Донација од телеком | |
OooOo | ДОНАЦИЈА ОД ТЕЛЕКОМ Бесплатен Интернет за 350 училишта Околу 350 училишта до септември ќе добијат бесплатна АДСЛ интернет-врска од "Македонски телекомуникации" во рамките на проектот "Училиште на Интернет", кој вчера го претстави генералниот директор на фирмата Атила Сандреи. Акцијата ќе се изведува во соработка со Министерството за образование. Од денеска ќе почне првата фаза од акцијата за поврзување во 150 училишта во Скопје, Битола, Куманово, Охрид, Прилеп, Велес, Штип и во Струмица. АДСЛ интернет-врската за училиштата е донација на телекомот во рамките на проектот "Училиште на Интернет". За околу два месеца брз Интернет ќе добијат уште 100 училишта во Струга, Ресен, Македонски Брод, Кочани, Кичево, Дебар и во Демир Хисар. А од јуни до септември "Македонски телекомуникации" ќе им овозможат 24-часовна поврзаност со светот уште на 100 училишта. "Македонски телекомуникации" за акцијата годинава ќе донираат околу 500 илјади евра. Телекомот најави дека на училиштата ќе им понудат и бесплатни модеми и ќе им обезбедат простор за интернет-претставување. Заменик-министерот за образование Тале Герамитчиоски вели дека има училишта што се уште не се поврзани на Интернет, но најави оти состојбата ќе се подобри со новата донација на кинеската влада од околу четири илјади компјутери. Тој вели дека на листата на степенот на компјутеризираност во регионот, осмолетките во земјава се наоѓаат на "самото дно". Но, вели дека состојбата во средните училишта е подобра. |
Strelec | Ова е одлично... Браво! |
VeGaS | e mnogu ke dadat ... ali sepak daj sta dash |
concrete | Besplaten ADSL ili bidejki skoro site telefoni se iskluceni "macka vo vreka",decata i ponataka ke lizat seker preku staklo ????? I najinteresno, toa e samo vo Skopje,namesto obratno po sekoja cena vo sekoe selsko uciliste da se vkluci besplatna ADSL kenekcija koja ke nema vrska so mrtviot selski telefon. Marketing za sega, vo realizacija ?? Bomo videli, daj Boze da aplaudirame : BRAVO za sefteto T-Com , dole hunski MATAV!!!!!! |
protivpropaganda | Браво! Добра ствар нема што. Само до кога, се прашувам, ќе се радуваме на донации. Небаре сме просјаци на улица со испружена рака. Каде ли ни отиде достоинството, на поединечно и на општествено ниво. |
Whitebaby | quote:Tetovo i Gostivar se vo poslednite 100 uchilishta... ili teshko nekako? [:(!] Se poveke i poveke ko da ne se del od Makedonija! Sho e ova bre?!?!? Sramota!!! Zarem Tetovo i Gostivar ne zasluzhuvaat donacija? Kako toa uopshte ne se ni spomnati... bruka! Ko da se raboti za nekoi naselbi od po 100 zhiteli... |
трендафил | Којзнае што ли ќе донира по некоја година идниот газда на Електростопанство? |
lav | Само да напоменам дека вакви „безплатни„ донации за училиштата низ Македонија имаше и пред 2000 година кога министерството за образование „доби„ комјутери од генерацијата 486 кои стоеја во подрумите додека не застареа во своите оригинални пакувања. Каде се сега НЕ ЗНАМ , разбира се. пс „Донатор„ беше (си мислам ама не сум сосема сигурен во тоа) г.Антонио Пешевски - кум на прецеднико сегашен ФИРОМСКИ. |
intel | quote:Наш прв интернет провајдер[:D] quote:Прашај ги тие што дојдоа на власт 1998. |
ozonce | quote:Ufff lazna nadez, deka neshto e dobro... zalosno e!!! Denes chitav vo vreme, ke imalo e-vlada, e-obrazovanie, e-ova e-ona... koj ke go koristi seto toa?! Koga plakam edno evero za chas internet?! |
lav | Убаво е ако има таква Е-Влада , тоа веќе е стандардно и воведено дури и во албанија. И не знам зашто не му плаќаа на мјакрософт за да навреме си ги изврши обврските и тој кон нашата држава. пс Ама изгледа и жаба веќе не крека на неподмачкано и суво!! |