Незаконски потрошени стотици илјади евра
Незаконски потрошени стотици илјади евра
OooOo Министерството за култура незаконски потрошило стотици илјади евра

Министерството за култура спротивно на законите и ненаменски потрошило стотици илјади евра - ова го покажува извештајот на државниот завод за ревизија за 2003 година до кој дојде А1.

Најголеми неправилности барем во однос на сумите се утврдени кај одбележувањето на 100-те години македонска државност 1903-2003 и зделките за т.н Унесковата куќа на уметностите.

За прославата на Илинден во 2003 слично како и во аферата Пелинце владата го овластила министерството целиот проект да го изврши со непосредни спогодби. Ревизорите утврдиле дека 100 години од Илинден не е настан што не можел да се предвиди, па констатирале дека се прекршени Уставот и законите.

Така, за Илинден, спротивно на законот за јавни набавки, пишува во извештајот, се потрошени околу 650.000 евра државни пари. Министерството за култура ги прекршило законите и со зделките за Мала станица. Ревизорите утврдиле дека набавената кино опрема во вредност од околу 300.000и евра за Унескова куќа на уметностите или Мала станица, спротивно на законот, министерството ја инсталирало во киното Фросина во МКЦ.

Интересно е, што и покрај тоа што владата се откажа од проектот Унескова куќа, сепак во 2003 се склучувале договори за градежни работи. Посебен дел од ревизорскиот извештај за 2003 се и парите што Министерството ги добило од донации. Така, за двестоте илјади евра од ЕСМ министерството нема никаков договор, а домашните донации од 1.800 евра биле префрлени на службени кредитни картички и трошени за патни трошоци.

Во овој дел на извештајот оценката на ревизорите е дека парите во министерството за култура се трошеле незаконски и ненаменски, тука спаѓаат неоправданите авионски карти и поправките на приватни возила.




Za 650.000 Evra, 100 godini Ilinden trebashe da bide nastan od svetski ramki, a ne neprimetno da projde.
Me interesira shto ako utvrdile deka parite ne se troshele zakonski? Koj kje gi snosi posledicite?? I ova kje projde neprimetno i posle nekoe vreme kje se zatashka, kako i site zdelki od '91 do den denes!
Misirkov Sto zboris be????? Ne e mozno!
Misticen ИииИИи! Немогуче! Ти ме хочеш лагати:)) Немогуче мислам да е невистина ова. Нормално дека е могуче. А последиците ке ги сносат граѓаните нормално. Изгубив волја сеа да куцам и фискална...коа гледам како се трошат моите пари...:))
lav Еве и [url="http://www.dnevnik.com.mk/"]овде[/url] опишан случај на непотрeбно трошење народни пари , или пак пари тешко добиени на кредит .........сеедно е. Не го гледам ефектот кој ќе се „постигне„ кај „тие„ во Стразбур , кога ќе видат оволку (не)дој(а)дени „сватови„ на сеуште незакажана , а камоли пак и можна за одржување „свадба„ , секако во некоја блиска иднина. пс Точно е дека невестата е со „мевот до заби„ , ама тој кој ја „онадил„ нема поим дека треба и да ја зема в’куќи , разбира се дека се мисли за невестата.