Уште едно негирање на македонскиот јазик | |
Divider | Како не им е срам. „Престижната француска енциклопедија „Јазиците на човештвотоо“ (издание на иРобер Лафонни, Париз) го застапи и македонскиот јазик, меѓутоа во неа буквално се вели дека станува збор за дијалектна форма на бугарскиот, односно се оспорува неговиот идентитет како самостоен јазик. Советот за македонски јазик, на седницата што по овој повод ја одржа пред неколку дена, од некои причини оцени дека не станува збор за став на француската наука за јазикот, туку дека станува збор за недоволно компетентна личност во лингвистичката проблематика која се јавува како автор на прилогот за македонскиот јазик (Мишел Малерб, во соработка со Серж Розенбер). Советот ќе се обрати писмено до издавачот и лично до авторот, со укажување на овој пропуст, односно со барање тој да се коригира. Доколку и се прифатат ставовите на Советот дека ивидни претставници на францускиот научен и уметнички светти го третирале македонскиот јазик како самостоен, односно различен од бугарскиот и (или) српскиот јазик, не е јасно зошто авторите во едно престижно издание кое претендира да биде своевиден атлас на сите светски јазици се третираат како некомпетентни? Со други зборови, дипломатијата постои и во науката, а не само во политиката, особено кога се работи за такви важни прашања за сў уште кревкиот културен идентитет на македонската нација. Јасно е дека постфестумската реакција може малку да исправи, а дека наводот за наводната некомпетентност не може да се третира за научен аргумент, особено не ако е проценет од засегнатата страна. Останува да се види како, дали и кога Македонија како политичка заедница ќе реагира на овој труд, особено во периодот кога се аплицира за членство во Европската унија.“ преземено од утрински весник Дали ќе има реакција од нашиот амбасадор во Париз (Плевнеш), во Советот на Европа (Јанкуловски), МНР, Мин. за Образование, Култура. СМК? Или само ќе молчат како ништо да не се случило? |
Inkognito | Јазичарите ќе поправаат грешка стара 21 година Ивица Антески Владиниот Совет за македонски јазик реши да побара од авторот на француската енциклопедија „Јазиците на човештвото“, Мишел Малерб, да ја поправи грешката дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот. Македонските дипломати во Париз, кои исто така планираат да се сретнат со издавачот на книгата за да му посочат да ја поправи грешката, објаснуваат дека енциклопедијата е стара 21 година, а последното издание од 2004-та е само допечатување. Амбасадата смета дека институциите што се задолжени за заштита на македонскиот јазик требало да реагираат многу одамна. Грешката ја објавија македонските книжевни преведувачи преку својот месечник „Огледало“ пред еден месец. Тие ги повикаа одговорните институции во државава од францускиот издавач да побараат да ја поправат неточната информација. Според Советот, напишаното во енциклопедијата не е став на француската наука за јазикот, туку формулација на недоволно компетентна личност во лингвистичката проблематика. Дипломатите во Париз во текот на идната недела треба да се сретнат со претставници од издавачот „Робер Лафон“. Тие ќе инсистираат во евентуалните нови допечатувања на енциклопедијата да не се повторува грешката. - Овие работи треба да ги следат оние што се одговорни за јазикот. Амбасадата е преокупирана со многу обврски, а има малку луѓе. Интелектуалците и институциите што се занимаваат со оваа проблематика може најмногу да сторат за да не се случуваат вакви работи - велат од амбасадата во Франција. Во македонското претставништво објаснуваат дека во Франција има огромна издавачка продукција и дека немаат посебен човек или одделение што ќе ја следи. - Книгата е комерцијално, а не научно издание. Авторот направил само компилација од разни други извори - велат од амбасадата. Prevzemeno od Vreme |
Divider | Мижи асан да ти баам дека е амбасадата презафатена со други работи. Освен билатерални ништа (еднаш месечно потсетници, разговори, честитки и тн) немаат ама ништо работа. нека не јадат лајна што повторно се најдени со спуштени гаќи. Да го мрднеше Плевнеш газот наместо да мисли цело време до кога ќе дреме амбасадор за да знае кога ќе почне да живее раат од политика, и тоа таму, без да се врати назад некогаш. Тоа добиваме од амбасадори и дипломати чии интереси лежат на друго медсто и кои се лојални на земјите каде што работат на кон матичната земја која ги упатила таму. срамота. Реков јас, пак ќе ја префрлаат топката ваму таму и ништо реално нема да биде преземено и решено. |
Misirkov | Sram??? Orospija od vakov kalibar e operirana od sram! Se raboti za konkretna provokacija. EU ni ja udri klocata po amerikanskoto priznavanje, dodeka SDSM se uste pregovara so Grcija (i nudi glupost-resenie). Za neupatenite: Fransoa Miteran bese najgolemiot sojuznik na Grcija za promena na imeto, i izvrsi pritisok vrz Badinter da ja preincai odlukata deka samo Makedonija i Slovenija gi ispolnuvat uslovite da bidat priznati. A deka nashive se nesposobni da izreagiraat kako sto treba, e ocigledno. Kade e sega Mitreva zaedno so Ministerstvo za Kultura i Institutot za Makedonski Jazik da napravat summons na francuskata ambasadorka (koja e zalutana koj znae od kade i prethodno, po sopstveno priznanie ne ni chula za Makedonija)??? A da im go podzatvorime Francuskiot kulturen centar bidejkji takva nacija i jazik ne postojat?! A da im gi oterame site nivni sem ambasadorkata u pm kako nepozelni??? |
Divider | Мисирков, се е тоа убаво што го велиш, ама веќе е доцна. Сега треба да се рагира да се изврши измена и да се повлечат веќе испечатените копии, а со бркање дипломати ништо не се решава. Плевнеч треба да испрати информација до МНР за да може нашава министерка да реагира кај амбасадорката, за на крај му се упати нота на француското министерство за култура, нивното МНР и протест од Јанкуловски во Стразбур. Тоа би било доволно коа би се случило денес, најдоцна понеделник. Ама нема. Пишав пред тоа зошто нема. |