Проалбанскиот врховизам во Македонија | |
трендафил | Кај нас најповеќе се зборува за пробугарскиот врховизам, иако според мене, проалбанскиот е многу поопасен. Од повеќе причини. И македонци пробугарски врховисти има многу помалку отколку проалбански, за бугари и албанци и да не зборувам. Мислам и дека бугарското крило може да извлече евентуално некоја полза само како резултат на дејството на албанското крило. Бугарските пасоши македонците не ги зимаат од идеолошки, туку од прагматични причини. Оној ден кога со македонски пасош ќе може да се патува исто како со бугарски, ќе престане и интересот за ова. Ванчо Михајлов политички го прифатил фашизмот, на светски план тежел кон Германија, а на локален кон Голема Бугарија. Кај актуелните врховисти тоа се глобализацијата, САД и Голема Албанија. Ванчо не прифатил кога Германците му понудиле да стане нивни вазал во Македонија, Бранко и Бучко прифатија да бидат американски вазали. Ванчо делувал повеќе во окупираниот дел на Македонија (Пиринска), а ББ во неокупираниот, дури не и до Групчин туку до Кондово. Ванчо мислел дека србите се полош окупатор, па сакал да ги замени со бугарите, ББ мислат дека окупирана Македонија е подобра од слободна. |