Џозеф: Да му се помогне на Скопје пред конечниот с | |
dejan | ne go razbiram bas tolku..... Каква било поделба на Македонија во решавањето на косовското прашање ќе биде катастрофална, исто како и во случајот со Косово и Босна. Ова е ставот на Едвард Џозеф, бивш претставник на Меѓународната кризна група (МКГ) во Скопје, во неговиот текст објавен во авторитетното американско списание „Форин Афеирс“, во првиот двоброј годинава. „Кревкоста на Македонија, сепак, не е причина за одложување на прашањето за статусот на Косово, и сега е време да му се помогне на Скопје да се подготви за тоа“, додава меѓународниот претставник. Успехот на Соединетите Американски Држави (САД) и Европа во создавање единствен фронт, каде ќе учествува и Москва, и решение што ќе содржи територијална заштита за косовските Срби и српските цркви, заедно со силна финансиска поддршка од Европската унија (ЕУ), ќе го убедат Белград да го прифати договорот за Косово и да не бара босанска територија во замена. Џозев, како што пренесува Макфакс, оценува дека со решавање на конечниот статус на Косово, Србија, конечно ќе тргне напред и ќе се концентрира околу сопствените реформи. „Доколку прашањето за конечниот статус на Косово заврши со независност, како што тоа го сакаат мнозинството Албанци во Косово, тој принцип ќе подразбира територијална спогодба со српското малцинство. Прашање е како да се постигне тоа со минимум турбуленции во регионот“, наведува Џозеф во текстот. „Како што Белград требаше да ја „проголта“ загубата на Косово, како цена на годините на репресија, така и Приштина треба да им овозможи на локалните Срби да имаат контрола над некои албански села и делови од градовите, како цена на ужасите“, пишува Едвард Џозеф, во авторскиот текст во американското списание „Форин Афеирс“. |