УНЕСКО сака да слави Македонец, ама ....
УНЕСКО сака да слави Македонец, ама ....
OooOo Na ministerstvoto za kultura tolku mu chue ...

МАКЕДОНИЈА БЕЗ ПРЕДЛОГ ЗА МЕЃУНАРОДНО ПРОСЛАВУВАЊЕ НА ЈУБИЛЕИ

УНЕСКО сака да слави Македонец, ама нема кого


Ниеден Македонец пред 200, 100 или 50 години не оставил каков било белег на меѓународната култура, наука или политика што во наредните две години светската организација УНЕСКО би го одбележала. Организацијата не одбила наш предлог зашто Македонија не предложила ниедна личност, настан или дело што се случиле во тој период и тоа да има универзално значење. Според критериумите на УНЕСКО, се земаат предвид културни, образовни, научни или настани со мировен карактер. Исклучени се јубилеи од раѓањето на некоја личност, прослава на државни настани и дела, завршување на воени конфликти или ослободување од ропство.

Предлозите не се обврзувачки за ниедна земја-членка на светската организација, но Националната комисија за УНЕСКО во Македонија ја доставила иницијативата до министерствата за култура и за образование и наука, до МАНУ и до собраниските комисии за култура и за одбележување настани, личности и дела. Потоа тие ги доставиле предлозите до сите институции што се во нивна надлежност.

- Да влезевме на листата на јубилеи на УНЕСКО, тоа сигурно би му дало некаков рејтинг на настанот, личноста или на делото. Со оглед на тоа што не добивме ниеден предлог од ниедна институција, заклучивме дека немало што да предложат. Не велам дека нашите институции не обрнале внимание, но тие веројатно процениле дека не можат да понудат ништо што би се одбележало во 2006 или 2007 година - рече Лидија Топузовска, раководителка на секретаријатот на Националната комисија за УНЕСКО на Македонија.

Таа ја соопшти и актуелната програма за партиципација на УНЕСКО во земјава, која се однесува на периодот од 2004 и 2005 година. Од 12 проекти, организацијата прифатила вкупно шест проекти, во вредност од 152.000 американски долари. Последниот е одобрен деновиве, за реконструкција на црквата "Свети Пантелејмон" во Велес. УНЕСКО донирало дополнителни, "екстрабуџетски" 129.000 долари, кои ќе бидат реализирани годинава. Тука се вклучени: меѓународната награда на УНЕСКО за млади поети, што се доделува на манифестацијата Струшки вечери на поезијата, Советот на СВП ќе ја печати антологијата "Куќа - цел свет" на македонски и на англиски јазик (5.000 долари), за реконструкција на Домот на поезијата, за што УНЕСКО најавило поддршка од 65.000 долари и друго.
StormAngel Kako toa nema kogo da slavi? Sekako deka ima makedonci koi sto moze da se slavat...i toa mnogu. Ama,kako sto vika OooOo,se e do kulturata.
Divider Не сакаат, не дека нема што да се предложи, или кого!! Зошто да не се чествува и одбележи Мисирков-како наша учена и важна личност која придонела многи за Македонскиот јазик? Прличев-Серадарот? Миладиновци-издавањето на зборникот? Волонтерскиот пад на диктатурата на окупаторската власт-придонес за мирот во државата- yet to happen!!
Strelec
quote:
Originally posted by Divider
Зошто да не се чествува и одбележи Мисирков...
Мисирков е модератор!
intel
quote:
Originally posted by Strelec
quote:
Originally posted by Divider
Зошто да не се чествува и одбележи Мисирков...
Мисирков е модератор!
[:D][:D][:D][:D][:D]
Homer MakeDonski
quote:
Originally posted by intel
quote:
Originally posted by Strelec
quote:
Originally posted by Divider
Зошто да не се чествува и одбележи Мисирков...
Мисирков е модератор!
[:D][:D][:D][:D][:D]
Мисирков модератор Браво за форумов ,ова за мене ми доаѓа како пријатна вест и тамам избор Унеско допрва ќе има кого да прославува [:)] Поздрав до форумџиите
Divider па што ако е модератор. како таков не може да става никого на бан. Затоа не предложив админи. Хехехехихихихиххахахахахаха!! Но, сериозно, мора да се предлагаат лица и настани, и тоа е едно своевидно претставување на Македонија, културата на македонија, историја, традиција.... Без политчка предумисла. Инаку не предложиле ништо, најверојатно, затоа што не се сложиле кој или што е најпартиски коректно и соодветно.
StormAngel [:D] E aj sea.
Divider [8D] Па сеа, види вака [}:)]