Ќе трчам во чест на Трајковски | |
OooOo | "ДНЕВНИК" ОРГАНИЗИРА МЕМОРИЈАЛЕН УЛТРАМАРАТОН од мостар до скопЈе Ќе трчам во чест на Трајковски Борис Трајковски беше голем државник и човек и чест ми е што ќе трчам во спомен на него, вели ултрамаратонецот Александар Голо Познатиот ултрамаратонец од Мостар, Александар Голо, ќе претрча 600 километри од Ротимле до Скопје на првата годишнина од авионската несреќа во која загина Борис Трајковски со своите осум сопатници. Голо ќе стартува од местото на несреќата кај мостарското село Ротимле, а трката ќе ја заврши на гробот на Борис Трајковски во Скопје. Овој несекојдневен потфат ќе трае шест дена, а Голо ќе трча по 100 километри дневно. Ултрамаратонот ќе почне на 20 февруари, една недела пред одбележувањето на годишнината од смртта на Трајковски. Организатор и покровител на меморијалниот маратон е "Дневник". Наша екипа ќе ги следи Голо и неговата придружба на целата маршрута од Мостар до Скопје. - Подготвен сум за еден ваков потфат. Ова ќе биде најдолгата патека што ќе ја претрчам. Чест ми е што тоа ќе биде во спомен на македонскиот претседател Борис Трајковски, кој беше голем државник и голем човек. Моето трчање ја носи и ќе ја пренесе пораката за зближување меѓу луѓето и народите на овие балкански простори - вели Александар Голо. Тој ќе ја трча тешката ридско-планинска патека преку Херцеговина, Црна Гора и Косово. Неговата маршрута поминува преку градовите Требиње, Никшиќ, Подгорица, Колашин, Мојовац, Беране, Гусиње, Пеќ, Приштина и Урошевац - до Скопје. - По стартот, секој ден ќе трчам по 100 километри, односно, по околу десетина часа. Ќе стартувам во утринските часови и ќе трчам без прекин се до вечерта. Преку ноќ ќе се одморам. Со мене ќе трчаат и моите двајца синови кои често ме следат кога трчам на долги патеки, објаснува 46-годишниот ултрамаратонец. Голо деновиве активно се подготвува за да го издржи ултрамаратонот од Мостар до Скопје, со тоа што секој ден трча по триесетина километри од Мостар од Меѓугорје. Настапувал на повеќе ултрамаратони. Во 1984 година претрчал 100 километри од Сараево до Тјентиште за девет часа. Патеката помеѓу Сплит и Меѓугорје долга 150 километри ја поминал за само 16 часа. Трчал и на делницата од Дубровник до Чаплина долга 120 километри. Александар Голо е семејно врзан со Македонија. Неговата покојна мајка е Македонка. Голо во Скопје живеел до својата 2,5 годишна возраст, кога починала неговата мајка. По смртта на мајка си, детството го поминал кај својата баба во Мостар. Неговиот татко се уште живее во Скопје. (Б.Ѓ.) |
deni | svaka chast |
Divider | И јас би трчал да можам, секоја чест не само за тоа што ќе трча во чест на Трајковски туку и што може да истча толку многу. Му завидувам. Море не му завидувам. Се гордеам со него. Браво!!! |
Snake Bite | Sekoja cest! Sigurno ke ima lugje koi ke mu se pridruzat,a i treba.Od granicniot premin kon Makedonija treba da se organizira neshto... |
bojan81 | Ne mi e jasno kako predavnikot za kogo imase koncenzus deka e takov i od opozicija i pozicija otkako padna i se zapali da se pretvori vo Heroj. |
Misirkov | Ostaj toa, vo Washington kje pravat promocija na najnovata kniga za Trajkovski -- po molitveniot dorucek so Bush za nedela dena. I uste nekoi kje kapitzaliziraat od vrskata so nego pravejkji golem drzavnik i mirotvorec od amalot od Monospitovo, koga negovoto doadjanje na vlast e cenata za sproveduvanjeto na podelbata na Makedonija na etnicki kantoni. Ocevidcite opisuvaat kako covekot totalno pobudalel koga mu ponudile amerite zrak nadez za da se kandidira. Opisuvaa vo detali kako go fatila treska koga go vozele so koli so pratnja (so site "kerefeki", rotacionii svetla itn.). Ete tolku trebalo da go kupat "momchakot" so negovite KRAJNO ograniceni moznosti. Trajkovski bese i ostanuva sramota za Makedonija, a posebna malogradjanshtina se ovie egzibicii na sportisti, politicari, peaci itn. demek vo negova cest! |
marko_polog | Misirkov, Moze bil Trajkovski heroj, moze predavnik, za da se ima nekakva ozbilna diskusija ovde treba so fakti da pisuvate, odnosno kade zgresil, sto trebal da napravi poinaku itn.. Jas licno ne mozam da te svatam seriozno so ovija selski drami sto go fatila treska i slicni gluposti, kritikuvaj so fakti i sto mislis TI bi napravil poinaku. |
Snake Bite | quote:Me frapira postov,posebno koga se raboti za pocinat covek. Misirkov be...od umeren forumdzija se pretvori vo azder?! Covek ke pomisli deka neshto licno imash protiv Trajkovski.... ...amalot od Monospitovo?!Aman be?Ti ko da si roden na ploshtad? "Ocevidcite" koi bile so nego od raka mu jadea leb,ushte teloto ne mu se oladilo,a trachari kolku sakash.Pa ova e sramota be!Plosho neshto ne sum procital na forumov... Boris Trajkovski veruvashe vo boga i beshe golem Makedonec,a tie shto plukaat po nego mozat da bidat samo makedonchinja.Koj ucel gramatika ke ja zabelezi razlikata... |
RaGeAnGeL | alal da mu e na coekov...ic ne e bolen[:D] |
deni | Misirkov od koe selo si be sine ? seljachana teshko!! Da (editirano od administrator) na site sho go podrzuvate Misirkov |
Thief | Ќе и` пренесам на мајка ми... Туку, ти си сигурено еден од оние кои го плукаа додека беше жив и претѕседател, а сега го величаат?! Зарем не е лицемерие тоа? |
deni | aj proveri u arhiva kaj sum go plukal .I mene me nervirat tie sto go plukaa a posle go velicea ja ke nabrojam nekoj ako sakas u pvt da ne gi otkrivam kakvi se |
deni | DPMNE go plukav da , i do den deneska ke go plukam i vmro i ljubcho i branko i site . a boris , on beshe edna figura u celata taa igra. Boris beshe slika bez ton . Ama sepak imashe dobra dusha covekot zatoa go cenam ,licno go poznavav . |
RaGeAnGeL | deni u fu*cface relax[:D]tipov ke trca za trajkovski ....drugo ne e tolku bitno[;)] |
deni | me provocirat peer me praat hipokrit |
HaCkEr` | relax deni .. we love Boris Trajkovski:))) |