ova e dobro......
ova e dobro......
dejan neli? barem plata dobivat lugjeto.

ТРАФАЛГАР" ПОЧНА СО ПРОИЗВОДСТВО
Плата за рударите во "Злетово"

Стотина вработени во рудникот за олово и цинк "Злетово", од Пробиштип, ја примија првата плата. Новите сопственици "Трафалгар ресурси" најавија дека веќе наредниот месец или најдоцна во март ќе почне производството и во рудникот "Тораница" во Крива Паланка.

- Добивме плата, колку работа, толку и пари. Меѓутоа, купувачот на рудникот ветуваше вработувања, а сега не ангажира со договори за дело, се жалат неколку поранешни вработени, кои и покрај ваквите изјави прифатиле и го потпишале понудениот едномесечен договор.

Дел од поранешните вработени, кои биле повикани на работа и им бил понуден договор, не сакале да го потпишат и не се јавиле на работа. Важноста на едномесечните договори со првата група поранешни вработени заврши на почетокот на јануари. Во "Трафалгар ресурси" што од ноември лани е нов сопственик на рудникот "Злетово", најавија дека деновиве ќе почнат со продолжување на договорите со поголем број од ангажираните работници.

Така веќе од денес на работа ќе бидат повикани уште 30-тина поранешни рудари, машинобравари и електричари. Во компанијата велат дека ваквиот начин на краткорочно ангажирање на работници ќе се практикува и наредните месеци се до целосното рестартирање на рудникот, по што ќе следи најавеното долгорочно вработување на првите 400 рудари. Во рудникот во Пробиштип во тек е ремонт на машинските постројки во јамите во рудникот во Добрево, како и ремонт на флотацијата во Пробиштип.

Целосното рестартирање на производството во рудникот е најавено за месец март. (Т.С.)

Strelec Dejan, пред да отвориш некоја тема, те молам обиди се да видиш дали твојот пост може да се смести во некој веќе постоечки топик. Пред само 4 дена е отворен топик за економијата во Македонија, па ќе бече многу убаво твојот текст да го сместиш таму! http://forums.vmacedonia.com/topic.asp?TOPIC_ID=8073 Со отворање на премногу топици се губи прегледност!