zosto stalno ima nekoj greski? | |
dejan | za glasanje na lokalnite izbori? vo posebno vreme citam deka nekoj se zapiseni tamu, koga trebat negde tamu da bidat zapiseni. eve sega go procitav ova, http://www.vreme.com.mk/novost.action?id=19627&broj=301 ova e vazno za mene deka jas sum od vizbegovo i chichko mi e vo ovaa vest:p Жителите на Визбегово станаа гласачи на три општини Александра М. Митевска Филиман, најстариот член во семејството Радичевски од скопското село Визбегово, на локалните избори ќе гласа за кандидатите за градоначалници и за советници во новоформираната општина Бутел. Неговото село се припои кон таа општина со територијалната реорганизација. Другите членови на семејството, пак, кои живеат во иста куќа со Филиман, ќе гласаат за кандидатите во Шуто Оризари или во Карпош, бидејќи нивните имиња ги немало на избирачкиот список за гласачкото место 2915, кое е сместено во месната заедница Визбегово. На претходните локални избори, кога Визбегово беше во рамките на општината Чаир, сите гласачи од селото, и Македонци и Албанци и Бошњаци, биле запишани на списокот за тоа гласачко место. Македонците, кои се мнозинство во Визбегово, случајно откриле дека од избирачкиот список во нивната изборна единица „испариле“ околу 800 гласачи. Тоа го констатирале кога се одзвале на повикот за увид во Единствениот избирачки список. Тие биле изненадени кога виделе дека во избирачкото место 2915 се евидентирани само 119 гласачи, а претходно биле 958. Поради тоа реагирале до Министерството за правда, кое вчера попладне требаше да испрати екипи на теренот. Отколку 350 жители на Визбегово потпишале и петиција, а формиран е и штрајкувачки одбор. Ако не се поправи грешката тие најавуваат дека ќе го блокираат магистралниот пат Скопје - Приштина. Во Министерството за правда велат дека се работи на случајот. Додека екипата на „Време“ престојуваше во Визбегово, виде копија од извадокот од избирачкиот список, на која меѓу119 запишани гласачи нема име на ниту еден Албанец или Бошњак, иако тие се населени во ист дел од селото. Албанците во Визбегово велат дека не знаат за проблемот и не сакаат да зборуваат за него. Според жители на селото, во списокот влегле само жители од еден дел на селото и само по некоја куќа од другите реони. Но и во регионот што влегол на листата ги нема станарите на првата и на последната куќа. На избирачкиот список не се нашол ниту еден од триесетина полнолетни члена на фамилијата Димовски.znaci site vo moja familija ne e toj spisok! - Се надеваме дека грешката ќе се коригира. Во спротивно, нема да излеземе на изборите, зашто всушност и не знаеме каде треба да гласаме. Чудно е да живееме во една општина, а да избираме локална власт за друга. Тука е индустриска зона и има многу производствени погони, па на која општина ние тогаш ќе и ги плаќаме даноците - прашува Зоран Димовскиpozdrav;), член на штрајкувачкиот одбор. Неговиот сосед Златко Црвчевски, пак, потенцира дека за нив проблемот воопшто не е политички, туку дека не сакаат да се дели селото. - Се надеваме дека проблемот ќе се реши легитимно, бидејќи законот е на наша страна. Според Законот за територијална организација од август минатата година, цело Визбегово, заедно со Љубанци, Љуботен, Радишани и дел од Чаир влезе во рамките на општина Бутел. За нас нема никакви политички интереси, туку само интереси на месната заедница Визбегово. Ако вака се поделат гласачите на селото, ние никогаш нема да имаме наш пратеник, а тешко дека би добиле и советник во локалната власт. Кој тогаш ќе ги штити нашите интереси. Еве видете го руинираниот објект на основното училиште. Тука учат само 15 Роми од населбата Момин Поток. Македонците ги носат децата на училиште во Карпош, а Албанците во Шутка и во Чаир - објаснува Црвчевски. Во Министерството за локална самоуправа велат дека од територијален аспект се е во ред. - Цело Визбегово во рамките на неговите катастарски граници влегува во општина Бутел. Меѓутоа има куќи што се изградени надвор од катастарските граници на селото. Тие се викаат Визбегово, ама влегуваат во катастарската општина Шуто Оризари - појаснуваат во Министерството. |
Snake Bite | Ne se toa greshki deane,toa se namerno napraveni greshki. |
dejan | zasto se namerno?! |