Македонија и решавањето на косовското прашање | |
Strelec | Повод да го отворам овој топик се неколкуте интересни изјави што ги слушам и читам во последно време, од разни претставници на меѓународната заедница... Едвард Џозеф, кој што јавноста го знае како претставник на Меѓународната кризна група (МКГ) во Скопје вели: „Каква било поделба на Македонија во решавањето на косовското прашање ќе биде катастрофална, исто како и во случајот со Косово и Босна. Кревкоста на Македонија, сепак, не е причина за одложување на прашањето за статусот на Косово, и сега е време да му се помогне на Скопје да се подготви за тоа“! Аналитичарот на вашингтонскиот центар „Вудро Вилсон“, Мартин Шлезингер смета дека независноста на Косово нема да ги смири Албанците и дека никако не смее да се исклучи можноста да продолжат немирите во регионот! Денешен “Гардијан“, повикувајќи се на изјави на дипломати и експерти во Брисел, пишува дека Косово се побрзо станува „црна дупка“ на Европа и за некоја седмица би можело да произведе ново насилство доколку Европската унија не преземе итна акција... Текстот завршува со оценката дека експлозијата би можела да се случи доколку, како што се предвидува, против косовскиот премиер Рамуш Харадинај биде подигнато обвинение од Хашкиот трибунал! Се прашувам, дали полека се наѕира некое ново замислено сценарио во врска со Косово? Имам впечаток дека со евентуално некакви нови комбинаторики во врска со Косово, позицијата на Македонија е цврста и стабилна. |
Bicho | Ima edna srekja vo celata situacija so Kosovo, a toa e shto pobedi Bush. Ha ha inaku dobar vic e onoa "EU da prezeme akcija" koga tie impotentni kopuci nekogash prezemale nekoja cvrsta akcija, ili pak pametno razreshile nekoj problem. Povtorno USA kje bidat faktorot koj kje odluchi kako kje se razmrsi Kosovskoto klopche. E ama neshto mi kazhuva deka shipcite ovojpat nema da bidat "sweethearts" na jenkite! |