Лековити билки |
Strelec |
Алое (Aloe Vera) за појак имунитет
Луј Пастер, кој во 19 век открил дека микроорганизмите се предизвикувачи на разни видови инфекции, го осознал и фактот дека јакнењето на имунолошкиот систем во човековиот организам е подобра стратегија отколку уништувањето на причинителот на заболувањето. Во текот на 20 век фармацевтската индустрија доживува вистинска експанзија со производство на лекови што имаат улога во уништување на микроорганизмите - предизвикувачи на разни болести. Лековите помагаат при третман на одделни заболувања, но самите по себе се отрови, особено разните антибиотици со широк спектар на дејство, лекови со антивирусно дејство, многу користената хемотерапија во лекувањето на малигните заболувања итн.
Постојат многу дарови од природата што позитивно дејствуваат на имунолошкиот систем и ја стимулираат неговата функција. Лековитите особини на кактусот алое вера се познати уште од стариот век. Александар Македонски ги лекувал своите рани со масло од таа пустинска лилија што дарува здравје и виталност.
Модерните научни испитувања ја потврдија лековитата моќ на алоето и се повеќе расте неговата употреба во терапија на многу болести на модерното живеење.
|
The_Crow |
Ne ocekuvav deka nekoj ke mu tekne da pisuva nesto za i okolu aloe verata. Se sekavam deka imav eden preparat za cistenje mozolcinja na liceto i bese obogateno so aloe vera i navistina cistese koj bi rekol.
|
n/a |
1. Garlic
http://www.glenbrookfarm.com/herbs/garlic.htm
2. Arnica
http://indianspringherbs.com/arnica.htm
http://electrocomm.tripod.com/arnica-arnica.html
|
melpomena |
Jas piev porano Aloe, se prodavase vo Mk vo kantichki, vo vid na gel [:)]
Od bilki bi gi preporachala
Shvedska Gorchlivka,
toa e technost i se pravi od povekje bilki megju koi i aloe, se mesa so 43% alkohol i stoi na temno i toplo mesto 14 dena. Moze da se kupi gotova, no majka mi doma ja pravese i taka domashna napravena e pokoncentrirana i poefikasna.Taa e dobra za digestivniot sistem, se dava i pri reumatizam, a isti se nanesuva i na kozata kaj egzema, ozhiljci, ubodi od insekti, crvenilo (rash) i izgoretini.
Se zema rastvorena po edno lazhiche vo chaj ili voda, tri pati na den pred jadenje.
|
zlotty_co_380 |
Zatoa site Azijcine go pijat i ne starejat , izgledaat mnogu mladi, polno kazale deka aloe dava podobar imunitet i nesto za kozata da ne ti staree, najverojatno ima vistina vo toa, zatoa site se mladi... |
Strelec |
Босилек (лат. Ocimum basilicum)
Зачин и лек
Наклонетоста кон таа ароматична билка во Италија ја претворила во симбол на љубовта, па, според традицијата, садот со босилек оставен на моминскиот прозорец бил знак за нејзиното момче што значело дека го очекува. Слична приказна постои и во Романија, каде што момчето се сметало за верено ако прифатело гранче босилек.
[img]http://www.vecer.com.mk/content_images/bosilek-8.jpg[/img]
ЗАНИМЛИВОСТ: Љубовна напивка
Босилекот, според пишувањата, се смета за средство кое го засилува половиот нагон, па од него се подготвува напивка за зајакнување на потенцијата. Што се ви е потребно да ја подготвите напивката: една чајна лажичка иситнет босилек се става во еден децилитар бело вино и се загрева додека виното не се запени. Кога малку ќе се излади се додава лажичка мед. Топлата напивка треба да се зема навечер, пред спиење. Наводно добриот успех, за кој ќе треба да бидете трпеливи и да не очекувате резултати уште истата вечер, е поради дејството врз доброто расположение. Затоа и чајот од босилек се препорачува на раздразливите или депресивните личности. Во народната медицина се користи и за спречување и отстранување на: депресија, надуеност, мачнини, астма, кашлица, за белодробни заболувања, а маслото ја смирува иритираната од убоди од инсекти кожа. Купките со листови босилек или екстракт се применуваат во козметиката за нега на дехидрираната и слаба кожа, како и за чистење на лишаите или исипување.
Билка која никого не може да остави рамнодушен затоа што мирисот сам по себе е потполн и еден од оние поради кои, многу готвачи ќе сложат со ова, се добива идеја за оброк. Се работи за типична зачинска билка од медитеранското поднебје, позната по аромата и убавината на листовите со кои се обогатуваат многу јадења главно во приморската, но и источната кујна. Иако веќе со векови е вдомен во нашите краишта всушност по потекло е од Индија, а во Европа го донеле монасите во 12 век. Дека во старите времиња бил омилен зачин, потврдуваат и записите од Стариот Рим, според кои, босилекот за време на владеењето на Цезар се ценел и како додаток во јадењата и како украсна билка. Остатоци од овој зачин се најдени и во египетските гробници од времето пред 3500 години пред нашата ера. А дури и тогаш се знаело дека босилекот, освен како зачин е и мошне вредна и лековита билка.
Едногодишна билка од фамилијата Laimacae осетлива на ниски температури, па затоа ретко успева во природата. Главно се одгледува култивирана, а во домаќинствата и во садови. Секој вистински готвач, кој знае да ја цени вредноста на свежиот босилек, ќе се потруди да си го обезбеди при рака. За оние кои никогаш не го одгледувале, еве начин како да се стори тоа бидејќи сега е вистинското време - внимавајте секогаш да биде на топло и сончево место, затоа што така ќе имате свежа зачинска тревка до зимата. Значи, семето на босилекот, што најдобро успева на пролет, посејте го во мешавина од земја и песок и обилно залијте го. Не треба да се прекрива со земја затоа што 'рти на светлина. Се препорачува садот да се чува на сончево место каде што има барем пет часа дневно сонце и да се полева повеќе од останатите растенија. Исто така, не е добро да се изнесува надвор додека не се затопли убаво затоа што температурата под 14 Целзиусови степени, ќе го спречи растењето. Внимавајте и кога ќе дојдат првите летни дождови. Сместете го во затворена просторија, така ќе го заштитите од наглите температурни промени.
Листови за цела сезона
Има неколку видови босилек, и тоа од високи грмушки кои нарастуваат и до 60 см со зелени или црвенкасти листови до оние со мали листови, ниските сорти со висина од 25 см. Времето на цветање е од јули до септември, а со оглед на тоа што цветовите се розеникави и немаат голема употребна вредност како зачин, препорачливо е горните делови на кои растат да се потсечуваат за да се поттикне развојот на листовите. Листовите можат да се берат во текот на целата сезона на растењето. Свежо набраните листови не се препорачува термички да се обработуваат, туку се додаваат во јадењата пред сервирањето. Иако најсилна е аромата кога се свежи, листовите можат и да се сушат во китки на темно и проветрено место, а така подготвен босилекот може да се чува добро затворен затоа што е чувствителен на светлина и склон на ветреење. Во текот на целата година ќе имате свеж босилек ако го иситните и измешате со маслиново масло во паста што потоа ќе ја замрзнете во помали садови. Уште поедноставен начин е да ги замрзнете листовите во пластично ќесе.
Совет: Веројатно најдобро е ако целите листови ги ставите во широк сад со маслиново масло (може и сусамово или од кикиритки). Така, освен свеж босилек ќе имате и ароматизирано масло - идеално за зачинување салати во текот на целата година.
Употреба
Како вистинско гурманско доживување се употребува во салатите, разно-разните сосови, јадењата од свеж зеленчук, свежото кравјо сирење, сокот од домати, разните коктели, супи и тестенини, како и месото. Сушениот добро се согласува со говедско и овчо месо, сос од домати, супа од зеленчук. А со оглед на тоа дека ја отстранува надуеноста, добро е да се користи и за зачинување на гравот или јадењата од други мешункасти растенија.
|
concrete |
Interesna tema.
Imam eden tefter od majkami,so sobirani recepti verojatno od baba mi i ponataka.....megu drugoto i za samoprajski lekovi:):):)!!!
Eve eden iteresen, se sekavam deka odlicno funkcionirase kako sirup za vospaleno grlo..ama koj sega da go pravi???
40 mladi oravcinja preseceni na polovina vo 800 grama kristalen seker, vo dobro zatvorena tegla , nadvor na sonce 2 meseca. Se dobiva gusta temna tecnost koja se proceduva niz sitna cedalka.Toa se mesa so litar med i litar kvaliteten rum, se zapecatuva vo sisinja na koi se pisuva godinata.So vreme ostanuva talog na dnoto na siseto koj ne treba da se zema.
Se sekavam go narekuvavme otrovot...bese delotvoren, (ne poveke od lazicka dve dnevno koga e potrebno) , a kolku e i navistina otrov neznam:):):)!!!!
Ili ova...cela tehnologija:litar ladno cedeno maslinovo maslo vo stakleno sise so 5-6 struka kantaron.Napolneto do vrv da nema vozduh.Grloto na siseto zalieno so vosok i vrzano so konop za da moze da se obesi nadvor , pod senka na juzna strana. Ova obesuvanjeto verojatno zaradi muckanje pri veter????
Se sekavam deka se stava na povredi,problemi so kozata,herpesi itn.
|
nemo |
quote: Originally posted by zlotty_co_380
Zatoa site Azijcine go pijat i ne starejat , izgledaat mnogu mladi, polno kazale deka aloe dava podobar imunitet i nesto za kozata da ne ti staree, najverojatno ima vistina vo toa, zatoa site se mladi...
A ti ostare li?[:D] |
zlotty_co_380 |
quote: Originally posted by nemo
quote: Originally posted by zlotty_co_380
Zatoa site Azijcine go pijat i ne starejat , izgledaat mnogu mladi, polno kazale deka aloe dava podobar imunitet i nesto za kozata da ne ti staree, najverojatno ima vistina vo toa, zatoa site se mladi...
A ti ostare li?[:D]
A be sekoj den se custvuvam postar, nezam oti [:D], ama sigurno ima nekoja finta so toa pijalokot, ima eden mnogu dobar aloe vo hong kong go prodavaat na Chek Lap Kok , tuka nemoam da go najdam, se razlikuva mnogu od tie obicnite ,ama pustoto e okolu 40$usd , za 3 sisinja , bozem viski e da mu se snevidi. A ovie obicnite kojznae mozabi se isto taka lekoviti [?], priroda vidis sto tie e toa, trefki.... |
nemo |
quote: Originally posted by melpomena
Jas piev porano Aloe, se prodavase vo Mk vo kantichki, vo vid na gel [:)]
Od bilki bi gi preporachala
Shvedska Gorchlivka,
toa e technost i se pravi od povekje bilki megju koi i aloe, se mesa so 43% alkohol i stoi na temno i toplo mesto 14 dena. Moze da se kupi gotova, no majka mi doma ja pravese i taka domashna napravena e pokoncentrirana i poefikasna.Taa e dobra za digestivniot sistem, se dava i pri reumatizam, a isti se nanesuva i na kozata kaj egzema, ozhiljci, ubodi od insekti, crvenilo (rash) i izgoretini.
Se zema rastvorena po edno lazhiche vo chaj ili voda, tri pati na den pred jadenje.
Sto e toa? "ozhiljci" |
nemo |
quote: Originally posted by concrete
Interesna tema.
Imam eden tefter od majkami,so sobirani recepti verojatno od baba mi i ponataka.....megu drugoto i za samoprajski lekovi:):):)!!!
Eve eden iteresen, se sekavam deka odlicno funkcionirase kako sirup za vospaleno grlo..ama koj sega da go pravi???
40 mladi oravcinja preseceni na polovina vo 800 grama kristalen seker, vo dobro zatvorena tegla , nadvor na sonce 2 meseca. Se dobiva gusta temna tecnost koja se proceduva niz sitna cedalka.Toa se mesa so litar med i litar kvaliteten rum, se zapecatuva vo sisinja na koi se pisuva godinata.So vreme ostanuva talog na dnoto na siseto koj ne treba da se zema.
Se sekavam go narekuvavme otrovot...bese delotvoren, (ne poveke od lazicka dve dnevno koga e potrebno) , a kolku e i navistina otrov neznam:):):)!!!!
Ili ova...cela tehnologija:litar ladno cedeno maslinovo maslo vo stakleno sise so 5-6 struka kantaron.Napolneto do vrv da nema vozduh.Grloto na siseto zalieno so vosok i vrzano so konop za da moze da se obesi nadvor , pod senka na juzna strana. Ova obesuvanjeto verojatno zaradi muckanje pri veter????
Se sekavam deka se stava na povredi,problemi so kozata,herpesi itn.
imas li go zapisano nekade caj protiv stomacni bolki koj se pravi od sina kitka . Rastte po pole pettoprstenest cvet so fina nebesna boja. |
melpomena |
quote: Originally posted by nemo
quote: Originally posted by melpomena
Jas piev porano Aloe, se prodavase vo Mk vo kantichki, vo vid na gel [:)]
Od bilki bi gi preporachala
Shvedska Gorchlivka,
toa e technost i se pravi od povekje bilki megju koi i aloe, se mesa so 43% alkohol i stoi na temno i toplo mesto 14 dena. Moze da se kupi gotova, no majka mi doma ja pravese i taka domashna napravena e pokoncentrirana i poefikasna.Taa e dobra za digestivniot sistem, se dava i pri reumatizam, a isti se nanesuva i na kozata kaj egzema, ozhiljci, ubodi od insekti, crvenilo (rash) i izgoretini.
Se zema rastvorena po edno lazhiche vo chaj ili voda, tri pati na den pred jadenje.
Sto e toa? "ozhiljci"
Jas se izvinuvam za srbizmite- ozhiljci-belezi[8)] |
melpomena |
Zhalfija protiv potenje
Se dodava edna lazhica listovi od zhalfija vo chasha vrela voda, se ostava da odstoi 4 saata, i se proceduva. Treba da se pie chajot sekoj den najmalku 1 mesec i kje se primeti podobruvanje.
-Se potopuva 20gr zhalfija vo 250ml belo vino i se ostava da odstoi nedela dena. Se dodava vo kupka 9za telo) ili vo legen (za mienjue na nozete).
|
nemo |
ima li nekoj napitok za razvivanje na vnatreshnata energija za pobrzo da strui. |
element |
Za podobro dishenje se odi na more, se seta pokraj ezero i se vozi na brod a se pie caj [:D][:D][:D] |
angel |
quote: Originally posted by nemo
ima li nekoj napitok za razvivanje na vnatreshnata energija za pobrzo da strui.
Mavni edna z'ta pa ke vidis. |
nemo |
quote: Originally posted by angel
quote: Originally posted by nemo
ima li nekoj napitok za razvivanje na vnatreshnata energija za pobrzo da strui.
Mavni edna z'ta pa ke vidis.
ne mislev na alkohol ili jaka droga, a za z#180;ta ima prilika[:D][:D][:D] |