Конфликтот меѓу опозицијата и позицијата
Конфликтот меѓу опозицијата и позицијата
OooOo Андов бара да се намали конфликтот меѓу опозицијата и позицијата

Еден од најголемите критичари на последните социјалдемократски влади, либералот Стојан Андов, денеска со изненадувачки конструктивен настап во Собранието.

Јавно застана зад идејата, конфликтот меѓу опозицијата и позицијата да се сведе на минимум. Опозициските партии треба да реагираат само тогаш кога се сигурни дека Владата греши, вели Андов.

„Атмосферата, која беше карактеристична по ова прашање, на вистински ѕидишта меѓу опозиционите пратеници и Владата, спаѓа таа атмосфера, невозможно е да се одржи“, изјави Стојан Андов, ЛП.

Со формирање на Националниот совет „Коалицијата за Европа“, состојбата битно ќе се промени, во спротивно процесот може да запре, смета тој. Според него, намерите на Премиерот во процесот на евроинтеграција активно да се вклучи и опозицијата се искрени.

„Одредени сегменти требаше и Парламентот од страна на Владата или од страна на Министерот за надворешни работи да биде известен во однос на ова прашање, бидејќи ние, како пратеници, ќе бидевме постојано информирани и ќе имавме поголеми информации“, рече Исмет Рамадани, ПДП.

На реакциите на пратеникот на ПДП, Исмет Рамадани, дека Владата го игнорира Парламентот кога е во прашање евроинтеграцијата, Андов рече дека за евроинтеграциите мора да постои стратешки консензус меѓу сите политички институции, а за некои теми, пред се земјоделието, мора да се слушне и гласот на граѓаните.

Сликата за Македонија во Европа не може да биде целосна без мислењата и ставовите на Собранието.
Strelec
quote:
Originally posted by OooOo
Опозициските партии треба да реагираат само тогаш кога се сигурни дека Владата греши...
Би било добро ваков третман кон потезите на власта да имаат и критизерите присутни овде на форумов! А не, прво дај да ја нападнеме владата, па дури после ќе размислуваме зошто го правиме тоа! На тој начин, сигурно е дека и посериозно ќе бидат сватени од читателите!
Snake Bite A vo sto da ja podrzam vladata?! Vo 400 000 nevraboteni?Vo teritorijalnata podelba?Od sekoja familija po eden clen nadvor od rabota?Sto od ESM 1000,od Zdravstvoto 1000,od administracijata 1000,od Makedonski zeleznici 700,luge doma bez nikakov nadomestok?Sto gi brka prstite vo sudstvoto?Sto sudi makedonski braniteli a na shiptarskite teroristi im pravi samo listi? Za toa sto ja pojacaa korupcijata?Sto ne vrakaat nazad sekoj den poveke?Sto nema leb narodot?Za sto napravija apaticna drzava?..... Abe Strelec..."Sit gladen ne veruva"
concrete Strelec , verojatno se seguvas. Pa forumov ti e mislena imenka i za vladata i za opozicijata toptan so site soncogledi zaedno. Steta sto malku luge kazuvaat po nesto na forumov,poveketo samo cituckaat vo tisina, no se nadevam nemas namera da napravis spirtosana akademija na istomislenici!!!!! Andov ,he,he.... aj ti se molam.........
marko_polog Strelec, Sekoj eden Cesen Makedonec prvin gleda za dobroto na drzavata, Posledno vreme gledam Minister za Vnatresni mnogu go falite, pa neli normalno e da se apsat kriminalci, neli normalno e da se pocituva zakonot, daj boze taka i da prodolzi(Pred Izbori sekoe cudo e mozno vo Makedonija), Ne sum optimista se dodeka imame luge kako Buckovski sto dozvoluva na primer slucajot Kondovo da stane cirkus koga togasniot Minister Avramovski javno kaza deka specialcite se spremni vo sekoj moment da reagiraat, bez razlika koj da se na Vlast Zakonot mora celosno da se pocituva, Ili ke ja bide kako sto treba ili ich, That's my motto, now what's a motto with you? :)
lav
quote:
Originally posted by marko_polog
Strelec, Sekoj eden Cesen Makedonec prvin gleda za dobroto na drzavata, Posledno vreme gledam Minister za Vnatresni mnogu go falite, pa neli normalno e da se apsat kriminalci, neli normalno e da se pocituva zakonot, daj boze taka i da prodolzi(Pred Izbori sekoe cudo e mozno vo Makedonija), Ne sum optimista se dodeka imame luge kako Buckovski sto dozvoluva na primer slucajot Kondovo da stane cirkus koga togasniot Minister Avramovski javno kaza deka specialcite se spremni vo sekoj moment da reagiraat, bez razlika koj da se na Vlast Zakonot mora celosno da se pocituva, Ili ke ja bide kako sto treba ili ich, That's my motto, now what's a motto with you? :)
Колега не делувај наивно верувајќе на политичари од Балкански маштаб во кои се сместени и нашиве дрндупки , оти тие си се се , освен чесни луѓе ...мислам на изјавите: ТИЕ СЕКОЈПАТ : Едно зборуваат , Друго мислат и Трето (и секојпат го) најлошо прават.