Бугарите се удавија во Вардар
Бугарите се удавија во Вардар
ozonce Denes sluzam vojska i chitam Vreme i pochnav da se gazam od smea, pomislea deka sum lud (a sluzam civilna vojska u ludnica) ama imav prichina:

Бугарскиот пејач, ТВ-водител и забавувач Славеј Трифонов ја „запалил“ бугарската јавност бранејќи го својот препев на македонската народна песна „Јовано, Јованке“ од наводите во текстот на „Време“, посветен за заштитата на нематеријалното културно наследство.

„Прво, не сум ја превел песната на бугарски, зошто таа си е на бугарски и од бугарски нема како да се преведува. Второ, песната не може да биде осакатена од тоа што звучи на бугарски, зашто секогаш се пеела на бугарски. Трето, сум ја посочил државата од чија фолклорна ризница произлегува песната, а тоа е држава со 1.300-годишна историја. Етничките територии на таа држава се протегаат од сливот на Дунав до Бело Море и од Црно Море до Охрид и таа се нарекува Бугарија“, коментирал Трифунов во своето популарно ТВ-шоу и предизвикал лавина реакции кај публиката.

„Време“ во текстот посветен на новиот закон за заштита на културното наследство, кој првпат го опфаќа и духовното наследство, земајќи го како пример препевот на „Јовано, Јованке“ што неодамна го реализира Трифунов, го цитира Законот за авторски права, кој предвидува слободна употреба на народното творештво, но забранува сакатење на делото и негова недолична употреба.

- Ако станува збор за осакатување, што да кажам за тоа што тие го осакатиле бугарскиот јазик, препишувајќи го на српска машина за чукање - рекол Трифонов на неодамнешното шоу.

Следувале уште серија невкусни забелешки на сметка на македонскиот јазик и историја, за кои во името на новиот дух на меѓусебните односи, во Македонија веќе се размислува како за последици на повеќедецениската, но веќе заборавена асимилаторска политика на Бугарија кон нашата земја.

Забелешките на публиката, во голем дел, ја поддржале ваквата реакција на Трифонов, повторувајќи ги старите изветвени фрази за измислената македонска држава, но имало и забелешки на сметка на неговиот интелектуален капацитет и на неумереноста на атмосферата во ова ТВ-шоу.

Прашањето за заштитата на нематеријалното културно наследство е актуелна тема не само во Македонија, каде што новиот закон за заштита стапи во сила на 1 јануари, туку и пошироко. Поради деликатноста на третираната материја и УНЕСКО во 2003 година донесе специјална конвенција за заштита на овој вид наследство, која сите држави, а особено членките на Европската Унија, би морале да ја почитуваат.

http://www.vreme.com.mk/novost.action?id=19563&broj=300
concrete Cekaj ,cekaj malku , mislam deka "Jovano, Jovanke" , ama ic ne e narodno tvorestvo, aj nekoj postrucen neka cepne toa da vidi za genezata na pesnata!!!
Bicho Јас мислам дека ако буКариве не си ги затнат муцките совреме, ќе се удават во лајната во коишто пливаат!
melpomena Pa jas ushte odamna ja gledav na onaa bugarskana televizija "Makedonsko devojche" [}:)]
bojan81
quote:
Originally posted by melpomena
Pa jas ushte odamna ja gledav na onaa bugarskana televizija "Makedonsko devojche" [}:)]
Jas nema nisto protiv da slusaat makedonski pesni, i taka im bea zabranuvani do 1990 god. No sega na tatarcinjava im tekna nesto mnogu po pokvareno. Pocnaa da gi preveduvaat site makedonski pesni na bugarski. Makedoncite od bugarija reagiraa na ova najnovo svernavenje i asimiliranje na makedonskata muzika,da vo edna moznost i ja isplukaa edna bugarska peacka, no nikoj ne reagirase.
concrete Stom preveduvaat , znaci ima original , aj uzivaj, toa sega ic ne ni e glavniot problem...
Inkognito concrete Problemot e shto ovoj slavejov tvrdi deka nemalo prevod, deka taa si bila bugarska pesna Ova e glavniot problem vo situacijava .. ------------------------------------------------------------------------------------------ „Прво, не сум ја превел песната на бугарски, зошто таа си е на бугарски и од бугарски нема како да се преведува. Второ, песната не може да биде осакатена од тоа што звучи на бугарски, зашто секогаш се пеела на бугарски. Трето, сум ја посочил државата од чија фолклорна ризница произлегува песната, а тоа е држава со 1.300-годишна историја. Етничките територии на таа држава се протегаат од сливот на Дунав до Бело Море и од Црно Море до Охрид и таа се нарекува Бугарија“,
concrete Aj ostavi go Slavejov, ako vodime smetka sekoja budaletinka sto ke kaze za nasite pesni, kaj ke stigneme. Samo neka si pee covekot, samo neka si pee....he.he!! Sto poveke pee makedonski pesni tolku podobro!!!!
ozonce Ne mora da vodime smetka, ama maksimalno da se smeeme na niv :)