РЕВОЛТ ВО ВЕЛЕС
РЕВОЛТ ВО ВЕЛЕС
dejan zasto ova im go napravile?

РЕВОЛТ ВО ВЕЛЕС
Владата ги укина парите за рехабилитација на велешките деца
Потреба од помош за велешките деца се уште има бидејќи детоксикацијата на тешките метали од нивните организми не може да се случи веднаш, а родителите се финансиски немоќни сами да ги платат потребните реха

Револтирани од одлуката на Владата, со која од буџетот за 2005 година на Министерството за животна средина се избришани средствата за климатските рехабилитации на децата од Велес, чие нарушено здравје е последица на влијанието на тешките метали, родителите порачуваат: "Еко последиците нашите деца ги чувствуваат како реалност, а ние со нив секојдневно сами се справуваме". Реагирајќи на владината одлука, родителите констатираат дека е некоректно што Министерството за финансии штеди на сметка на здравјето на нивните деца. "Владата да ја преиспита својата одлука и да не заборава на даденото ветување дека ќе направи се да ги намали последиците од тридецениското загадување на Велес со олови, кадмиум и цинк", бараат родителите. Тие се финансиски немоќни сами да ги платат потребните рехабилитации затоа што поголемиот број од нив се социјални случаи.
Потреба од помош за велешките деца се уште има бидејќи детоксикацијата на тешките метали од нивните организми не може да се случи веднаш, констатираат и од Друштвото на родители за грижа за здраво поколение. Ако за рехабилитирање на болните деца во градот нема пари, државата нека престане да финансира програми и проекти за прибирање докази за последиците од еколошката катастрофа во Велес. Владата нив ги има доволно, а она што и недостига се акционите планови и конкретните активности за санирање на екопоследиците, особено во делот на заштита на здравјето на велешани, велат од Друштвото на родители.
(У.Ј.)

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=90369&idg=5&idb=1370&rubrika=Makedonija