Македонските дипломци ќе бидат меѓу лидерите на Ба | |
dejan | Sum slusnal nesto za ovoi fakultet....me interesira. dali nekoj znae nekoj sajt za ovoj fakultet? i zosto ne otvorat nesto ovakvo vo makedonija? ЈАНИС ВЕРВЕРИДИС, РЕКТОР НА КОЛЕЏОТ СИТИ ВО СОЛУН Македонските дипломци ќе бидат меѓу лидерите на Балканот Повеќе од 200 Македонци годишно се запишуваат на додипломски и постдипломски студии на Колеџот "Сити" во Солун, а со дипломите добиваат престижни работни места, вели ректорот Верверидис Македонските дипломци на Колеџот "Сити" во Солун ќе бидат дел од идните политички и економски лидери на Балканот, прогнозира Јанис Верверидис, кој 15 години е на чело на оваа придружна установа на Универзитетот "Шефилд" од Велика Британија. Според него, студентите во Колеџот "Сити" добиваат англиско образование на балканските простори. Ректорот Верверидис води екипа од професори од 15 земји од светот, а на овој колеџ има додипломски и постдипломски студии по бизнис, администрација, компјутерски науки, социологија и култура. Дипломите од Колеџот "Сити" се признаени во светот, а тој е познат и како институција на која студираат најдобрите македонски студенти, бизнисмени и политичари. - Задутре во Скопје ќе дојде претставник од Колеџот "Сити" да ја посети нашата канцеларија. Скопје го посетуваме многу често и тоа од многу причини, а една од нив е да се среќаваме со студентите што сакаат да студираат во Солун. Нашите претставници сакаат лично да се запознаат со кандидатите и да поразговараат со нив. Втората работа што треба да ја направи нашиот претставник е да се сретне со повеќе директори на компании од Скопје за да им понуди да се образуваат во Солун. Веќе околу 15 фирми, меѓу кои скопската пиварница, "Македонски телекомуникации", СЕАФ, Стопанска банка, "Логин-системи", имаат испратено свои луѓе на постдипломски студии во колеџот "Сити", за што им ги плаќаат и трошоците. Во Скопје спроведуваме и многу истражувања, за што соработуваме со академски установи. l Колку македонски студенти учат во Колеџот "Сити" и колкав е нивниот број во споредба со студентите од другите земји во регионот? - Бројот на студентите Македонци во "Сити" се движи од 20 до 25 отсто од вкупниот број студенти, односно повеќе од 200 студенти од вашата земја се на додипломски и на постдипломски студии кај нас. Тоа е оптималниот број што можеме да го прифатиме од вашата земја бидејќи имаме квоти за секоја земја од регионот. Сакаме да имаме студенти од сите земји за да се мешаат луѓето и да имаме претставници од целиот полуостров. дипломи признаени во целиот свет l Дали студентите сами го плаќаат студирањето или имаат и можност за стипендии? - Студирањето на Колеџот "Сити" чини 6.000 евра годишно, без трошоците за сместување и за учебниците. Но има и стипендии, кои се добиваат по првата година од студирањето, во согласност со финансиската состојба на студентот. Се обидуваме да ги покриеме трошоците на одреден број студенти. Овој колеџ нуди висококвалитетно интернационално образовние. Студентите добиваат диплома од познатиот Универзитет "Шефилд" од Велика Британија, која е признаена во целио свет. "Шефилд" има добиено пет Нобелови и три кралски награди. Тој е шести по ранг во Британија, од вкупно 140 универзитети, 20-ти во Европа и 69-ти во светот. Ова значи дека и професорите мора бидат според тие стандарди. Така, на пример, тестовите што ги подготвуваат професорите прво одат на надворешна евалуација кај други нивни колеги, кои ги прегледуваат и даваат одговори, за кои претпоставуваат дека ќе ги дадат и студентите. Откако ќе заврши полагањето, тестовите повторно одат кај надворешните евалуатори, за да се потврди процентот на очекуваното. горди на македонските студенти l Како македонските студенти се снаоѓаат со образовниот систем на колеџот и како го прифаќаат овој модел на студирање? - На повеќето од нив им оди добро и многу сме горди на тоа. Има многу студенти, кои се екстра-одлични, дел се одлични. Мислам дека многу малку имаат проблеми во студирањето. Ако ги прашате сите студенти какво е студирањето овде, повеќето ќе ви кажат дека е многу напорно и дека нема шанси да дипломирате ако не учите многу. l Дали поради ваквите резултати им нудите некакви привилегии? - Сите дипломирани студенти од вашата земја нашле многу добри работни места бргу по дипломирањето. Станува збор за топ-работни места во најуспешните фирми во вашата земја, на пример во секторот за аналитички истражувања во Стопанска банка, американската амбасада во вашата земја, во Европската агенција за реконструкција, а стануваат и маркетинг-директори, контакт-менаџери во други компании. Ниеден од нив немал проблем да најде работа. l Кои од студентите на Колеџот "Сити" веќе имаат лидерски позиции во регионот? - Претходниот директор на "Дневник", Владимир Пешевски, дипломираше на "Сити". Мислам дека тој ќе биде еден од идните лидери во економијата во вашата земја. Првите луѓе во големите компании што ги спомнав, исто така ќе бидат новите лидери. Наша студентка беше и Наташа Савова од кабинетот на претседателот Црвенковски, како и директорот на "Сачи и Сачи" од Белград, на фирмата "Маканос", на "Тејсти фудс", на канцеларијата на Националната банка на Грција во Белград и многу други. l Дали контактирате со македонската Влада и со државните универзитети во Македонија? - Да, а особено соработуваме со кабинетот на претседателот. Пред три години со претседателот Борис Трајковски и со Асоцијацијата на надворешни инвеститори понудивме стипендии за постдипломски студии за 25 луѓе. Колку што се сеќавам, повеќе од 100 лица од Владата поднесоа барања. Сега разговараме со претседателот Црвенковски за да ја продолжиме оваа традиција, а во март најверојатно ќе имаме уште една средба за да се договориме понудата да важи за повеќе луѓе. Соработуваме и со многу други институции од вашата земја. Лани со Министерството за финансии преку Центарот за истражување за ЈИЕ во Солун направивме 15 финансиски анализи на целиот регион и разговаравме за иднината на финансиското и банкарското работење во земјите од Балканот. Ректорот на скопскиот универзитет, Ѓорѓи Мартиновски, е член на советувачкиот борд на истражувачкиот центар. Центарот за истражувања е формиран пред две години и работи на четири полиња - бизнис, менаџмент, информатичка технологија и социолошки науки и култура. |