Двомесечно бебе исчезнало веднаш откако починало | |
OooOo | Posle Natasha sega i ova ... Двомесечно бебе исчезнало веднаш откако починало Каде е двомесечниот Даниел, бебето кое починало пред еден месец? Телото на малиот Даниел никаде го нема. Докторите од хирургија не ги викнале родителите дента кога починало бебето, како последица на операцијата на дебелото црево. Даниел починал на клиниката за детска хирургија, а докторите ја информирале мајката со зборовите, Даниел е на гробиштата во Бутел. Но, Александра Јовановска, неговата мајка не може да го најде гробот на својот син во Бутел. Едноставно, Даниел исчезнал. Таа за А1 говори, скршена од болката, денеска не можеше да зборува пред камерите. „Јас прашував како е Даниел, а тие си го подаваа телефонот еден на друг и велеа дека тој е добар и дека јадел, дека се е во ред со него. Јас не знаев дека тој е починат два дена. Кога во понеделникот отидов околу 2 часот да му однесам пелени сите ме гледаа бледо и чудно. Кога прашав на која сестра да и ги дадам пелените тие се собраа во една соба, нешто зборуваа, потоа ме викнаа во една соба не ми дадоа да влезам во собата каде што беше Даниел, и ми рекоа дека тој починал“, вели Александра Јовановска мајка на Даниел. И таткото на Александра, Томица Јовановски е во шок, еден месец трага по бебето, кое никаде го нема. „Немаме никакви сознанија каде е бебето. Има еден месец откако е починат Даниел, ако е починат? Тоа е мистерија. Сепак ако јас или неговите родители го видовме дека е починат, во ред. Но сепак е мистериозно“, вели Томица Јовановски татко на Александра. Малиот Даниел е близнак на сестричката Даниела. Тој уште како новореднче имал сериозни проблеми со здравјето поради што бил лекуван на детската клиника. Два пати бил опериран на цревата, втората операција според лекарите била фатална за него. Потрагата на овие луѓе се уште трае. Што всушност се случило попладнево никој од докторите на клиниката за детска хирургија не сакаше да зборува за А1. Директорот на Клиничкиот центар Андреа Арсовски шокиран од веста доцна попладнево за утре најави расветлување на случајот. Koj kje ja snosi sega odgovornosta? Dali Arsovski sega kje bide smenet poradi ova afera? Ili negoviot predhodnik beshe stvarno zhrtva kako shto toj tvrdeshe? Sekoj den se pomalku i pomalku nadezh deka neshto kje se smeni vo taa drzhava ... tragedija! |
dejan | toa e mnogu zhalno. |
Divider | Бог да чува од нашиве лекари-надрилекари, пишман учени-приучени-недоучени доктури. Освен ако не излажале и го продале на некоја бездетна, но богата фамилија, под рака. Страшно, после Кметовска, ново-стар скандал. Да ти е страв да појдеш на лекар. П.С. Немаше ли сличен случај пред неколку години. Повторно за некое дете на кое му се загуби трагот. |
трендафил | Проблемите во Клиничкиот центар се акумулирани и одраз на севкупната состојба во државата. Како се влошува општата состојба (економска, морална, безбедносна ...) така ќе се влошува и состојбата во здравството. А таму проблемите се гледаат веднаш. За да биде задоволно мнозинството во Македонија (СДСМ, ЛДП со малцинствата) ќе напишам дека за сето тоа не е виновна власта, туку опозицијата. Нормално дека државотворците појма немаат за тоа што станува во државата иако се носители на власта скоро 94% од самостојноста на Македонија (2 август 1944) до денес. Исто како што појма немаа дали Македонија треба да биде самостојна или во состав на СФРЈ на почеток од последната деценија од минатиот век. |
dejan | treba ogromni reformi vo lekarstvoto. |
lav | quote:Секако дека треба реформи , но јасно е дека реализатори за тие и такви досега во Македонија нема. И долго ќе ги нема ...се додека не се воведе менаџмент во здравството каде очебијно се помешени „лончињата„ за тоа кој всашност треба да лечи а кој пак да менаџира , односно управува со ресурсите...материјални или пак човечки , сеедно е. И тоа мора да биде успешно , а тоа (да) се проверува секидневно. Бсашност надвор од Македонија така си е со децении , и кај нас не задолжително некој повторно да „пронаоѓа„ топла вода. |
Divider | Не само топла вода, и тркало (во Прилеп: кртало)!! |
OooOo | quote:Kako ne ti e sram vakov tragichen sluchaj da go svrtish i da go politizirash vo taa nasoka?? Ima li malku chovechno vo tebe? |
Pana | Sega na TV"Telma" ostro ja demantiraa ovaa dezinformacija sto ja objavi "A1" televizija. Bese prikazana i potvrdata kade tatkoto na deteto se otkazuva od podiganje na teloto na deteto uste naredniot den. Ne mi se veruva deka ima vakva morbidna familija koja so sopstvenoto dete si igra majtap. Neka i sluzi i na cest na "A1" televizija za objavuvanje na vakva neproverena vest. Sega za vakvo voznemiruvanje na javnosta treba da odgovara i "A1" televizija i taa morbidnata familija. |
intel | off topic
Ова е од темата за Наташа 13-01 2005
quote:А тек да се отвори една тема за загинатите од 2001.Тек тогаш ќе видите што е газење преку мртви.Со поткрепа од неколкумина овде. |
Strelec | quote:Ехеј, каде се отиде со муабетот на тема за ’исчезнато дете’!? Крајно бесчувствително!? |
OooOo | Случајот со двомесечниот Даниел добива нови димензии Случајот со двомесечниот Даниел, кој починал на детска хирургија, по чие тело трага семејството . Лекарите од Клиниката за детска хирургија тврдат дека на мајката за смртта на нејзиниот син и било соопштено уште истиот ден и дека телото се наоѓа на Институтот за патологија. Нејзиниот сопруг потпишал дека се откажува од бебето, вели Перо Петревски, директор на клиниката. Мајката и понатаму тврди дека за смртта на нејзиното дете била известена дури по два дена и дека лекарите ја упатувале во Бутел. „Фамилијата е многу добро известена и таа многу добро знае каде е однесено телото на починатото новороденче. На Институтот за патолошка анатомија, телото на починатото новороденче е примено, направена е патоанатомска обдукција, за која постои обдукционен наод и телото на детето сеуште се наоѓа во еден од фрижидерите на Институтот за патолошка анатомија“, изјави Перо Петревски, директор на Клиниката за детска хирургија. „Кажавме по телефон дека детето егзитира, контактирајте со дежурниот лекар. Дали тие тоа го разбрале или не го разбрале, тоа е нивни проблем“, додаде Петревски. „Во саботата изутрината се јавив повторно на телефон, ми кажаа дека е добро, потоа се подаваа со телефонот една на друга, не знаеа што да ми кажат. Ми кажаа дека сите бебиња се добро и дека се во ред, дека немале температура денеска. Се јавував во текот на денот, истото се случуваше и во неделата, ми кажуваа дека се е во ред со него“, рече Александра Јовановска, мајка на починатиот Даниел. „Во понеделникот отидов изутрината да однесам пелени за него и некои други работи. Кога влегов внатре, сестрата ме гледаше чудно и бледо и ми кажа да почекам. Главната сестра влезе и зачудено ми рече: Како вие не знаете дека вашето бебе Даниел почина? Јас не знам како можеше бебето да биде однесено некаде без моја дозвола и без мое знаење од 2 дена“, вели Јовановска. |
OooOo | КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ДЕМАНТИРА Бебето оставено со потпис на родителот Телото на починатото бебе Даниел Јовановски, за кое семејството тврди дека е исчезнато пред еден месец, се наоѓа во Институтот за патологија, а таткото Каревски Дејан потпиша оти нема да го подигне телото на својот двомесечен син, соопшти вчера директорот на Клиничкиот центар, Андреа Арсовски. Тој и директорот на Клиниката за детска хирургија, Перица Петровски, категорично ги демантираа наводите на А1-телевизија, во кои мајката на бебето, Александра Јовановска, и дедото обвинија оти по два дена од смртта на Даниел никој од Клиниката не ги известил за тоа, а семејството 10 дена на гробиштата "Бутел" барало каде е погребано бебето. Лекарите тврдат дека Даниел, кој бил близнак со сестра си Даниела, се родил како недоносено бебе, со аномалии на гастроинтестиналниот тракт и морал да биде опериран на 17 декември минатата година, откако нагло му се влошила состојбата. Утредента починал. - Кој би можел да чека цел месец и дури потоа да каже дека бара исчезнато дете? Дежурната сестра во саботата веднаш му јавила на семејството оти бебето починало. Но, никој од семејството два дена не дошол на Клиниката за детска хирургија, а таткото Каревски Дејан се појавил дури во понеделникот. Тој, иако можел да го земе телото и да го погребе, потпишал документ дека нема да го подигне телото. Потоа возило на погребалното претпријатие "Бутел" го транспортирало телото на Институтот за патологија, каде што била извршена обдукција - тврди Арсовски. Тој вчера покажа документ на кој пишува дека "семејството одбива да го подигне синот Даниел". На документот се потпишал таткото Дејан Каревски. И д-р Петровски тврди дека не е точно оти семејството не било информирано што се случило и каде е синот Даниел. - Телеграма не пративме, бидејќи сестрата ги извести по телефон дека детето егзитира (почина). Тоа е наш болнички жаргон. Чекавме да дојдат и детаљно да ги информираме. Па, семејството е од Скопје и можеле да дојдат. Постојат наод од обдукцијата и документи во АД "Бутел" за транспорт на починатото бебе, кое се уште се наоѓа во еден од фрижидерите на Институтот за патологија. Ако семејствата одбијат да ги земат, бебиња на возраст до една година што починале во болница, се собираат и заедно се погребуваат во масовна гробница на гробиштата "Бутел" - објасни д-р Петровски. За тоа како можеле да издадат потврда за смртта на бебето на лице што има различно презиме од неговото, Петровски изјави: -Тоа ќе го дознае МВР, а ние го знаевме таткото и затоа ја дадовме потврдата. Nie go znaevme tatkoto ne znachi nishto. Crno na belo e dokaz. Nekoj sepak kje go krka ... |
sinner` | hmm... da ne e ednostavno krazba na organi??? nekoj mnogu zarabotil na toa novorodence, a sega demek roditelite se krivi[xx(] |
BabaRoga | mene nekako bas familjava mi izglea chudno..nesto ne shtima vo seto ova..tatkoto potpisal, majkata duri po 2 dena slusnala koa otisla peleni da odnese...a kade bila majkata prethodnite 2 dena ?? kolku sho razbrav u skopje ziveat. |
bojan81 | Edno e da ne pronajdes kurstum a drugo e dali doktorite se magionicari i se mora da izlekuvaat. Za slucajot so Natasa mora da si odgovaraat site odgovorni koi ja primile. No ovie novinarive koi se zanimavaat so izvestuvanje na medicinski nastani izleda imaat nekoj kopleks sto ne se doktori pa site smrtni slucaevi gi prestavuvaat kako nesposobnost na ostanatite doktori. Po nekogas se prasuvam ima lie zakon sto ke gi spreci site psihopati po teliviziive da ne izleguvaat so horor vesti za bostanplasilata dokotri. Neznam sto sakaat da postignat so tie nesonovani i glupavi obvinuvanja kako ovaa poslednava, da prestanat pacientite da odav da se lecat, deka sekoj lekar e korumpiran, nesposoben itn. Ako treba lekarite da odgovaraat za svojata nesovesnot togas istoto tereba da se sluci i so novinarite, ili pak oni se so devizata nie sme tie tuzime i sudime, drugite mozat samo da si se pozalat kaj komsiite. |
lav | quote:Јас мислам дека си во право , околу напишаново. Можеби и би требало одговорноста , која сеекако мора да постои , треба да се селектира: 1.Тој што го предал (не знаеме намерно или не) во Бутел 2.Негово откривање и приведување на распит. 3.Повлекување на санкции за „организаторот„ како суб-одговорен 4.Здравството и неговите методи за прием испитување и лекување на примениот пациент , прв надлежен и одговорен е министерот. |