Празни дуќани во ГТЦ |
OooOo |
Никој не сака да ги купи празните дуќани од ГТЦ
Никој не сака да ги купи празните дуќани од Градскиот трговски центар, што ги продава државата. Денешната лицитација за 30-тина дуќани доживеала вистински дебакл.
Според информации на А1, понуди за откуп имало само за неколку дуќани. За сите останати, меѓу кои има и атрактивни дуќани на првиот и на вториот кат од ГТЦ, немало ниту по една понуда. Никој не сака да го купи големиот простор, познат како поранешен „Шутекс“, „Еко шопинг“, дуќанот во кој се продаваше брендот „Дијадора“.
Од раководството на ГТЦ за А1 потврдуваат дека лицитацијата дефинитивно се смета за пропадната. Продадени биле само два дуќани. Директорот на ГТЦ смета дека причината за ваквиот епилог не биле лошите владини проценки дека трговскиот вреди многу, туку била неинформираноста.
Милошевски за А1 изјави дека луѓето не била информирани, оти слабо ги читале огласите за продажбите. Токму високите продажни цени пак, беа главното прашање, за кое се караа власта и закупците.
„Би сакале да им погледнеме во очи сега на оние министри, советници на министри или директори, кои тврдеа во медиумите дека ГТЦ дуќанџиите ќе го добијат по не знам какви, бадијала цени или дека ќе го добијат на подарок и да им кажеме дека сега во ГТЦ има слободни дуќани, да можат да си купат, ако сакаат и тие“, изјави Драган Јовановски, претседател на Здружението на акционери и закупци на ГТЦ.
Дуќанџиите и покрај тоа што се жалеа дека нема да можат да ги купат, сепак најдоа пари за дуќаните. Само 30-тина дуќанџии не ги исполнија условите за да можат да ги купат дуќаните. Тие остануваат државна сопственост. Чарето и за нив ќе биде лицитација.
Токму со овој модел државата ќе се обидува во последен момент, набрзина да собере што повеќе пари во кеш, зошто конкуренцијата од нови трговски центри се повеќе ја намалува вредноста на најголемиот - во центарот на Скопје. |
lav |
quote: Originally posted by OooOo
Mozhda Penov kje gi kupi. Kaj 6, mozhe ushte novi 6. ;)
Forumov ne e SAMO za politika, tuku e NEWS and Political Talks :) A ako ne ti se svigja temata, ignoriraj ja. I drugpat ne pishvuaj neshto kolku da se napishe. Ako ne ti se svigja ti kazhav kaj da se obratish.
Во склоп на твоето објаснување ќе те прашам тебе но и останатите:
Има ли шанса некојпат другарот Пенов да иде у Шутка?
И за кога е планирано „тоа„. |
трендафил |
quote: Originally posted by lav
quote: Originally posted by OooOo
Mozhda Penov kje gi kupi. Kaj 6, mozhe ushte novi 6. ;)
Forumov ne e SAMO za politika, tuku e NEWS and Political Talks :) A ako ne ti se svigja temata, ignoriraj ja. I drugpat ne pishvuaj neshto kolku da se napishe. Ako ne ti se svigja ti kazhav kaj da se obratish.
Во склоп на твоето објаснување ќе те прашам тебе но и останатите:
Има ли шанса некојпат другарот Пенов да иде у Шутка?
И за кога е планирано „тоа„.
Ако бранителите на Македонија се во Шутка, не гледам зошто не би отишол и Пенов. Многумина сметаат дека тој е позаслужен за мирот во Македонија. Додуше не сам, туку со коалиционите партнери Али Ахмети и Бранко Црвенковски (односно во Охрид во сенка, а сега на врвот Владо Бучковски). Да не се фатеше Ахмети за калашњикови, зољи, мини и друго и да не го подржеа Пенов и Бранко (Бучко), можеби Македонија сега ќе беше поделена.
|
Bicho |
Gi skina Ramstore be OooOo, sho se chudish?! Koj kje ti ide u onaa promaja na ploshtad koga kje imame najmoderen zatvoren trgovski centar so 15 kina (sho znam kolku bea onaka tresnav) restorani, abe chuda! Se nadevam deka Strelec nema da kazhe: "Ete Gospodinot Risto Penov pravi polumetropola od Skopje" Khhhh[:D] |
Divider |
Osobeno po takvi ceni po koi gi prodavaat!!
Bicho imas PM!! |
Pana |
quote: Никој не сака да ги купи празните дуќани од ГТЦ
Kakva ti e ovaa tema covece. I toa na forumot "politika"!Sto mislis jas da otvoram tema Otvorena nova benzinska pumpa sto ke mi napravis!I dali e voopsto fer takvo odnesuvanje!
|
OooOo |
Mozhda Penov kje gi kupi. Kaj 6, mozhe ushte novi 6. ;)
Forumov ne e SAMO za politika, tuku e NEWS and Political Talks :) A ako ne ti se svigja temata, ignoriraj ja. I drugpat ne pishvuaj neshto kolku da se napishe. Ako ne ti se svigja ti kazhav kaj da se obratish. |