Традиција што повеќе се цени во странство | |
OooOo | МАСТИКАТА ВО СТРУМИЧКО СЕ ПРОИЗВЕДУВА ТРИ ВЕКА Традиција што повеќе се цени во странство "Зимбаковичу имаш ли мастику?" "Имам!" "Онда си бомба, све су ти врате отворене". Вака ја почнува својата приказна осумдесет и седумгодишниот Исак Зимбаков од струмичкото село Босилово, присетувајќи се на војникувањето во Сараево во 1939 година во кралската гарда, кога од дома добивал пакет. Во периодот од 1930 до 1940 година, според дедо Исак, струмичката мастика била најпопуларен пијалак во тогашното Кралство Југославија. - Тогаш мастиката беше многу вкусна. Денес не знам каква е оти не можам да ја пијам. Ние дома ја подготвувавме вака: Најпрвин ќе сваревме ракија од црници. На казан од 150 литри преварена црничкова ракија стававме три до пет килограми анасон, а на местото каде што истекуваше поминуваше низ коцки шеќер и лути бонбони, а ја цедевме преку "пичетка", украсно марамче за нос. Со тоа мастиката станува поблага и попитка и добивавме околу 80 литри. Во секоја куќа се послужуваше мастика, а друг алкохолен пијалак немаше - објаснува дедо Исак, кој не пропушти да ни каже дека некогаш и покрај сиромаштијата се живеело поубаво и имало многу дружење. Тривековната традиција на производство мастика во Струмичко во последните педесет години ја продолжува "Грозд". Според сопственикот, Васе Митев, се претпоставува дека мастиката во нашите краишта ја донесол Александар Македонски. - Според легендите, секој војник на Александар Македонски во големите освојувачки походи со себе имал мастика, која го штитела од стомачни заболувања. Научно е докажано дека струмичкиот пијалак ја уништува бактеријата хелиобактер, која е предизвикувач на чир во желудникот, се разбира ако се пие умерено. Рецептот по кој ние денес ја подготвуваме мастиката е службена тајна. За разлика од другите слични пијалаци, струмичката мастика денес се произведува од чист вински дестилат добиен од нашите лозови насади, за разлика од другите, кои за база користат рафинада - објаснува Митев. Технологот Наташа Гошева во Струмица дошла од Неготино и се омажила во едно од најпознатите струмички семејства што произведувале мастика - Гошеви. - Јас во Струмица дојдов од крај познат по производство на убава ракија, но за кусо време ги совладав тајните на производството на мастиката. Најважно е што таа се произведува според традиционалниот начин. Сите состојки се природни и медицински е докажано дека таа помага за многу стомачни болести - вели Гошева. Во "Грозд" велат дека во последните неколку години 70 отсто од производството се извезува на пазарите во ЕУ, САД, Канада, Австралија и дел од балканските пазари, а само 30 отсто се продава во Македонија. - Причините поради кои Македонецот преферира туѓи пијалаци базирани на вештачки суровини, веројатно се повеќеслојни. Можеби од една страна се работи за неинформираност за квалитетот, а од друга можеби соодветните министерства треба да направат соодветна медиумска кампања за да ги заштити и промовира сите оние големи и мали нешта од Македонија кои со својата автентичност достојно го носат името македонски бренд - вели Ирена Бабамова, комерцијалистка во "Грозд". Пред извесно време во Бугарија се обидоа мастиката да биде заштитена како нивен производ, но струмичани успееја да го заштитат името на мастиката во соодветните институции и оттогаш таа се продава под името "струмичка мастика". I do den denes ne mi e jasno zoshto Strelec pie ouzo namesto mastika |
Strelec | quote:Pijam uzo namesto mastika samo od pricina sto ovde vo Kanada NEMA MASTIKA!:( A znaete li sto e osnovnata razlika megju mastika i uzo? Toa sto vo nasata mastika stavaat priroden anason, a vo uzoto stavaat vestacki anason!? I zatoa preporacuvam da se pie mastika! Ova vazi za onie sto mozat da ja imaat!:( |
deni | jas preporachuvam da se pie struNka , namesto inca-cola |
cile | Ja si pijam pivce, ZIVELI !!! [:p][:p][:)] |
Divider | Пијајте домашна, струмичка мастика. Побоље нема. А не помодариве и продадените души ќе ми пијат грчко узо. Јас пијам мастика кога можам не само поради тоа што е наша, туку и дека е со постар вкус, поуба и појќе оди со таратур. Башка узо цантали е добро само за џамој мијање, а пулмари е истотака лајно. |
The_Crow | od vino domasno poubavo nema. Si kopas si krois i nakraj ko ke go naprajs ko ke fati edna boja ko roze da pies meraci |
Alex | Zakon e mastika i tarator! Steta,no i ovde nema da se kupi mastika |