Македонска дипломатија
Македонска дипломатија
Strelec Најстрашното нешто според мене е кога се влечат важни државни потези, а притоа да не постојат никакви критериуми...
Читам на сајтот на А1 телевизија и не можам да се изначудам!?

Џевад Адеми е кандидат за амбасадор на Македонија во Софија и на вчерашната седница на владата поминал без проблем. Чудни некои правила. Наместо на почеток, отпосле се поставува прашање кој е идниот амбасадор.
Бивш припадник на ОНА, поранешен затвореник во Пожаревац и Идризово, обвинет за иредентизам, и значајно место на црната листа на Џорџ Буш.

Нека не ми замери Slack кој што нешто на оваа тема веќе напиша на некој друг топик, ама оваа лудост мислам дека заслужува посебен третман!


dejan znam i jas citav, i nemozev da veruvam isto! ama toa izgleda e sve vo 'ramkoviot dogovor' izgleda ako ne bese staven ambasador, togas ne go implementirame ramkoviot dogovor! nesto ovakvo ne bi bidnalo vo 90's.
Divider Не е единствениот, не само што имаме неписмени амбасадори, имаме необучени, имаме криминалци, но и имаме амбасадори кои еднаш или ниту еднаш не биле во Макеоднија, кои имаат странски, туѓи државјанства! Што повеќе да се каже кога последните два државни секретари во МНР (трет човек во МНР, посел министерот и заменик министерот) се пишпирици родени 1974/75 година. Оној претходниот за прво работно искуство му беше трет човек во МНР, а овој сегашниот е либерал-демократа со работно искуство во партија и фондации, а од дипломатија нема абер. После амбасадорите ни се виновни. Додуша, и тие се говеда невидени. Катастрофа. Лежи лебу да те јадам. Единствен критериум за амбасадор или некој челник во некоја институција е партиски послушник. Срамота.
katerina Лоша работа. А сега на кого ке се жалват македонците од Пиринска Македониja под бугарска окупациja ? Амбасадорот е Албанец, он нема да би брани правата на македонците.
chuvash Е тоя е наш човек, аферим, бабо, машалла !
Justinijan Машалла, ќе ви се оствари вековниот сон: туркотатарко-арнаутска граница на Балканот. Илинка, Илинка. Ќе го доведела во ред МНР!
chuvash Да живее албано-татарската дружба. И аллах да е с нас !
трендафил Џевад Адеми е ставен на црната листа на САД затоа што е поборник за федерализација, т.е. не е за унитарна Македонија, т.е. е против Рамковната спогодба. Веројатно на државотворната Митревска не и пречи федерализмот на Адеми, кој од НДП помина во ДУИ. Крајно безобразно е влегувањето на криминалците од УЧК по извршната и законодавната власт сега и во дипломатијата. Амнестијата (нележење во затвор) не значи и невиност. Токму затоа и што се криминалци УЧКите се повикуваат на амнестија. Затоа јас сум и против амнестија на обвинетите во монтираниот процес за Раштански Лозја.
LordpM Makedonskiot ambasador vo USA Nikola Dimitrov mora da intervenira i za ova [url]http://www.cia.gov/cia/publications/chiefs/index.html#M[/url] za da ne bide priznavanjeto na ustavnoto ime samo formalnost.
Divider Еден од најсалвните министри за надворешни работи, Др. Илинка Митрева, најпозната по својата агресивна политика. Дипломатите немаат што да јадат, платите им се заникаде, во амбасадите преживуваат, аво МНР се купува мебел, теписони, кафемати? Жално, страдно, страмно!!
OooOo Бучковски ја прекина постапката за именување на Адеми за амбасадор Џевад Адеми, напола спакуваните дипломатски куфери ги фрли длабоко во плакарот. Тој денеска се збогуваше со кандидатурата за амбасадор во Софија. Што всушност се случи? Адеми пред два дена помина без проблем на Владата како предлог за прв дипломат, но откако А1 ја објави веста дека тој е на црната листа на Америка, премиерот Бучковски по кратката проверка констатирал - да, тоа е точно, Адеми е навистина на црната листа на Буш. Премиерот синоќа го прецртал неговото име. Како што дознава А1, Бучковски побарал од Илинка Митрева да им се обрати на ДУИ - најдете ми друг амбасадор. Скандалот со Адеми ги потресе и дипломатските кругови во Софија. Како што дознава А1, тие се повеќе од задоволни од расплетот кој мораше да се случи. А шокирана е и шефицата на дипломатијата, велат од МНР за А1. Таа е шокирана од фактот што ДУИ и подметнувал кадри, кои подоцна се испоставува дека се дел од црна листа. Но, останува непобитен фактот дека Џевад Адеми помина без проблем во Владата. И тука лежи проблемот. Пред да излезе со било кое име, Владата мора да проверува кои се всушност луѓето, кои ќе ја претставуваат Македонија некаде во странство. Да не заборавиме, Адеми беше и заменик-министер за локална самоуправа, иако беше на црната листа на Америка. И во тоа е најстрашната вистина, што во Македонија може се да помине, но не и надвор, не и во светот.
Divider "И во тоа е најстрашната вистина, што во Македонија може се да помине, но не и надвор, не и во светот." - Zarem nekogo go cudi toa?
lav
quote:
Originally posted by chuvash
Да живее албано-татарската дружба. И аллах да е с нас !
Јас мислам дека подобро за вас но и за окружувањето , ВИЕ да сте кај аллахот ваш на „гости„ повикани.
Divider лав, не виде дека е баниран татарот. Остај, батали, сите тие еден ден ќе седат на вечно кафе кај алах, ама заеби не навлегувај и не паѓај им на провокации. Оди им на татарските форуми и плачи им мајката таму. Инаку: „Премиерот Владо Бучковски ја прекинал постапката за именување на Џевад Адеми за амбасадор во Софија и дал насоки до МНР да се преиспита одлуката за Адеми, дознаваме од владини извори. Истите извори тврдат дека оваа одлука на премиерот Бучковски уследила по жестоките реакции во јавноста сврзани со името на Адеми и неговото наоѓање на црната листа на американскиот претседател Џорџ Буш. Нема објаснувања дали од небрежност или свесно владините и службите на МНР Џевад Адеми го утврдиле како амбасадор за Софија, и покрај фактот што тој е на американската црна листа што е апдејтувана на 23 декември 2004 година. Претседателот на Владата Бучковски ја задолжил министерката за надворешни работи Илинка Митрева како владин кадровик да се сретне со ДУИ за да дадат нов предлог за амбасадор во Бугарија. Од ДУИ не попуштаат за назначувањето на Адеми за амбасадор во Софија. " Предлогот за Адеми да биде амбасадор помина на Влада, и нема зошто да се менува", изјави кратко пратеничката на ДУИ Теута Арифи брзајќи да влезе во собраниската сала, за да ги избегне прашањата на новинарите. Од кабинетот на претседателот на државата Бранко Црвенковски велат дека до нив се уште од Владата не е стигнат предлогот Адеми да биде амбасадор во Софија. Дознаваме, дека и шефот на државата Црвенковски, кој на крај го потпишува указот за назначување на амбасадорите, и препорачал на Владата да најде друго решение за амбасадорското место во Софија, бидејќи Адеми се наоѓа на црната листа на САД. Џевад Адеми е поранешен член на НДП на Кастриот Хаџиреџа. НДП отворено се залагаше за федерализација и поделба на Македонија. Адеми лежел во затвор во Пожаревац и во Идризово и бил член на УЧК, во конфликтот во 2001 година. Поради неговите екстремистички ставови тој се наоѓа на црната листа на САД од 2003 година. Покрај Адеми, на црната листа се наоѓаат Гафур Адили, Невзат Халили, Кастриот Хаџиреџа, Џемал Хусеини, Даут Реџепи-Лека, Саит Рушити, Изаир Самиу и ексминистерот за внатрешни работи Љубе Бошковски. (Г.Т.)“ преземено од Вест. П.С. Штета за брат Љубе!
трендафил Интересно е како Адеми го поминал и филтерот на министерството за надворешни работи, но и на седница на владата (оваа најновава). И како тој (како федералист) можеше да биде заменик министер за локална самоуправа и да учествува директно во територијалната поделба на земјата. Ќе издржиме ли до крај на мандатот на оваа власт или ќе успееме да ги убедиме да си заминат порано?
Divider Да се надеваме дека ќе заминат што поскоро бидејќи тешко да издржиме. Сега околу филтерот во МНР. МНР не врши активна проверка на личностите кои се партиски предложени за амбасадори бидејќи нема таква служба, а министерот не задолжил никого тоа да го изврши. Таквите не проаѓаат ниту низ кадррово во МНР. Тоа треба да се провери во МВР на барање на владата биејќи амбасадорот е највисокиот претставник на една држава во странство. Има ниво на претседател на држава ако има пленипотерарни права. Не велам дека МНР не е виновно, ама... Плус, Адеми не помина на тези за упатување, тоа допрва требаше да го стори, а тогаш МНР врши некакви си проверки. Отпосле, ама сепак.
трендафил
quote:
Originally posted by Divider
Да се надеваме дека ќе заминат што поскоро бидејќи тешко да издржиме. Сега околу филтерот во МНР. МНР не врши активна проверка на личностите кои се партиски предложени за амбасадори бидејќи нема таква служба, а министерот не задолжил никого тоа да го изврши. Таквите не проаѓаат ниту низ кадррово во МНР. Тоа треба да се провери во МВР на барање на владата биејќи амбасадорот е највисокиот претставник на една држава во странство. Има ниво на претседател на држава ако има пленипотерарни права. Не велам дека МНР не е виновно, ама... Плус, Адеми не помина на тези за упатување, тоа допрва требаше да го стори, а тогаш МНР врши некакви си проверки. Отпосле, ама сепак.
Факт е дека Адеми има катастрофално лоша биографија, па нејасно е и како можеше да биде заменик министер. Факт е дека тој со таква биографија го помина филтерот и на министерството за надворешни работи и на владата и тоа токму оваа влада на чело со Бучковски. Да се надеваме дека се работи само за голема доверба во ДУИ и дека сега таа доверба е изгубена, па и за нив ќе има нормален третман. Адеми во СФРЈ не е осуден како „борец за човекови права“ туку како шпион на Енвер Хоџината Албанија. А на црната листа на САД не е ставен затоа што нешто направил против таа земја, туку за тоа што го има правено во Македонија. Пред се` затоа што е федералист, а САД како гарант на Рамковната мора да биде за унитарна Македонија. Дали нашата влада можеби е само декларативно против федерализација, па не и пречат федералистите???
Divider Трендафиле, мислев дека не да го кажам ова, ама не е толку виновен Бучко колку што се виновни Бранко, Ахмети, Поповски, Петковски, кои прават опструкција на се што ќе се посака да се стори а е согласно регулативите. Слично кога сакаа да подметнат (ДПА) на местото на оној пијаницата во Швицерланд друг, кој беше брука невидена, криминалец, со тон тешко досие. Тогаш со силна интервенција на еден, а потоа и на уште еден член на владата се спречи тој скандал. Тоа ја чинеше таа влада, три амбасадори, кадар на МНР, дипломати со искуство (арно за едниот, копук е, според мене), македонци, кои не отидоа.