Железничкиот сообраќај
Железничкиот сообраќај
StormAngel ЦЕЛОСНО БЛОКИРАН ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ



Синдикатите на ЈП "Македонски железници" денеска ја продолжуваат целосната блокада на железничкиот сообраќај што ја почнаа вчера во 15 часот.

Ваквата одлука следува по преговорите со директорот на претпријатието и заменик-министерот за транспорт и врски на кои не е постигнат договор за барањата на синдикатите.

Управниот одбор на МЖ вчера донесе одлука за почнување на постапката на поединечното вреднување на вработените во претпријатието, според критериумите од член 227-а и 227-б од колективниот договор, како почеток на реализацијата на Програмата за намалување на бројот и структурата на вработените на кои ќе им престане работниот однос поради економски, технолошки, структурални и други причини.

Управниот одбор, исто така, одлучил да им предложи на синдикатите во Македонските железници, на вработените кои ќе бидат прогласени за технолошки вишок да им се доделат дополнителни четири отпремнини, за кои средствата би се обезбедиле со солидарно издвојување од платите или коефициентот на квалитетот во работењето од сите вработени во Македонските железници, како и од месечните надоместоци на членовите на Управниот одбор и Надзорниот одбор на ЈП "Македонски железници", во тек на неколку месеци.


Превземено од МИА
slasa zalosno sto go skina vovceto kirco od ohrid za kicevo ,,, majka mu bese na vremeto ,,,
Bicho Najzhalno od se vo celava rabota e shto jas vo zhivot se imam vozeno so "vlak" [:D] cirka 4 (i so bukvi: chetiri) pati. A sum letal nakaj 156 (i so bukvi: stopedesetishest) pati (dobro sea 132 bea so helikopter, ama pak e vozdushen transport neli?!) No sepak nekako najromantichno mi e patuvanjeto so voz. Pa imash bife, pa couchette, pa tandrkaat toa shinite, pa zagoreni devojchinja u kupe ti vlagaat mh, mh, mh, abe milina edna[}:)]...