САД - Грција - Македонија | |
Strelec | Грција потиштена поради политика на САД кон Балканот Грција е потиштена од политиката што новата американска администрација ќе ја применува на Балканот, поради што ќе тргне во дипломатска офанзива, пишува грчкиот весник „Елефтеротипија“. Повикувајќи се на извори во Министерство за надворешни работи во Атина, весникот додава дека наскоро во Вашингтон ќе замине грчката дипломатска делегација, со цел лично да се запознае со американската политика на Балканот. Делегацијата треба да оствари средби со американски политичари и државници на кои ќе се разговара за проблемите на Балканот. Грчките дипломати, од своја страна, ќе изнесат оценки од нивните последни посети на земјите во регионот. Најавувајќи ја грчката дипломатска офанзива на Вашингтон, „Елефтеротипија“ пишува дека годинава на Балканот се очекува да има напредок во две отворени прашања - преговорите меѓу Атина и Скопје за разликите околу уставното име на Република Македонија и статусот на Косово. Извор: А1 Телевизија |