Буш на коледе со Македонците | |
OooOo | Буш на коледе со Македонците Претседателот на САД, Џорџ Буш, се симнал од бината за да се поздрави со Светозар Стамески - Светле, на средбата што за коледе била организирана во Детроит, во реон во кој главно живеат Македонци. - Со тоа Буш му направи голема чест на Стамески, кој е македонски лобист и член на Републиканската партија, но и на другите присутни Македонци - ни изјави Петко Зафировски, член на Македонско-американската национална асоцијација. Американскиот претседател се заблагодарил за поддршката на претседателските избори. На средбата биле поканети неколкумина членови на Асоцијацијата, а Стамески бил специјален гостин. |