Еден документ од исклучителна важност |
Misirkov |
Еден извештај во декември 1909 год. беше повод царскиот дипломатски пратеник во Србија да му испрати на Министерството за надворешни работи текст со инструкција "кој бугарската влада во 1900 год. го испрати на својот тогашен претставник во Белград во врска со поделбата на сфери на влијание во Македонија, предложена од страна на Србија" и како што пишува понатаму господин Фон Рајхенау, "од која една копија ми беше достапна во тоа време." [1900 г.]
...Oва е еден од ретките случаи во сите испитани документи, во кои македонскиот народ не е претставен само како жртва на аг-
ресивните соседи, како што и било вообичаено, туку и како предмет на трговија.
Во документот на бугарската влада до нејзиниот претставник во Белград се вели:
"Имаме неспорни докази, а и случувањата во последниве години јасно покажаа дека големото мнозинство на христијанското население во Македонија секоја поделба на сфери на влијание ја сфаќа многу непријателски. Нивната желба оди до таму, да им се гарантира личната безбедност и правото на сопственост и да им биде дадена слобода мирно и мирољубиво да се развиваат и да ги уживаат сите права на рамноправни отомански државјани според меѓународните договори и законите на Отоманското Царство. Секаков обид за било каква поделба кај македонското население би прeдизвикало огромно незадоволство и во оваа братска земја би причинил еден таков раздор и нeединство, што би можело да изврши многу штетно влијание не само врз тамошното население, туку и врз мирот и редот како во Бугарија, така и во Србија. Кога пред неколку години, за првпат, беше отворено прашањето на "сфери на влијание", од страна на населението во Македонија кон нас беа упатени најжестоки протести по однос на ова прашање. Населението со сите сили се бореше против една ваква поделба и се изјасни дека ннкогаш не сака да се стави ниту под старателството на Бугарија, ниту пак, под она на Србија. Идејата за сепарација и самостоен развиток за кратко време стана толку популарна, што во многу места во Македонија почна да се оспорува постоењето на било какви племенски сродства или други врски меѓу тамошното население и оние од другите балкански држави."
|
Misirkov |
Во принцип доволно е да се остави да делува севкупниот впечаток на документот, за да се сфати трагиката на историјата, чија тогашна констелација го дозволила тоа, македонскиот народ да прерасне во објект на алчноста за моќ на неговите христијански соседи,иако исто како и останатите балкански народи можеше да биде ослободен од турската превласт.
Требаше да поминат 78 години од распарчувањето на Македонија, за кон крајот на ХХ век да дојде поволниот судбоносен час во светската историја, кога Македонија повторно - барем делумно - можеше да исплива од историскиот заборав.
Бидејќи секоја реченица од овој текст има толкава моќ на cоопштување, и секоја говори за себе, нема потреба секоја од нив одделно да се коментира; на пр.:
- Противењето на Македонците на плановите за поделба и тенденцијата за национална самостојност беше јасна уште многу пред 1900-тата год., и тоа под името Македонија;
- Обидите за делба би предизвикале огромни незадоволства и раздор во Македонија, така што тоа би извршило штетни влијанија врз мирот и редот во Бугарија и Србија.
- Но, пред се македонското население оспорува секакво племенско сродство со народите на другите балкански држави!
Документи за една "самоопределба", која со ништо не се споредува.
Впрочем, во очи паѓа тоа што во бугарската инструкција станува збор само за Срби и Бугари. Фактот што и Грција би можела да се обиде да си ги припои словенските области, во 1900 год. за бугарската власт тоа било сосема незамисливо.
|