На Бриони со маршалот |
OooOo |
ДРАГАН ЧУЛИЌ, ТИТОВ МОРНАР
На Бриони со маршалот
Чулиќ за вистинско богатство ја смета приватната колекција од педесетина необјавени фотографии на Тито, кои го потсетуваат на убавите морнарски денови на јахтата "Подгорка"
Секогаш кога Тито ќе стапнеше со едната нога на јахтата "Подгорка", пукаа топовите од трите топовници, придружни воени бродови. Се ставаше претседателското знаме и сите морнари, подофицери и офицери на јахтата стоеја во став мирно - се присетува Драган Чулиќ, единствениот Македонец што пред триесетина години воениот рок го служел на јахтата со која Тито патувал од Пула до Бриони.
"Подгорка" била сопственост на Југословенската воена морнарица и да се патува со неа било голема привилегија.
- Јахтата беше изградена од махагоново дрво. Беше долга 28 метри, а висока осум. Имаше салон за гости и три палуби. Под мостот на бродот имаше палуба за шетање, на која Тито седеше со гостите и таму се служеа коктели. Долу под палубата, кај моторите, беа нашите спални. Јахтата имаше екипаж од дваесет члена, по осум морнари и подофицери и четири офицери. Кога тргнувавме од Бриони, брмчењето на "Подгорка" се слушаше дури до Фажана, бидејќи имаше три авионски мотори од Англија, вели 49-годишниот Чулиќ.
На "Подгорка" Чулиќ работел на прамец и како нуркач што бил задолжен за безбедноста на Тито.
- Секогаш стоев на палубата, а кога "Подгорка" се доближуваше до пристаништето, фрлав дрвена "крушка", која ја фаќаше некој од копното. Секојпат пред Тито да се качеше на јахтата, нуркав и со стаклени плочи на кои беше исцртано дното околу бродот, проверував дали местото е минирано. Макар и еден камен да не беше на своето место, се прогласуваше вонредна состојба. Два часа пред испловување се правеше целосна проверка на моторите и чистење на јахтата. Се носеа пијалаци и цвеќе, а потоа доаѓаше протоколарна служба за проверка - раскажува тој.
Во тоа време, со "Подгорка" патувале и претседатели на држави од целиот свет, кои на Бриони се подготвувале за конференцијата на неврзаните.
- Меѓу гостите беа и Ахмед Сухарто, претседател на Индонезија, Иди Амин, на Уганда, Сиримаво Бандаринаике, претседателката на Шри Ланка, а најголем впечаток ми остави посетата на Фидел Кастро. Тој на појасот носеше пиштол долг до колена и од обезбедувањето му рекоа дека не е дозволено внесување оружје на Бриони. На барањето од обезбедувањето да го предаде пиштолот, Кастро рече: "Во ниедна држава не сум се одделил од него, но покрај маршалот Тито се чувствувам безбедно". Потоа пиштолот го ставија на свилено перниче и го однесоа во сефот на јахтата - открива Чулиќ.
Деновите на "Подгорка" минувале во најголем ред, вели тој и секоја минута од денот била испланирана.
- Имавме готвачка што ни готвеше по желба. Во викендите многу ретко излегувавме, бидејќи на Бриони беше вистински рај. Или спиевме на "Подгорка" или во "чамчана вила", како што ја викавме, бидејќи беше покрај морето и од прозорецот ловевме риби. Пред појадокот, вежбавме фискултура и потоа секој се фаќаше за својата работа. Понекогаш Тито излегуваше на палуба и не прашуваше: "Златни мои момци, што има ново". Јованка секогаш патуваше со трите пудлици, а во тоа време често се караа со Тито поради гласовите дека таа му подготвува пуч. Секој ден на маршалот му доаѓаше и масерка, зашто имаше проблеми со циркулацијата - се присетува Чулиќ.
Сите морнари што патувале со Титовата флота, открива тој, поминале низ многу контроли и тестови за психофизичка подготвеност.
- Воениот рок во Морнарицата се служеше една и пол година. Во Пула, шест месеци имавме специјална обука и една година патувавме на некој од бродовите. Од шест илјади војници од цела Југославија, дел одеа во Титовата гарда, а потоа од неа се одбираа најдобрите и тие одеа на "Подгорка", "Јадранка", "Приморка" или на "Галеб". Не испрашуваа, истражуваа кои сме и од каде сме. Сред ноќ не будеа и со камиони не носеа во шума на ориентациски и диверзантски тренинзи - се присетува тој.
Чулиќ за вистинско богатство ја смета приватната колекција од педесетина необјавени фотографии на Тито, кои го потсетуваат на убавите морнарски денови минати на јахтата "Подгорка". |
Strelec |
Eve vi dve stranici so mnooogu fotografii od Tito...
http://www.titoville.com/voditelji.html
http://www.titoville.com/drugeslike.html
Rage, tuka ja ima i "slikana toj i chercil"!
|
OooOo |
[img]http://www.titoville.com/images/tito-in-castro2.jpg[/img] |
RaGeAnGeL |
hahahahahahahahah pero sega sakav da pisam dek ovaja e naj jaka slika[:D] |
RaGeAnGeL |
daj onaja slikana toj i chercil kaj so se |
n/a |
i po Tito mito :))) |
slasa |
KAJ SI BRE VNUCE ZAGINA |
cile |
nemozev da najdam slika od brodot, pa eve da si se utesam ...
[img]http://tinypic.com/1ew314[/img] |
VeGaS |
Epten mi e zal sto sum mal sto ne sum zateknal od Titovoto ubavo vreme (ustvari ne sum mal, kasno sum roden[;)]) |
RaGeAnGeL |
licen bil pustiot[:)]ali je*iga idemo dalje...TITO umre |
Strelec |
quote: Originally posted by RaGeAnGeL
...TITO umre
I po Tito - Tito!
|
Thief |
Мала исправка: И по Тито - Thief! [:D] |
RaGeAnGeL |
quote: Originally posted by Strelec
quote: Originally posted by RaGeAnGeL
...TITO umre
I po Tito - Tito!
aha da taka e[^] |
cile |
Tito i Sofija Loren
[img]http://tinypic.com/1f8s9y[/img]
Tito i Kirk Douglas
[img]http://tinypic.com/1f8si9[/img]
Neil Armstiong, Edwin Aldrin, Michael Collins i normalno Tito
[img]http://tinypic.com/1f8sjt[/img] |
HaCkEr` |
Jas si ja ishtampav na A4 format:D |
angel |
Фатив од времето на ТИТО. Тој умре кога бев школарец. Бев горд што бев титов пионер. На училишни приредби пеев и свирев „Друже Тито ми ти се кунемо“, па „Лепо ти је друже Тито коло“, па „Млада партизанка“, па „Ој, Козаро“....ех....тоа беа времиња! Иако бев млад (преку врски) учествував на младински работни акции “Плачковица„,“Мариово 76„ и “Београд 81„.Доживеавме силно дружење и единство во бригадите па плачевме неутешно кога се разделувавме и си ветувавме дека повторно сите комплет ќе учествуваме на друга акција.Тоа секако не се случи.Тоа беше морал, идеологија со која убаво и среќно се живееше. Бевме ЕДЕН ЗА СИТЕ, СИТЕ ЗА ЕДЕН а сега сме ЕДЕН ЗА СИТЕ, СИТЕ ЗА НИКАДЕ.
Тито ни велеше СТРАНАЦ У СФРЈ МОЖЕ ДА ДОЃЕ САМО КАО ТУРИСТА. А ние примивме се и сешто. Странци не учат како да живееме (читај:пропаднеме).Странски фондации финансираат наши здруженија со цел да не шпијунираат и да го насочуваат нашето однесување во правец на нивните интереси.
Тито ни велеше ЧУВАЈТЕ БРАТСТВО И ЈЕДИНСТВО КАО ЗЕНИЦУ ОКА СВОГА. А ние што направивме? Не подбуцнаа душмани со јаболко на раздорот и се одцепивме.
* * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * *
Маршале Тито, каде и да си сакам да те потсетам дека НА ЛУЃЕТО НЕ МОЖЕШ ДА ИМ ДАДЕШ ПАМЕТ ТУКУ МОЖЕШ ДА ИМ ГО ЗЕМЕШ. Ти предвиде многу работи и ситуации ама со ова направи превид. Можеби сакаше да биде ПОСЛЕ МЕНЕ ПОТОП ама тоа не ни го кажа.
* * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * * |