nelegalni studenti vo tetovo, nelegalni profesori | |
dejan | breeee, mora nekoja kontrola da se zeme na toj fakultet, nemoze sekoj da vleze tamu! Тетовските лекари преку ноќ станале професори по медицина Мери Јордановска Во Медицинскиот центар во Тетово нема ниту еден доктор на науки, а голем дел од вработените работеле како професори на незаконскиот медицински факултет, дознава „Време“. На нелегалниот факултет хирургија предавал началникот на хируршкото одделение во Тетово Џеладин Елези. Агим Рамадани, специјалист по судска медицина во Медицинскиот центар во Тетово, предавал патолошка анатомија, а педијатарот Насер Дурмиши бил асистент по хистологија. Ректорот на тетовскиот универзитет Неџбедин Беадини, пак, предавал биологија. Другите професори биле дојдени од Приштина и од Тирана. За нив никој не знае да објасни што предавале и какво образование завршиле. Од МВР објаснуваат дека во случајов нема основа за кривични пријави, но дека тетовскиот медицински центар треба да поведе дисциплински постапки против лекарите што нелегално предавале на факултетот. Предавачите на незаконскиот медицински факултет ја прескокнале процедурата што трае околу 15 години за да се стане универзитетски професор. - Прво треба да се специјализира, па да се распише конкурс за помлад асистент. Потоа, со магистратурата се станува асистент. Откако ќе се одбрани докторат се добива звање доцент. Потоа се потребни 4 години за да се стане вонреден професор, па уште 4 години за да се стане редовен професор на факултет – објаснуваат на Медицинскиот факултет во Скопје. Началникот на хируршкото одделение Елези вели дека тој работел како асистент на медицинскиот факултет во Тетово и за тоа ги исполнувал сите услови. - Имам магистрирано и работев како асистент на медицинскиот факултет. Ги исполнував сите услови за да го работам тоа. Сите професори што предаваа на факултетот беа реномирани доктори од Албанија – вели Елези. Професори од Клинички центар во Скопје велат дека во Медицинскиот центар во Тетово има неколку нивни колеги што работат на своите магистратури, но тие се уште се далеку за да предаваат на факултет. - Тие асистенти и професори треба да ја сносат одговорноста што воопшто предавале на незаконски факултет по медицина. Едно е да лекуваш, друго е да едуцираш кадри – коментираат професорите. Од скопскиот универзитет велат дека ќе ги проверуваат имињата на професорите што предавале на незаконскиот медицински факултет, а потоа ќе почнат да ги признаваат испитите што таму ги полагале студентите. - Листата на професори се уште не ни е доставена. Тетовскиот универзитет треба да ни го даде наставниот план, па дури потоа ќе се формираат комисии што ќе го оценуваат знаењето на студентите – вели Ѓорѓи Мартиновски, ректор на скопскиот универзитет. ******** Професорите од Албанија добивале пари за престој и за предавањата На професорите од Албанија им биле платени патот, престојот во Тетово и предавањата, вели еден бивш асистент од незаконскиот медицински факултет, кој не сакаше да открие за колкава сума станува збор. - Добивав малку пари за тоа што работев како асистент. До лани целиот универзитет беше нелегален, така што не знам од каде доаѓаа парите, најверојатно од партиципацијата на студентите – вели асистентот. |
Divider | Ahmeti end kompani ke lobirale site studenti na nelegalniot medicinski fakultet vo Tetovo da bidat primeni vo Prisitna i Tirana. Posle, pak, ke odat kaj makedonci, skoluvani tuka, na "Kiril i Metodi" da se lekuvaat. |
dejan | da lobirat? samo da kazat deka toa go sakat, odma sve im se pravi. naj dobro vo pristina in tirana da odat, site samo kaj nas, bozem sme nekoja svajcarija ili belgija lol. |
Strelec | http://forums.vmacedonia.com/topic.asp?TOPIC_ID=7794 |