dejan |
A1 vesti.
Албанците во Црна Гора бараат автономија
Макфакс
19.01.2005
Територијална автономија за Албанците во Црна Гора побарал лидерот на Демократски сојуз на Албанците и пратеник во парламентот на Србија и Црна Гора Махмут Барди.
Како што пишува денеска белградскиот весник „Вечерње новости“, Барди со ова барање ги запознал и косовските власти.
Тој на средбата во Приштина, од претседателот на косовскиот парламент Неџат Даци и премиерот Рамуш Харадинај побарал Косово да помогне за подобрување на политичкиот статус на црногорските Албанци.
Според Барди, „Албанците во Црна Гора се неразделен дел од албанскиот народ“ и поради тоа, т.н. албанско прашање „не може да се решава на парче“.
|