува, таа е симната во одделот за интензивна нега и после тоа настанува смртта. За да не шпекулираме нема да дадеме никаква изјава за тоа што е причината за смртта затоа што го немаме обдукциониот наод“, вели д-р Зоран Спировски. Наташа Кметовска е ранета 10-тина минути по полноќ на скопскиот плоштад, осетила болка и жешко во градите и почнало да и тече крв. Веднаш била однесена во болница на торакална хирургија. За разлика од лекарите роднините на Наташа велат дека никој не ги гледал во болницата. „Таа велеше дека ја боли кичмата, зошто тие не и ја прегледаа кичмата“, вели Жаклина Комненовиќ другарка на Наташа. „Докторот си замина кога му заврши смената, и порачал да ја контролираат на пола саат, а тие не ја видоа 5 саати“, вели Игор Комненовиќ момче на починатата Наташа. „Ќе однесеш животно кај лекарите во автокоманда, а овде никој не сака ни човек да прегледа“, вели Љупчо Кметовски роднина. Во МВР велат дека заедно со истражен судија го истражуваат случајот, лекарското однесување. Во тек е и балистичко вештачење од каде е испукан куршумот како се движел и како завршил на плоштадот каде меѓу 50-те илјади гледачи ја погодил Наташа Кметовска.
Bicho Na kolku dolni granki e padnato nasheto zdravstvo... Nemam komentar. Za zhal Makedonija stanuva zemja na bezzakonie i lugjeto kje pochnat da ja zemaat pravdata vo svoi race. Vekje i na vrapcite im e jasno deka sudstvoto e najkorumpiraniot segment vo drzhavava i zatoa i se sluchi toa shto se sluchi so Verushevski junior. Maliot izgleda naleta na nekoj po-fraer od nego i ja nae.. Koj mozhe da predvidi shto kje se slucuva vo idnina i dali lugjeto nema sami da im "presuduvaat" na lekarite za nivnata negrizha, osobeno vo vakvi sluchai na ochigledna negrizha i lefternost.
wolf_pack kakva bezbednost imashe na ploshtadot i kako e dozvoleno da se puka? Nova godina le e bilo ili sho?? Koi se bile dezhurni vo bolnicata, ich ne gi zhalam i ako gi osudat na besenje. SRAM!!!
concrete Od ovde doznavam za ova!!! Ako se bilo taka , a veruvam deka bilo, ova e veke katastrofa. Ako nekomu ne mu e platata dovolna , si odi od tamu, ne moze da bide polovina ili , cetvrtina lekar. Toa e smrtonosnata bolka na Makedonija : totalno propaganje na bilo kakvi cuvstvo na profesionalnost i covecnost kaj site. Tragicnosta samo se gleda sogolena kaj lekarite i slicnite profesii,sekade ja ima. Onoj tatko koj treba da se grizi za bezbednosta na drzavata ima sin javna opasnost. Ne go osuduvam za sinot, sekoj e svoj na krajot, ama toj e prviot sto treba da go odnese vo najdlabokata "cuza" za takvi delikventi, a ne da go vadi bez trunka sram. Socuvstvo na familijata na devojceto i na site drugi bespomosni tamu.
OooOo За 2 дена ќе се знае кој е виновен за смртта на Наташа Стручен тим од лекари од клиничкиот центар во наредните два дена треба да утврди која е причината за смртта на деветнасет годишната Наташа Кметовска, изјави денеска за А1 министерот за здравство Владо Димов. „Не би сакал да го преудицираме случајот, кажав дека во многу нешта е специфичен и со цел јавноста да биде целосно информирана и со цел да се има комплетна слика формирана е комисија која ќе изврши увид во комплетната документација и ќе излезе пред јавноста со комплетен извештај да се намали бројот на можните шпекулации“, вели Владо Димов министер за здравство. Според информациите на А1 обдукцијата покажала дека по ударот во градниот кош куршумот поминал низ дијафрагмата, јетрата и завршил во дебелото црево. Биле направени две ренген снимки на градите на кои не се гледал метален предмет. Но девојката за цело време се жалела на болки во стомакот и кичмата. Дури утредента на први јануари бил повикан абдоменалниот хирург Владо Јаневски кој не поставил индикации за операција ниту пак била направена ренген снимка на стомакот. На втори јануари на полноќ здравствената состојбата и се влошила и по два часа Наташа починала на одделот за интензивна нега. За лекарите кои ја примија девојката веднаш по повредата ова беше безопасна рана. „Таа има раничка, која е влезна, но нема излезна рана. Не виделе никаков удар, затоа и ја задржавме за да не се работи за внатрешно крварење бидејќи може да биде дел од петарда која на ренгентската снимка ја нема како метал, а може да биде и остар предмет, нож и слично“, вели д-р Јордан Савески. Дали лекарската грешка или негрижа однесе уште еден млад живот. Кој е виновен за смртта на Кметовска допрва ќе утврдува специјална комисија. Дежурните лекари од торокална хирургија денеска беа распрашувани и од полициски инспектори кој треба исто така треба да состават извештај за случајот.
bettychuby Katastrofa. Sto se odnesuva do mene, neka gi izbrkaat site do eden doktori. Eden od niv na vesti go gledav na Kanal5 davase izjava i se tresese kako da go ima udreno struja. Zosto bese tolku isplasen ako se bilo vo red?!
Pana Da gi izbrkaat?Abe toa e nagrada za niv,samo da gi izbrkaat.Treba da legnat edno deset godini vo Idrizovo ako se krivi. Cekam da vidam sto ke kaze izvestajot sto go najavuvaat pa posle ke se proiznesam poopsirno.
Divider Go operirale majmunot na Verusevski dodeka umirala natasa, ili se lazam. Vo sekoj slucaj, tragedija koja morase da se izbegne. na plostad, velat, imalo kup policija, brza pomos, pozarnikari, vo bolnica kup doktori. Koj kolku bil nalean i pijan e gooolemo prasanje, osobeno sto: se dozvolilo pukanje na plostad, ne se reagiralo vednas, koga bila donesena vo bolnica doktorite ne intervenirale kako sto treba, potoa, koga trebalo da se spasi veke zagubenoto, povtorno potkleknale, za kutroto devojce da pocine! Pak ke rece strelec deka preteruvam, ama za vakov neprofesionalizam site involvirani treba da odrobijaat ili da bidat beseni na plostad na istat bina kade sto peel Bregovic, a Natasa dosla da se obide da go slusne. Ne mozam, a i ne sakam da si zamislam kako im e na tie roditeli. Znam samo deka jas, ne dajboze, bi gi ubil pod itno! Bez zrazmiluvanje!!
f9 A што барал Калашников на плоштад?,чисто онака информативно.Мислам се крева прашина зошто некој не реагирал откога некој пукал,а не се прашува кој и како и зошто и колку време држел на нишан 50 000 луге? Колку што ми е јасно таа била погодена од височина,од некоја зграда и не ми е јасно како тоа полицијата изјави дека е залутан куршум. Пишуваше на куршумот дека бил залутан?обдукцијата покажала дека по ударот во градниот кош куршумот поминал низ дијафрагмата, јетрата и завршил во дебелото црево. Биле направени две ренген снимки на градите на кои не се гледал метален предмет.И што се очекува повеќе од доктор за настинка?Експертиза на необични рани од боево оружје и тоа тешки за откривање.Викнале хирург и тој не нашол ништо,така на брзина си поставил дијагноза петарда.На кој би му паднало на крај памет да предвиди куршуми од калашников,или тероризам на нова година. Проблемот не е во докторите колку што е во калашниковите кој се оружје со единствено убиствена намена а најмногу во скапаната главучина на мизерниот стрелец-убиец.
concrete
quote:
Originally posted by f9
A што барал Калашников на плоштад?,чисто онака информативно.Мислам се крева прашина зошто некој не реагирал откога некој пукал,а не се прашува кој и како и зошто и колку време држел на нишан 50 000 луге? Колку што ми е јасно таа била погодена од височина,од некоја зграда и не ми е јасно како тоа полицијата изјави дека е залутан куршум. Пишуваше на куршумот дека бил залутан?обдукцијата покажала дека по ударот во градниот кош куршумот поминал низ дијафрагмата, јетрата и завршил во дебелото црево. Биле направени две ренген снимки на градите на кои не се гледал метален предмет.И што се очекува повеќе од доктор за настинка?Експертиза на необични рани од боево оружје и тоа тешки за откривање.Викнале хирург и тој не нашол ништо,така на брзина си поставил дијагноза петарда.На кој би му паднало на крај памет да предвиди куршуми од калашников,или тероризам на нова година. Проблемот не е во докторите колку што е во калашниковите кој се оружје со единствено убиствена намена а најмногу во скапаната главучина на мизерниот стрелец-убиец.
Kalasnikovot ne e kriv direktno, ne bil na plostadot sigurno. Vo Makedonija gi ima nebroeno.Kursumot e od istrel vo vozduh,na paganje go pogodil devojceto.Zatoa nema izlezna rana. Ako se saka moze da se odredi od kade e ispukan.Ako se zapne , moze i da se najde koj pukal, ama toa nema da se sluci.Nikoj nema da odgovara i se ke se podvede pod nesreken sklop na okolnosti. Konkretnata nesreka na zrtvata e neprofesionalnosta na doktorot, sto ne mora da znaci nisto, mozebi bil stazant,na koj vo zemja kade ima najmnogu kalasnikovi po glava na zitel nikoj ne mu pokazal kako izgleda vlezna rana od kursum. Mozebi kvazi strucnjak kojsamo nisa vrata-zema plata i sonuva za kariera vo Kanada ili Nov Ziland ??? Generalno Makedonija si ima hronicno rasturena sostojba vo zdravstvoto i vo sistemot voopsto, toj vsusnost ne e ni sistem veke, poveke nekoj vid na labavo kontroliran haos t.e.primer na moderniot amerikanski pristap kon problemot na upravuvanje so protektoratite.
Divider Problemot lezi vo nesposobnosta na vlasta, i onie koi glumat opozicija vo nesakanjeto da se fatat konecno vo kostec so problemite vo drzavata i da gi razresat. Nemanjeto volja za toa. Zatvoranjeto oci pred takvite i slicni situacii. Pred Kondova, pred kalasnikovi na plostad za nova godina, pred razgrabuvanje na drzavata itn. Aj da ne me stavat na pauza, da ne recam kako bi go resil jas seto toa, ama mislam deka ke najdam mnogu istomislenici. Veke odamna e vreme da zapocnat promeni, vistinski, vo partiite, vo politikata, vo vodenjeto na drzavata za da ne se slucuvaat slicni nesta. Potrebno e nova, sveza krv da ja vodi drzavata. Licnosti koi nema da se iskorumpiraat bidejki premnogu se cesni i ja sakaat drzavata/tatkovinata! Ima takvi. Treba da se ubedat deka e high time da se prezeme nesto. Senkjo! Vote for Divider!! Divider for president!!
OooOo Клиничкиот центар формирал конзилијарен тим за смртта на Кметовска Клиничкиот центар во Скопје денеска соопшти дека формирал конзилијарен тим што ќе ги испита причините за смртта на 19-годишната Наташа Кметовска од Скопје. Кметовска беше повредена во текот на новогодишната ноќ, 15 минути по полноќ, на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Таа се пожалила на болка во пределот на градниот кош, по што со возило на итната помош била пренесена и задржана во Ургентниот центар. Два дена подоцна нејзината состојба се влоши и таа почина, по што телото беше предадено на обдукција. Во македонските медиуми се проширија разни шпекулации за причината за смртта на девојката, поради што конзилијарниот тим ќе има задача да ја прегледа целата медицинска документација, да ги испита сите релевантни факти и хронологијата на настанот. Тимот на Клиничкиот центар што ќе работи на случајот го сочинуваат професорите Илија Тодоров, Зоран Спировски, Александар Караѓозов, Кирил Лозанче и Трајанка Трајковска.
wolf_pack
quote:
Originally posted by concrete
Kursumot e od istrel vo vozduh,na paganje go pogodil devojceto.Zatoa nema izlezna rana.
Ke mozhesh li malku poveke da ja objasnesh ovaa fizika? Da ne mislish od vozduh (nekade od povisoko)?
Pana
quote:
што барал Калашников на плоштад
Kakov kalasnikov be ,sto zboris.Kade vide ti kalasnikov ili nekoj spomna. Zalno e koga nekoj saka da razgoruva niski strasti za vakov slucaj.
concrete
quote:
Originally posted by wolf_pack
quote:
Originally posted by concrete
Kursumot e od istrel vo vozduh,na paganje go pogodil devojceto.Zatoa nema izlezna rana.
Ke mozhesh li malku poveke da ja objasnesh ovaa fizika? Da ne mislish od vozduh (nekade od povisoko)?
Balistika , momce balistika!!! Od stranata na koja bilo zvrteno devojceto i agolot na vleznata rana se izvlekuva traektorija na zrnoto.Ako bila zavrtena prema binata uste polesno.Na osnova na traektorijata odreduvas zona od kade e pukano. E posle bavno i detalno raspituvanje. Nekoj go cul istrelot, nekoj go videl i na kraj nekoj znae koj pukal bas vo toa vreme. Posle puskata i zrnoto itn.itn. tie sto treba si ja znaat rabotata, nema potreba jas od ovde da gi ucam. Da bese od visoko, toa e relativno blisku,zgrada , kale ??? , devojceto nemalo pancir kolku znam, kursumot od kalasnikov i bi izlegol (osven , ako ne prosol niz nekoja prepreka:granka???) Aj da ne izigruvame detektivi!!!!
Divider Vo sekoj slucaj tragicen nastan koj ne smeese da se sluci. Concrete e prav, ako se ima volja ke se najde storitelot koj mora da odgovara, zaedno so doktorite koi ne vodele profesionalna griza!