Почина Минимакс
Почина Минимакс
OooOo Почина Милован Илиќ Минимакс

Познатиот телевизиски и радиски новинар Милован Илиќ Минимакс синоќа почина во италијанскиот град Падова, после долго и тешко боледување.

Минимакс е роден на 5 ноември 1938 година во Липница, кај Крагуевац. Основно и средно училиште завршил во Крагуевац. Потоа се запишал на белградскиот Правен факултет, но не го завршил.

Почна да работи во весникот „Јеж“, а во 1960 година премина во Радио Белрад. Со емисиите „Утре е петок“ и „Точно на пладне“, попозната како „Туп-туп“, која ја водеше 22 години, постигна голем успех.

По укинувањето на некои негови радио емисии, кариерата ја продолжи на Радио-телевизија Србија, каде што ја водеше култната емисија „Од глава до пета“. Кога беше укината и таа емисија, од 1990 година едно време на ТВ Политика ја водеше забавната емисија „Минимаксовизија“.

Своите познати емисии („Минимаксовизија“, „Недела кај Минимакс“ и „Фонто„) Илиќ потоа ги правеше и за ТВ Пинк и Палма.

Автор е на неколку книги со афоризми и песни, како и на многубројни колумни во разни весници.

Со сопругата Билјана која почина неодамна, имаат ќерка Ана и син Владимир. Од првиот брак Минимакс го има синот Игор.
DonVito da mu e lesna zemjata
Strelec Тој беше човек кој што ме насмеал барем илјада пати во животот... Нека му е лесна земја! [img]http://media.a1.com.mk/media/vesti/minimaks.jpg[/img]
Pina ...a on i dalje chachka mechku u Chachku...prodaje selotejp u Prilepu...i ubija Mrtvo More namrtvo.. Ova vaka malku mi ostana vo pamet od "Tup - Tup".
Thief Улазим ја у кафану у Хрватску... Седим мало, па онда ја устах, кад оно сви усташе! :) По консултациите со Арсен Дедиќ, реши да се оперира во истата клиника, кадешто претходно на Арсен му беше шресадена јетра, чинам... За жал и за разлика од Арсен, не ја прижева операцијата и рехабилитацијата. Нека му е лесна земјата!
StormAngel Neka mu e lesna zemjata i vecna slava Pred nekolku meseci ja sledev poslednata negova emisija na PINK.Takov voditel kako Minimax,tesko deka ke ima.Covekot bese siot nasmean i cool
Strelec Ма социјализам је дивна ствар... Али где баш нас наѓе? - Минимакс
dbk lesna mu zemja
Pina
quote:
Originally posted by Thief
Улазим ја у кафану у Хрватску... Седим мало, па онда ја устах, кад оно сви усташе! :)
I na krajot dodava: "Fini ljudi, pomislim/kazhem ja!" Ova kolku da se potsetime.