crkvi
crkvi
mikael Official Website of the Macedonian Orthodox Church, Ohrid Archbishopric http://www.mpc.org.mk Breglanichka Eparchy: http://www.mpc.bregalnicka-eparhija.org.mk/main.htm Poloshka-Kumanovska Eparchy: Tetovo: http://svetapetka.tripod.com/ American-Canadian Diocese: Saint Clement of Ohrid Cathedral in Toronto, Ontario, Canada http://www.stclementofohrid.com/ Saints Peter and Paul Cathedral in Crown Point, Indiana, USA http://www.svetipetaripavle.org/ Saints Kiril and Metodij Cathedral in Cedar Grove, New Jersey, USA http://www.macedonians-nj.org/ Saint George Church in Syracuse, New York, USA http://www.stgeorgemoc.org/ Saint Mary Cathedral in Sterling Heights, Michigan, USA http://www.stmarysdetroit.net/ Saint Ilija Church in Mississauga, Ontario, Canada http://www.svetiilijamississauga.com/ Saint Mary Church in Los Angeles, California, USA http://www.moc-stmary-la.org/ Saint Paraskeva Petka Church in Chicago, Illinois, USA http://www.svpetka.com/ Saint Archangel Michael Church in Phoenix, Arizona, USA http://www.moc-saint-archangel-michael-az.org/ Saint Nikola Church in Green, Ohio, USA http://www.macedonianorthodoxchurch.com/ Saints Kiril and Metodij Church in Hinsdale, Illinois, USA http://www.svkirilimetodij.com/ European Diocese: Official Website of the European Diocese: http://www.mpc-evropa.de/ Saints Kiril and Metodij Church in Paris, France http://www.ccoscm.4t.com/ Saint Naum of Ohrid Church in Triengen, Switzerland http://www.mpc-svetinaum.ch/ Saints Kiril and Metodij Church in Struttgart, Germany http://kickme.to/svkim Saints Kiril and Metodij Church in Dortmund, Germany http://www.mpc-dortmund.com/
Strelec Za linkovite od makedonskite mediumi, zabava za mladi itn. ima obezbedeno drug prostor na ovoj websajt: http://forums.vmacedonia.com/links.asp i od tie pricini istite gi izbrisav od ovde... no sekako deka tamu imase materijal koj sto kje ni bide dobredojden za update na goreposocenata stranica... Bidejki topikov e otvoren na forumot za 'Crkva i Religija', za linkovite sto se odnesuvaat na toa, mozam da recam samo edno golemo BRAVO!
silijeski Eve malku infomacija za manastirot Sv.Jovan Bigorski http://www.gostivar.com/bigorski/ Бигорски Манастирскиот комплекс Св. Јован Бигорски посветен на Св. Јован Крстител, се наоѓа на патот помеѓу Гостивар и Дебар во непосредна близина на селата Ростуше, Битуше, Велебрдо и Требишта, по течението на прекрасната Радика. Името Бигорски, го има добиено заради тоа што е изграден од бигор. Бигорскиот манастир го сочинуваат манастирската црква, костурницата, сместена до самата црква, сејменската одбрамбена кула, комплексот манастирски конаци, како и новоизградените гостински конаци. Според Бигорскиот поменик, манастирот го основал монахот Јован во 1020 година а во XVI век манастирот бил разурнат од Турците, и останала само една мала црква. Од помениците исто така се дознава за обновувањето на манастирот во 1743 година, од страна на јеромонахот Иларион кој е и првиот игумен на Бигорскиот манастир во поново време. Манастирот Св. Јован Бигорски надалеку е познат по својот иконостас. Него го правеле мајсторските раце на тајфата на Петре Филипов - Гарката од селото Гари. Петре Филипов - Гарката, братму Марко, Макрариј Фрчковски од Галичник и Аврам Дичов со синовите Васил и Филип од родот Филиповци од Осој, во периодот од 1829 до 1835 година успеале да создадат врвно уметничко копаничарско дело. Иконостасот е поделен во шест хоризонтални појаси. Првиот во основата е составен од правоаголни полиња на кои има орнаменти од флората и фауната. Вториот појас, во кој се поместени престолните икони, завршува со фигура на орел со раширени крилја. Третиот појас е поделен на три помали хоризонтални разделби во кои симетрично се распоредени ангели, гроздови, гранки од винова лоза и др. Над нив се наоѓаат два реда икони - празнични и со претстави на апостолите. Во централната партија се наоѓа големиот крст на којшто е претставено Христовото Распетие. На обете страни од крстот стојат фигури на змеј од чии усти се креваат иконите на Св. Јован и Св. Богородица. Покрај иконостасот, манастирот е познат и по иконата на Св. Јован Крстител за која се верува дека има чудотворна моќ. Според преданието иконата ја нашол монахот Јован во 1020 година. Таа сама дошла до местото каде што подоцна е изграден манастирот и лебдела над изворите на реката Радика. Кога во XVI век, во времето на султанот Селим втори Турците го запалиле манастирот иконата мистериозно исчезнала за потоа уште помистериозно да се врати неоштетена. Во манастирските списи запишано е дека иконата на свети Јован Крстител 35 години не била заштитена и дека дури во 1885 година иконата е обложена со сребрен оклоп. На иконата Јован Крстител е претставен како светец-трирачник. Се верува дека третата рака е благословувачка. Се верува и дека иконата им помага на родителите кои не можат да добијат деца. Во склоп на легендата е и приказнава: Бег од Албанија во 16 век дошол во манастирот на поклонение. Наредната година добил син и сиот свој имот му го подарил на „Свети Јован”. Тој ветил и дека ќе праќа маслиново масло во манастирот зашто такво масло се произведувало на неговиот имот. Луѓе велат дека денеска на имотот на бегот постои табла на која е испишано името на светецот. Убавината на манастирскиот комплекс ја надокнадуваат и старите конаци заедно со трпезаријата. Тие се изградени кон крајот на XVIII век и почетокот на XIX век. Големиот конак кој се состои од приземје и два ката, со пространи чардаци и голем број одаи, служел за живеење на калуѓерите. Некои од одаите украсени се со убаво обработени дрвени тавани и розети во резба. Повеќето од одаите биле опремени со вградени долапи, полици, комори, камини и сл. од кои голем број подоцна се заѕидани. Денес, монашкото братство на Бигорскиот манастир го сочинуваат четирите монаси и тројцата искушеници. Нивниот игумен и старец Архимандритот Партениј основите на својот монашки живот ги стекнал на Света Гора Атонска.