1 Fevruari - Brisel ke go bara Prasalnikot | |
dejan | izlgeda deka ne e ni zavrsen! После 1 февруари Брисел ќе ги бара одговорите од прашалникот Биљана Секуловска 06.01.2005 Радмила Шеќеринска, вице-премиерката за евро-интеграции, е на штрек. Таа после први февруари ќе чека во секој момент официјален Брисел да и ги побара одговорите од прашалникот. Но, разочарување претстои - во него нема да има одговори за законот за телекомуникации, затоа што тој не е донесен и монополот на Телеком останува реалност. Вината, според извори во Владата, се гледа во Агрон Буџаку, довчерашниот министер за транспорт, кој не го сработи законот, туку се бавеше со купопродажба на евтини парцели во строгиот центар на Скопје. Како што објави А1 минатата недела, Владата добила писмо од Брисел, во кое таа силно се критикува, затоа што таа не го почитуваше 1 јануари, како рок за законот за телекомуникации, што подразбира конкуренција во телефонскиот пазар. Ова беше и практично првиот удар до новиот премиер Бучковски, кој после овие критики од Брисел, побарал веднаш да се донесе законот. Времето го гази Бучковски и токму заради тоа, Шеќеринска ќе мора прашалникот да го прати со празен простор во тој дел. Освен тоа, она што станува проблематично се и другите прашања од Брисел. Што ќе одговори оваа Влада за економската состојба во земјава, која е поразителна, за судството, кое ги добива највисоките оценки за корумпираност, безбедносната состојба, која е кревка и тензична. Токму затоа, главоболките на Бучковски допрва претстојат. |
dejan | jas mislam site prasanja da se odgovorat, barem nesto da se napise, neka go gledat kako ispit, i mora nesto da se napise za sekoje prasanje. |
Divider | Prasalnikot ke bide dostaven na vreme. Potoa ke se razgleduva vo Brisel, ke treba da se dadat pojasnuvanja za nekoi prasanja, no, do kraj na 2005 ke bide gotova rabotata i ke se zdobieme so status na kandidat. Potoa, ke treba zabrzano da s eprilagoduva se spored EU pravilata i regulativite. Se razbira, ako nemame uste edno vostanie za covekovi prava!! |
concrete | Neznam, se mi se cini deka celata prikazna e maglovita i mnogu malku zavisi od bilo kakvi makedonski aktivnosti:prasalnici itn.itn. Se toa e sega za sega scenografija i zamajuvanje, kupuvanje vreme,ako se zemat vo obzir mnogu drugi indicii (dali e toj zbor??). Status na kandidat?? Sto toa ke znaci??? Sto ke se izmeni do 2010-2012??? Osven sto ke nema makedonski narod??? Koja bi bila logikata da rasturis nesto dovolno dobro ,(mu treba samo mala popravka da bide perfektno), na sostavni delovi za da potoa macno go sklopuvas i posle 30-40 godini dojdes na isto??? |
Divider | Se dodeka ima edne makedonec vo Makedonija, taa nema da zgasne, taka bilo i taka ke ostane. Nie (so zborovite na Petre M. Andreevski, sme kako pirejot, kos-treva, troskot, kini ja, korni ja, malku da potfati i ke potera) ke opstoime. Nitu prasalnik, nitu scenografija nema da go smeni toa kon koe se stremime, osven ako samite sopka ne si stavime. Evropa ne moze bez nas isto tolku kolku sto nie ne mozeme bez nea. I se e prasanje na politikata na Evropa, a EU seuste nema zaednicka nadvoresna politika, ima vnatresna, del od nea e da bide obedineta, vo edna zaednica, ne po sekoja cena, no da bide, zatoa treba vreme za usoglasuvanje... |
concrete | Ne rekov deka Makedonija kako poim nema da ja ima, kako i nekoj grst luge vo nea i po svetot koi koga ke gi prasaat sto se ke recat : makedonci !!! i ke se cuvstvuvaat takvi. Mojata Makedonija kaj ke bide???????????????????,za toa zboruvam. |
concrete | Da ne zaboravam , bas dobiv pred pet minuti eden mail....... od Makedonija: .....in Thessaloniki (Macedonia). The exact place is the hill over the Asvestohori village...... znaci onaa severno od Solun , a juzno od Gevgelija!!!!Vo sekoj slucaj ke ja ima.....Makedonija!!!! |
lav | Што тоа ние ќе им „одговориме„ на тие во Брисел , а кое тоа тие однапред не си го знаат?. Нема шанси ние да се „приближиме„ до нив , само оти ги имаме ХИЕНИТЕ во власта , но и по границите на државата. Запамете , дека ќе бидеме елегантно „прошетани„ со одговор дека има време и други дрн дрн дрн благоглаголиви европејски изрази. Нешто слично на донаторските конференции каде на Македонија и се ветуваа брда и долини а останаа во игра , разбира се , само долговите сторени во нивно т.е. европејско име...секао мислам и на трошоците до денешен ден неисплатени а сторени во бегалските кампови како во Блаце за пример. Кој прима копук држава , пардон мислам на нејзината економија. А економијата пак ја „води„ Владата. Секако дека „бојлерчето„ ви работи исправно , и дека ќе разберете што тоа Јас сум сакал овде да кажам - секако без да ИЗЛАЖАМ дека од секоја фамилија ќе вработам барем по еден невработен во меѓувреме. |
dejan | nemoj da se nadevas divider, da dobime status kandadit ovaa godina, jas toa go sakam, ama ne se nadevam. 'mojata Makedonija kaj ke bide?' vo tvoje srce concrete[:)] |
трендафил | Не мора сите прашања да се одговорат како завршена работа. Може да се напише и што ќе се стори во иднина, но со одредени рокови, а да се најде реално оправдување зошто тоа не е сторено до сега. Ние сме во ситуација кога чекаме Господ (ЕУ и САД) да направат исклучок за нас и да бидеме примени со протекција за НАТО и ЕУ. Но да не ни се случи како во вицот кога некој секој ден го молел Бога да му помогне да добие премија на Бинго, додека на Господ не му досадило и не му се јавил во сон со порака веќе еднаш да купи Бинго ливче. П.С.: Дали на Божикната литургија Батлер го менуваше Бранко кој не беше присутен, за разлика од минатата година, кога наводно не знаеше дека Трајковски ќе загине. |
dejan | dali nekoj znae ako treba site prasanja od prasalnikot da se odgovorat? |
трендафил | Да напишам и тука дека имам впечаток дека власта воопшто нема намера да станеме вистински кандидат за прием во ЕУ, туку само да се закачи на европската цицка. Што би добила власта со влезот во ЕУ? Ништо, напротив би морала да му ја врати власта на народот. Нечесно заработените пари не ќе смее ниту дома да ги брои, а не да ги троши. Ако власта сака да станеме членка на ЕУ, не ми е јасно зошто не ги направи барем оние работи за кои не требаат инвестиции. Да бидат чесни на пример. Да заклучам. Со евентуалниот влез во ЕУ добиваат граѓаните, а губи власта. Затоа што ќе треба да стане наш сервис, а не да владее со нас или обратно ние да и бидеме поданици. Но за жал, и ние граѓаните уште имаме поданички дух. Не сме спремни да ја превземеме одговорноста за својот живот, па го препуштаме на тие на власт. Полесно е да ги пцуеме нив, отколку себе самите. |
lav | Последната реченица ти е во ред односно „Полесно е да ги пцуеме нив, отколку себе самите„. Жив пример е и Референдумот каде само 450.000 се покажаа како Македонци. Но во секое зло има и добро , инаку како Америка ќе не признаеше под уставното име? Тоа дејание е како резултат од неуспешниот референдум , а не како некоја „политика„ која оваа килава Влада ја спроведува во континуитет последниве 50 години. |
Divider | Локалниве избори треба да бидат генерална проба за освестеноста на народот околу се она што му се случува нему и на државава, за потоа да се има целосен увид и да се врши притисок нештата да се променат од корен. да се престане со трендот на гласање ПРОТИВ туку гласање ЗА и да се постават на власт лица кои нема да продолжат со уништување на се она што е Македонија туку за нејзин подем. Инаку, како и досега, ќе се заебат и ќе го прогураат нашиот влез во ЕУ, и со самото тоа ќе станат излишни (мислам на овие, сите што владееја со Македонија досега), а новите ќе бидат сервис на граѓаните. |
dejan | ako vlasta nesakase makedonija da bide kandadit za vo EU, togas ne bi pobarale dokumenti za clenstvo... |
трендафил | quote:Мислам дека целта на власта е само да станеме кандидат за членство во ЕУ. Не и членка со сите права и обврски. Чуден е и односот на ЕУ кон нас. Точно е дека во некои земји сугерирале како да се гласа на некој референдум (но само на тие во врска со ЕУ, не и за локалните граници), но прв пат им е да сугерираат да се седи дома и да се гледа телевизија, наредба што мнозинството македонци ја испочитува мислејќи дека со гледање телевизија ќе го сврти часовникот напред. |
dejan | sepak, referendumot da ispadnese uspesen, albancite (pa tie vo kondovo i koj znae kade drugste) pak bi pocnale, pa mislam tie sto ne iskocile, se plasele ot vojna. aj nazat na topikot:) |
concrete | quote:E epten me utesi!!!!! Sepak ke porabotime da si bide kade i e pravoto mesto..... |
concrete | quote:Pred da bidat takvi izbrani treba da se kandidiraat. A celiot sistem e napraven taka da takvo nesto ne e mozno. |
Divider | Што ви кажав:Претседателот Бранко Црвенковски вчера Ј даде зелено светло на Владата да ги финализира одговорите на прашалникот од ЕУ за кои тој по функцијата дели со неа одредени овластувања.На средбата со претседателот присуствуваа премиерот Владо Бучковски, вицепремиерката Радмила Шекеринска и министрите Илинка Митрева и Јован Манасиевски, а епилогот беше повторената најава дека рокот што беше зацртан за завршување на прашалникот, т.е. крајот на јануари, ќе се почитува. Прашалникот треба да го предаде висок македонски функционер во Брисел во текот на февруари, но точниот датум сў уште не се знае, бидејќи термин треба да понуди Европската унија, која се очекува да ја претставува претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо. Според оцената на вицепремиерката Шекеринска, одговарањето на прашалникот може да се смета за завршено, иако во него фалат неколку закони што треба да бидат донесени до крајот на јануари, како и податоците за правичната застапеност кои ќе се ажурираат до последен момент. Станува збор за законите за заштита на сведоци и за заштита на лични податоци, законите против ограничување на конкуренцијата и за вработување и работа на странци, додека проблемот со отсуството на закон за телекомуникациите ќе биде решен со користење на предлог-текстот. "Немањето на ваков закон не е проблем сега, но ќе биде проблем ако не се донесе до добивањето на мислењето од ЕУ за прашалникотти, изјави Шеќеринска, според која неговото подготвување од Министерството за транспорт за врски било најавено за јануари минатата година, но дури сега, по цела една година, бил подготвен и поминал на седница на Влада. Дали одговорите на прашалникот ќе ги задоволат критериумите на Брисел и дали ќе Ј обезбедат позитивно мислење на Македонија откако тој биде доставен во ЕУ? Според Шеќеринска, оцената ќе зависи пред сў од исходот на локалните избори и од спроведувањето на децентрализацијата и правичната застапеност, нешта што главно спаѓаат во политичкиот дел на прашалникот. Откако ќе се достави прашалникот во Брисел, тој треба да биде објавен и во Македонија, така што тогаш ќе Ј стане јасно на јавноста дали аргументите на Владата се во согласност со очекувањата и барањата од Унијата. Деновиве Институтот за мир од САД објави симптоматично признание од Секторот за евроинтеграција дека прашалникот "Ј помогнал на Владата да сфати дека има непостојна аграрна политикааа”, односно дека има аграр, но не и политика.Такви откритија, веројатно, има и во другите поглавја во прашалникот на ЕУ со вкупно три илјади прашања, за кои чекаат одговор од Брисел. (С.Ј.) преземено од утрински весник |
Great_Macedonian | status kandidat mozeme da dobieme, no ako evropa ne e dokraj zadovolena, moze da go prolongira otpocnuvanje pregovori.. vo toj slucaj status kandidat nema mnogu da ni znaci. Turcija e kandidat od 1999 godina.. duri sega razmisluvaat da pocnat pregovori so nea. Hrvatska pocna so pregovori samo nekolku meseci odkako dobi status kandidat. Jas mislam deka sepak ke ni dadat status kandidat, ne zasto tolku sni naprednale, tuku povejke za da ne potiknat da rabotime.. zas ako ne odbijat, situacijata vo makedonija moze politicki da se vlosi. A koga ke pocnat pregovori za clenstvo?, e toa ke bide malku potesko da se kaze. |
трендафил | Не знам зошто правиме чуда од незначајни нешта. Не е важно кога ќе ја дадеш апликацијата, кога ќе ги добиеш прашањата, кога ќе ги предадеш одговорите. Важно е кога ќе се добие оценката. Дали сме положиле или не? За жал ние сме во ситуација како студент кој не учел доволно и на среќа очекува да положи. Но и тоа се случува. Ред е едднаш по серија малери - војната, 15 септември, изборот на државникот, референдумот... еднаш да имаме среќа. |
Divider | Ем е готов (како што реков), ем ќе биде предаден, ем набргу ќе се отворат преговори за здобивање статус на кандидат. "Македонија свечено ќе го врати пополнетиот Европрашалник на 14 февруари, во Брисел. Официјалната делегација ќе ја предводи претседателот на Владата, Владо Бучковски, придружуван од вицепремиерката Радмила Шеќеринска задолжена за евроинтеграциите и министерката за надворешни работи Илинка Митрева. Владини извори велат дека протоколарно, премиерот Бучковски ќе ги предаде одговорите на прашањата на претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо. Се најавува дека по предавањето на пополнетиот европрашалник, државниот врв ќе организира славје, слично како Хрватска која исто славеше кога го предаваше својот прашалник. Од Европската комисија во октомври лани добивме 1.922 прашања. Голем дел од нив имаа и потпрашања, дел беа набројувања, така што вкупната бројка беше околу 3.000 прашања. Прашањата ни ги донесе лично тогашниот претседател на Европската комисија Романо Проди. На одговарањето работеше безмалку целата државна администрација. По предавањето, различните директорати на Европската комисија ќе ги разгледуваат одговорите според области, и секој ќе даде свое мислење за подготвеноста на Македонија да ги задоволи критериумите за отпочнување преговори за идно членство. "Европската Унија не е уморена од проширување со нови земји. Веќе започнавме преговори со Хрватска, а подготвени сме од Европската комисија да добиеме зелено светло и за Македонија, иако тоа нема да се случи до јуни, до кога Луксембург е претседавач со Унијата, изјави неодамна Мартина Шомер, постојан претставник на Луксембург во ЕУ." преземено од Вест |
lav | quote:Во друг весник (Дневник) денес пишува дека не така брзо и лесно ќе се „прошверцуваме„ во ЕУ како земја кандидат , иако повеќемина од нас овде мислат така (правото на НАДЕЖ е неотуѓиво и НЕСПОРНО нели?). Читајте поопширно за тоа [url="http://int.dnevnik.com.mk/"]овде[/url] |
Divider | Лав, а бе ти да не те префатило од Конкрит што почна многу песимистички да гледаш на нештата? |
Divider | Think positive, плус сега како и обично, скептиците и оние на кои им е секогаш празна/полупразна чашата ќе почнат со нивното!! Да не читаш само негативни писанија, еве ти: ЕВРОПАРЛАМЕНТАРЕЦОТ ВОТСОН ВО СКОПЈЕ Европа не е комплетна без Македонија Либералдемократите во Европскиот парламент нема да прекинат да ја поддржуваат Македонија на патот кон ЕУ. Тие очекуваат помош од комесарот за проширување на Унијата, Оли Рен, како и од шестмина премиери на членки на ЕУ кои се членови на либерално-демократски партии, најави Греам Вотсон, лидер на Алијансата на либерал-демократите во Европскиот парламент (АЛДЕ). Тој рече оти очекува Европската комисија до крајот на годинава да даде позитивен одговор на апликацијата на Македонија за членство во Унијата. - Ги ценам вашите напори на патот кон ЕУ, а во таа насока ние ќе продолжиме со притисокот врз Европската комисија. Не сметам дека лобирам само за Македонија, туку за цела Европа. Таа нема да биде комплетна доколку во неа не влезат Македонија и другите земји од Западниот Балкан - изјави Вотсон по средбата со лидерот на ЛДП, Ристо Пенов, завчера на аеродромот "Скопје". По ултиматумот на грчкото лоби во Европскиот парламент, Европската комисија да не одлучува за кандидатурата на Македонија се додека не се заврши спорот со името, Вотсон им порача на Грците дека се малцинство и дека треба да го прифатат ставот на поразумните пратеници во врска со името на Македонија. Според него, "грчките пријатели во Европскиот парламент имаат проблеми со проширувањето на Унијата, а пречките се однесуваат на Северен Кипар и на Македонија". Вотсон е еден од најголемите лобисти за употреба на уставното име на Македонија и прв европарламентарец што при посетата на Македонија во 2003 година јавно се изјасни дека во Европарламентот ќе ја поддржи и конкретно ќе се ангажира за интеграција на Македонија во ЕУ. Алијансата на либерал-демократите на Европа, што ја предводи тој, пред неколку дена со амандман побара од Европарламентот да го признае уставното име на Република Македонија, според примерот на САД. од истиот извор |
concrete | Nemojte da bidete pesimisti, veke vi najaviv(NSA izvor), negde 2018 se ocekuva doaganje na pratenici na Galactickata Federacija i site sranja na nasava sina planeta stanuvaat neprijatni sekavanja za minatoto!!!! Koj ke se interesira togas za EU, trici i kucini!!!! |
lav | quote:Колега , ако пренесам нечија статија веднаш не значи дека и надежта ме напуштила. Но поважно е неговото ќе признаеш (на Европјанинот-де) мислење одколку мојата (нашата) искажана желба или надеж. пс Благодарам за грижата околу моето ментално здравје. Поздрав |
SLaCk | concrete za Klingoncite zboruvas?:))Q`apla!Se nadevam deka ovoj PetAq Buckovski nema da bide do togas na nekoja funkcija vo Makedonija inaku ke moram da go koristam mojot Bathlet. |
dejan | nemoj da se nadevate! ajde ako toj kazuva taka za Makedonija.....togas vo pravo treba da bide deka EU bese vo pravo deka referendumot nemase da uspee:p |
Strelec | quote:Во право си dejan!:) |
dejan | :p |
lav | quote:Секако дека Европа секојпат е во право , како сега , така и во минатото не така далечно наше , разбира се. За сите нејзини варијанти кои само нејзе и на МЗ им одговараат , тие си ги имаат на ланец „врзано„ газолижачиве овдешни , секојпат спремни за дејствија на само даден од нив ишарет (знак). пс Истото го гледавме и во Украина , мислам на нивната веќе инсталирана ИНТЕНДАНТУРА. ппс При толкава сиромаштија во земјата Украинска , си имаа и специјални шатори за идење понадвор на побунетите граѓани , кои некој им ги плаќаше , или нешто да не сум во некаква погрешка , а ???. Сега , ако не ви е јасно што тоа сакам да кажам ....па не сум Јас кривецот за тоа ...нели? |
трендафил | Не знам како тие што не водеа во комунизмот како светла иднина, сега ќе не водат во ЕУ и НАТО како светла иднина. Факт е дека ниту Хрватска ниту Македонија нема да станат членки на ЕУ пред да станат членки на НАТО, а во моментов ниту тоа не е сигурно. Во секој случај, повеќе би се радувал ако ние ги исполниме условите за прием, а да не бидеме примени (како Норвешка која не сака да стане членка со одлука на референдум на кој не се мешаа странци затоа што тоа е понижување и за народот и за актуелната власт, за разлика од нашите морони кои ги вртеа главите како што англискиот министер ги вртеше стрелките на часовникот пред нашиот референдум), отколку да бидеме примени. Дали се надеваме на прием со корупција, во ситуација кога со секој ден условите во државата се се` полоши? Никој не се радува кога ќе ги поредаде одговорите на писмена или испит, туку кога ќе ја добие оценката. Не велам дека ова што се прави е лошо. Само не гледам зошто му се дава толкаво значење. Дали затоа што власта нема со што друго да се пофали? |
lav | quote:Оваа Власт , за се друго освен поимот (имагинарен според мои гледања) НАТО и Прашалникот , НЕМА ИНТЕРЕС но и некаков КАПАЦИТЕТ за да ги разреши горливите и секидневни проблеми на граѓаните , а тие беа и сеуште се : РАБОТА , РАБОТА и САМО РАБОТА , разбира се пристојно платена. |
dejan | EU treba da ne primi kako kandadit......oni znaat naj ubavi sto sme prosle i sve sto zapadot (koj se niv i sad) ni napravil...... |