Skitian |
Три возможни модели за иднината на Р Македониjа
Д-р Александар ЛЕПАВЦОВ /*
По распадот на Отоманската империjа, судбината на населението во Македониjа го решавале големите сили и окупационите сили наместени од нив, со неколкуте договори од минатиот век.
Со роспадот на СФРJ на Балканот се оформи нов геополитички состав, со нови политички структури создадени од повекепартиската парламентарна демократиjа. Сите новосоздадени политички елити скоро наеднаш почнаа да бараат помош од Америка, НАТО, ЕУ, занемаруваjки ги сопствените политички капацитети имаjки го предвид правилото дека судбината на балканските држави jа решавале големите сили како историски аксиом. Ова требаше да биде и во случаjот со Македониjа како специфична геополитичка региjа на Балканот. Парадокс беше тоа, што токму големите сили jа воспеваа “оазата на мирот”, а од внатрешната наjброjна политичка елита и “еквидистанцата” како стратегиска политика! Но мирот во оазата пропадна како и глупавата еквидистанца. На што човек може да помисли за краткотраjниот егзодус на косовските Албанци во Македониjа или на македонските Албанци во Косово през воените деjствиjа во 2001 г., кое на краjот резултираше пак со намесата на големите сили низ “Охридскиот договор”. Коj беше интересот да сесрдно и преку мерка се поддражува едно мало етничко малцинство во една мала држава? Чиj е тоj интерес? На Америка, на Европската заедница ли на кого и зошто? Та Албанците во Македониjа и кога беше во составот на СФРJ ги имаа своите права повеке отколку во матичната земjа, а камо ли после 1991 г.
Со поjавата и развоjот на парламентарната демократиjа jасно беше дека тие права евулативно ке се развиваат према европските правни стандарди и без “Договорот”, многу побрзо од државите соседи на Р Македониjа. Ако “Охридскиот договор” треба да преставува урнек за решаванье на сите етнички конфликти на Блаканот и пошироко, та Македониjа како наjмала со трпелив народ треба да биде еталон, тогаш да чекаме и да го видиме резултатот за односите на малцинските права во Романиjа, Унгариjа, Хрватска, Србиjа, Грциjа, Босна, Р.Српска, Бугариjа, Турциjа, Молдова, Словакиjа, итн., тогаш многу треба да се изначекаме, а резултатот ке е секако неизвесен. Творците на евентуалниот таков заговор /можеби од добри побуди/ треба да размислат, дали тие и други ненаведени држави ке прифатат решениjа како или слични на “Охридскиот договор”, иако тоj има доста добри поставки како основните принципи дека: насилството не може да биде инструмент за политички цели, дека нема териториjални решениjа за етничките прашаныа /тоа што сега се прави од Владата со општините/, дека мултиетничкиот карактер треба да се сочува и постоjано развива согласно мегународните стандарди, дека развоjот на локалната самоуправа е од суштинско значение за демократскиот живот на сите граѓани. Но останува неизвестно како другите држави ке се согласат со решениjата во врска со член 3, коj предвидува радикални решениjа за промена на Уставите, наметнуванье на рокови за тоа, кои ке бидат границите на етничките права т.е., зголемените надлежности и финансираньето, како ке биде и до кои компетенции учеството на мегународната заедница-дали тоа воопшто ке го има каj оние држави што се веке во НАТО и се аспиранти за влез во ЕУ /дали ке им се мафта пред носот дека треба да го сторат тоа или она за да влезат во ЕУ /или НАТО, што е чиста уцена врз мнозинството во случаjот со Република Македониjа/. Или дали ке усвоjат некаков принцип како во т. 4 /недискриминациjа и правична застапеност/ при вработуванье во jавната администрациjа или Jавните претприjатиjа со турбо “квалификовани” кадри, со што всушност се газат основните демократски права на економски и културен развоj на граѓанското општество /Анекс Ц/ или ке се дозволи примена на малцинска “формула” за составот на Уставниот суд /т. 4.3./ и понатаму точките 5, 6, 7, 8 и 9 од договорот, онака како тие се дефинирани во Охрид. Мислам дека за тоа нема никакви шанси и дека тоj договор не може да биде никаков еталон за примена во ниедна европска држава па била таа од неjзиниот источен дел. Тогаш се поставува прашаньето ако е така, ако тоа не може да биди натурено дури и на Косово кои ке се потписниците? Тогаш, каква е логиката тоа да биде прифатено од македонскиот народ?
Оттука, “Договорот” станува подлога за идна експлозиjа. Сега да се навратме на сушитината на насловот на оваа статиjа.
МОДЕЛ ПРВИ
Дали соседните држави имаат интерес за распад и поделба на Република Македониjа?
РЕПУБЛИКА СРБИJА
Со последните избори за претстедател на Република Србиjа, српскиот народ покажа дека се уште е длабоко подвоен по прашаньето на патиштата и начинот на развоjот на демократиjата. Нема шанси Србиjа да остане и опстане во еден затворен, национал-шовинистички простор и неугледуваjки се на напорите на соседните држави за влез во НАТО и ЕУ.
Во моjата статиjа “Македониjа jаболкото на раздорот во рацете на Европа” обjавено во месечникот на НАТО “Ле Монд Атлантик” /февруари 1995 година во Брисел, од каде цитирам: “Гледам на Балканот како на трагичен и вечен театар, каде примитивните политики се водат од страна на суетни и неморални лидери кои раководат со политички наивни народи. Вечните тензии постоjано се подкреваат со невозможните соништа за териториjални аспирации на секоj спрема секого, како да освоjуваньето на територии може да ги реши сите проблеми на освоjувачот?” Во истата статиjа jа цитирав познатата српска политичарка м-р Латинка Перовиќ: “Jас не гледам причина зошто Србиjа не би jа признала Македониjа со коjа Србиjа нема несогласуванье, освен,се разбира доколку Србиjа нема за цел понатамошна експанзиjа кон jуг, а оттука и понатамошни компликации на ситуациjата на Балканот”. Овие зборови на српската политичарка беа кажани тогаш кога “Вождот” -Слободан Милошевик побара поделба на Македониjа со Грциjа, коjа се откажа од тоа /па сега ли ке поддражува една таква позициjа?/ Србиjа превосходно е ориентирана на проблемот Косово. Во политичките модели за иднината на Косово при кое за неа е важно, каква добивка може реално да добие. И тука решението ке биде тешко, временски пролонгирано и не ке може да се реши онака како што упорно бара косовското раководство со прогласуванье на Косовска Република како етнички чист простор. Проблемите на Република Србиjа се комплицираат со нерешените односи со Република Хрватска предизвикани од воjната, слично е со Република Босна, Република Српска, Република Црна Гора е посебен проблем поради jаките тенденции за осамостоjуванье. Потоа проблемите со малцинските права во самата Србиjа. Како да се изгради правната држава и соодветно што да се превземе во врска со влегуваыето во НАТО и ЕУ? А тоа се превосходно и проблемите во врска со приватизациjата, стандардот и сигурноста на граѓаните.
Заклучок: Република Србиjа /и ЦГ/ немаат интерес да проjавуваат тенденции за дестабилизациjа на Република Македониjа, бидеjки сериозно треба да се насочат кон решаваньето на особено тешки внатрешни проблеми и без користенье на застарените модели со одвлекуваньето на вниманието на српскиот граганин со аспирации кон Македониjа. Затоа, секое ангажиранье на српскиот клер и шовинистичкиот елемент, во ова време е штетно за самата Србиjа.
ГРЦИJА
Презадоволна од уграбената македонска териториjа, /житница, со големи водни ресурси/ по Балканските воjни, санкционирани со неколку договори по Првата и Втората светски воjни, Грциjа нема повеке интерес за териториjално прошируванье кое дури би било опасно поради превземаньето со териториjата, на чисто македонското население што на грчките национал-шовинисти им создава безумен страв кои трае веќе 90 години. Освен тоа, Република Грциjа е членка на НАТО и ЕУ и се повеке од овие структури се бара од државата да конечно докаже, дека jа спроведува демократиjата во доменот на малцинските права на граѓаните, што како процес врви многу бавно. Се работи за правата на грцките граѓани щто не се “Грци по род” а тоа се албанското, турското, македонското и бугарското малцинство. Големиот страв на “грците по род” /види го Уставот на Република Грциjа/ е наследство од нивните дедовци и татковци за геноцидот што го правеа 70 години врз недолжните луге од малцинствата, како политика од минатиот век. Но, сега, кога човековите и малцинските права се “модерен израз на човекольубието на големите сили” и кога Грциjа се опсипува од немерени пари од ЕУ, “немирното дете” треба да даде соодветен одговор на трезорите на членките на ЕУ.
Заклучок: Грциjа го губи своjот геополитички бонитет со новата геополитичка ситуациjа во Европа. Таа сака да го задржи своjот авторитет како лидер за промоциjа на европските стандарди кон сите балкански држави а посебно при арбитражата на евро-инвестициите од кое има и сака и понатаму да има соодветната корист. Како да балканските држави се недораснати за тоа /нажалост тоа добро им успева и благодареjки на мокните грчки лоби групи расположени насекаде но да видиме до кога/. Од сето горекажано следи дека за Грциjа, Република Македониjа во иднина и сега, ке претствавува пазар за грчките производи, инвестиции и реекспортирани евро-инвестиции под егидата на грците /за нив-екстра профити, за нас... што се за нас?/. На краjот, самата Грциjа /Владата/ изjави дека тие сакаат Реапублика Македониjа да биде стабилна. Мислам дека засега, можеме да им веруваме на грците. До кога, не е jасно.
БУГАРИJА
Бугариjа прва jа призна државата Република Македониjа и не само тоа, туку помогна да бидеме признаени под уставното име и од една голема сила - Русиjа. Од тогаш наваму, бугарската политика по однос на Република Македониjа е строго консеквентна и определена да и помога на младата држава. Колку да не им е приjатно на извесни структури како политички елити /тешко индоктринирани во однос на државата Бугариjа и неjзините граѓани/, не може да се одречат фактите за дипломатската помош пред мегународната jавност и каj важни политички структури како и конкретната материjална помош во разни прилики.
Игнорираньето на приjателските потези во континуитет беше и до сега е воочливо ако се прегледа печатот, што е краjно некултурно и простачки. Тоj анимозитет и од страна на македонските политички елити се и одраз на “македонските култур-трегери” кои удобно живееа пишуваjки “научни” студии, книги полни со омраза кон се што е бугарско. Како и да е бугарските влади и бугарскиот народ не влегуваат во тие мизерни стапици.
Заклучок: Република Македониjа jа има сета поддршка за своjот опстанок од братскиот народ и Владите на Република Бугариjа.
АЛБАНИJА
Односот на Република Албаниjа спрема Република Македониjа е доста сложен. На тоа влиjаат броjни политички и културни фактори од времето на Енвер Ходжа се до денеска. Сепак, работите еволуираат. Таа мала земjа, по падот на комунизмот, обjективно доживува тешки шовинистички трауми поттикнувани од косовските, македонските и албанците од диjаспората. Државата тешко се консолидира, егзодусот продолжува. Мафиjата се развива под командата на собраќата од Македониjа и Косово, каде се прави турбо интелегенциjа од турбо Универзитети кои ке jа превземат власта во државата Албаниjа бидеjки не ке може на друго место да биди “државотворна”. Албанците во Албаниjа се уште не се свесни на што се спремни оние од Македониjа и Косово. Се прашал ли некоj, од каде се тие силни пари за изградените скоро луксузни куќи илjадници на броj, за само 15 или 17 години низ цела Западна Македониjа? Стотици джамии. Како тоа да не е случаj со Источна Македониjа? Барем третина од тоа. Од каде таков капитал во поликвалификувани или неквалификувани луге? Се разбира дека се знае како се прават големи пари брзо и без пот. Тоа е срам за албанската нациjа. Тоа и станува jасно и на албанската интелегенциjа во самата Албаниjа, коjа иста како и сите останати држави на Балканот, сака да стане полноправен член на европската заедница. Споредуваjки ги впечатлениjата од моите посети во таа земjа во 1991 година, и 2001 година напредокот е фасцинантен. Таа држава има капацитет за развоj но секако тоа многу би се забавило со “Голема Албаниjа” во коjа би дошло можеби до граганска воjна подбуцната од воинствените косовски и македонски албанци во борбата за власт.
Заклучок: Државата Албаниjа и покраj големите тешкотии, ориентирана е кон ЕУ, НАТО кое бара консолидациjа, правна држава како елемент за економски развоj итн., и како екстра баранье од ЕУ, почитуванье на малцинските права на грчко-власите, македонците и другите малцинства, што треба релано не само декларативно да се инсталира во просторот. Значи престои многу работа и секако дека Албаниjа нема практичен интерес за дестабилизациjата на Република Македониа. Од друга страна jа нема таа економска и воена моќ за тоа да си дозволи дури и да биде поткрепувана од некоjа сила. Зошто би си ставала здрава нога во трнье? Албанските политичари не се толку глупави да трчаат по химери.
Генерални заклучоци: Спрема горенаведениот Модел први, произлегува дека сигурноста и суверенитетот може да биде гарантиран на Република Македониа кога околите, гранични држави би биле во можност сами и во нивни интерес да jа водат сопствената политика на тиха интеграциjа на Jужниот Балкан како предпозициjа за утрешната интеграциjа во НАТО и Европската униа, уште повеке кога некоj од нив се веке членки на НАТО, членки на ЕУ или се во нивните предвориа.
МОДЕЛ ВТОРИ
Македониjа како неформален протекторат
Тоа што на Република Македониjа сега и се случува, де факто прилега на протекторат. Владата се однесува покорно кон “олеснувачите” дури и во деталите. Генерално, македонскиот дел од народот на Република Македониjа не е доволен од таквата политика. Последните случуваньа тоа го потврдуваат. Притисокот на престатвниците на меѓународните институции поприма некултурни, заплашителни форми кои не доликуваат на големи дипломати. Всушност се моделира една неjасна политика под маската на правата на албанците. Не се случаjни, подбуцнуваньата кои доведуваат до конфликтни положениjа сред македонскиот етнички електорат, во врска со решаваньето на броjни проблеми на младата држава на пример како: името на државата, знамето, грбот, неjасен суверенитет на голем дел од неа, воведуванье на паралелни етнички институции како Универзитети, расцепуванье на интегритетот на државата во секоjа прилика намерно, плански од албанските министри, покажуваjки невидено лицемерие, закани и уцени, мито и корупцjа заедно со коалиционите партнери. Не можам да бидам далеку од мислата дека албанската политичка мафиjа не ги “наградува” фините господа со “валутни” куферчиньа. Баснословните суми се делат спрема принципот “секоj има своjа цена” што е испробан принцип на мафиjата. А парите се крвави, од дрога, проституциjа, трговиjа со луге и се она против кое се борат чесните луге насекаде.
Заклучок: Нечесната политика према македонскиот етникум, кои е релативно високо интелегентен а спроведувана од овластени поединци на межународните институции, лошо се одразува врз симпатиите кон Америка и ЕУ чии народи имаат симпатии кон Република Македониjа додека одредени кругови, кои знае зошто, на ваков начин го припремаат моделот трети. Ке успеат ли во тоа?
МОДЕЛ ТРЕТИ
Можна ли е или не поделбата на Македониjа?
А.: Поделбата е можна
Спроведуваньето на модел втори кое практично се веке одвива во Република Македониjа од воениот конфликт во 2001 година наваму, посебно со тоа дали таа беше фингирана /некоj сигурно го има одговорот/ за да доjде до Охридскиот договор, ако може да се нарече таков и покраj броjноста на потписниците и тие што стоеjа зад нив, како моќни ментори на големите сили, кои со невиден притисок и уцени ги принудиjа дел од протагонистите на потпис, но спрема основното правило во правото, за да биде еден договор валиден, потребно е двете страни ДОБРОВОЛНО без притисок тоа да го сторат-инаку договорот не е валиден. Понатаму, шовинистичката индоктринациjа има посебно влиjание врз младата популациjа на македонските Албанци гарантирана од возможностите да добиjат турбо образование а потоа да немаат соодветна работа, што наскоро тоj притисок во РМ ке достигне степен на експлозиjа. Дел од тие млади луге имаат веке одредено воено искуство а некои и окрвавени раце. Ако при тоа се повтори логистичката поддршка на местното население кое секогаш се одзива на племенските позиви било во Македониjа било во Косово па и она од Албаниjа, тогаш и со помош на одредена надворешна логистичка поддршка - потоа со скриеното оружjе /како традицjа каj албанците/ и валканите пари, jасно е и при раскарани до злоба македонски партии, што ке се случи. Ден потоа веке спремните соседи ке jа растргнат Република Македониjа, како, тоа никоj не знае. Но знам дека комшиите, членки на НАТО, нема да им дозволат на албанците да го откинат лавовскиот дел иако, големите сили ке сакаат да таквата хипотетична состоjба jа контролираат. Тоа нема да биде можно, согласно балканскиот менталитет. При тоа, опасноста од нови воjни на Балканот се сосема реални. Тогаш, коjа стратегиjа ке примени НАТО и ЕУ односно сегашните нивни протагонисти кои jа водат нивната политика /ке треба да го консултираат Нострадамус/. При таквата позициjа, дебелиот краj ке го извлече албанскиот народ и се разбира македонскиот.
Заклучок: Оваа сценарио-модел е можно но вероjатноста за сега е мала.
Б: Поделбата не е можна
Ако конфликтот /воjна не би можела да се нарече/ во 2001 не е бил фингиран туку спречен од мегународните сили, бидеjки беше jасно дека албанците ке доживееа страшен пораз, независно од каков и да е прилив на борци од Косово и нешто од Албаниjа. Тоа од причини што дотогаш слабата македонска армиjа и полициjа, во чекори се преструктуира, беше наоружана итно со одличните штурмови авиони “Сухоj” одличните за нашите прилики тенкови и друго вооружуванье /поклон од Република Бугариjа/ со кое младите воjници и резервисти ефикасно се снаjдоjа. Загубите на албанската страна, пропорционално беа поразителни и никогаш не беа обjавени. Сето тоа при обиди за дискоординациjа меѓу воените и полициските сили на РМ кое беше евидентно со познати командни протагонисти во служба на “олеснувачите”.
При метаморфоза на воениот конфликт во граганска воjна, вообичаено е да соседните држави не се мешаат. Во колку од протекторатот /кои официjално и припага на Србиjа/ се уфрлуваа паравоени формации низ “добро” чуваната граница од воените сили на “олеснувачите”, ке се заплеткаше воено-дипломатскиот театар и секакко ке настанеше ситуациjа да Владата повика воена помощ од Бугариjа и Србиjа /тогаш Бугариjа не беше членка на НАТО и сесрдно ке дадеше секаква помош, коjа можеше да се очекува и од Србиjа/ истовремено, со баранье кон СДСМ да делегира во широката коалициона тогашна Влада, министри согласно воената ситуациjа или Собранието ке формираше нова воена Влада. Присутниот странски воен персонал ке беше замолен да jа напушти териториjата на Македониjа коjа иако ФИРОМ, беше членка на Обединетите нации, формално самостоjна унитарна држава. Секако воената победа ке беше на страна на Македонците, ке настапеше тишина во мегуетничките односи но развоjот ке беше блокиран /како сега да имаме некаков развоj/ за долго време. Ова можно сценарио /поправо хипотетично/ можеше да биде причина за други токови на геополитички план за Бугариjа и Србиjа, секако различни од стратегиските интереси на “олеснувачите”.
Од друга страна, во сегашната положба Македониjа можеби има шанси за траjно решение, со ревизиjа на Рамковниот договор во оние параграфи каде практично се урива концептот на унитарната држава и се навредува сувереноста на државата и граѓаните на Република Македониjа. Но за тоа, потребна е да настапи нова политичка одлучна, елита, некорумпирана и на високо стручно ниво. Амбиент за ваква разврска веке спонтано почнува да се припрема. Многу е важно да броjната и способна интелегенциjа на СДСМ, поучена од расцепот на ВМРО-ДМПНЕ и последиците за таа партиjа, направи ревизиjа во своите врвови низ итна демократска процедура во консултациjа со членството. При тоа, стратегиските позиции треба да бидат зачувани и бескомпромисно бранети /правна унитарна држава, со jасни компетенции на локалните власти итн., да не се повтаруваме/. На нашите приjатели, поединечно на секоjа членка на ЕУ на членките на НАТО и ОН, Советот за безбедност, насекаде, да се обjасни дека демократиjата во Република Македониа е загрозена и од лични интереси на познати и актуелни политичари и нелогични коалиции и дека е тоа во интерес на стабилен Балкан, во интерес на ЕУ, САД, НАТО и сиот демократски свет. Македониjа или ке опстане како што таа сака или ке настане пожар на Балканот. Дали историjата ке се повтори? Во кое време живеем? Заклучок тука изгледа нема.
Охрид, 30 jули, 2004 година
---------------------------
/* Александър Лепавцов е бивш министър от първото правителство на самостоятелна Р Македония. Той е автор на няколко книги, свързани с проблемите на държавата и от икономически, и от политически, и от геополитически характер. Темата - за коридор № 8 е негова изстрадана тема, която той интерпретира и като инженер, и като политик. |