Критикувај ги идеите, а не луѓето!
Критикувај ги идеите, а не луѓето!
Strelec
quote:
Originally posted by Divider

Може ли да се користи квалификатив од типот: лажго, крадач, силувач, криминалец и убиец за некој наш политичар, именувајќи го истиот?

Убаво прашање, а одговорот е следниов:
Секој од вас си е одговорен за своите постапки, своите однесувања и своите постови!
Овој форум е замислен да функционира како место каде што луѓето ќе можат да си се произнесат по одредени прашања и да си го кажат својот став, а не е замислен како арена во која што луѓето ќе се натпреваруваат кој повеќе ќе може да ’плукне’! Во далечина и особено ’во количина’!
Неколку членови на форумов последниве денови даваа повод за да бидат испратени на пауза и администраторскиот тим одлучи во иднина да бидат преземани поригорозни норми отколку досега!
Сите вие што од некој друг форум доаѓате со некои други навики, морате да сватите дека ќе биде неопходно тие навики да ги смените... се разбира, доколку сакате да бидете членови на овој форум!

Едноставно, МОРАТЕ да се придржувате кон основното начело што важи овде:
Критикувај ги идеите, а не луѓето!
Под поимот ’луѓето’ се подразбираат и јавните личности во Македонија (тоа е одговорот на поставеното прашање од Divider), а особено треба да бидете внимателни во однос на останатите членови на овој форум!

Да не испадне после дека некој е баниран заради СВОИТЕ ИДЕИ!?
Такво нешто нема на овој форум... Причините за евентуален бан би биле поради нешто друго... нешто што веќе го објаснив во овој пост!