Кондово повторно станува нестабилна зона |
dejan |
ova ne e ic dobro! vladata treba da vleze tamu i da gi ischistat tie sto pravat problemi!! ako sakame da staneme kandadit, treba vladata da gi oterat ovie vo *!
http://a1.com.mk/vesti/vest.asp?VestID=43047
Странски претставници во Скопје предупредуваат дека состојбата во Кондово наликува на онаа од ноември минатата година.
Високи полициски извори за А1 потврдуваат дека во селото е повторно присутен Агим Красниќи, а во последниве неколку дена таму пристигнале и четворица поранешни команданти на УЧК порано активни на Косово и во Македонија.
Двајца од нив се од Косово, еден од Јужна Србија, а четвртиот е албански државјанин. Извори од Кондово за А1 тврдат дека лицата кои во последниве денови се забележани како патролираат во возила и во униформи се неколкумина наркомани кои немаат апсолутно никаква поддршка од населението. Од странските мониторинг мисии локалните власти побарале зголемено присуство на полицијата и меѓународната заедница за стабилизирање на состојбата.
Дипломатите се дополнително загрижени за ситуацијата во овој дел од Скопје по најавите дека во пресрет на локалните избори жителите на селото Рашче се закануваат со протести и блокада на сообраќајот поради се уште непоправената водоводната мрежа селото.
Извори од МВР за А1 велат дека пред десетина дена при апсењето на лице од групата на Красниќи на Бит пазар, полицијата се соочила со сериозни проблеми и закани, но сепак тој завршил во притвор. Против него е подигнато обвинение за учество во криминални активности неповрзани со настаните во Кондово.
Скопски адвокати за А1 тврдат дека Красниќи се подготвува за евентуален судски процес поради случувањата во Кондово во 2004 и дека тој нудел големи парични средства за да биде ослободен од кривично гонење.
|
Great_Macedonian |
Dejan relax.
Ke ni se fatat za stapov... Makedonija e vecna! |
Belomorec |
Интересот на граѓаните што ги плаќаат давачките е функционирање на државата.
Чуму ќе се давачки ако парите одат во приватни џебови а ние глумиме држава.
Владата на Р.Македонија поред привилегиите и дискреционите права има и обврски.
Едната од нив е чувањето на територијалниот интегритет и суверинитет на државата.
Неколку пати по ред се случува вооружена формација да прошета низ Р.Македонија а притоа никој да не реагира или тоа да биде прикриено.
Во нормална држава паѓа Влада комплет со 2 и 3 ешалон.
Во Македонија тоа е прикажано како пат кон ЕУ и НАТО како градење соживот, смирување на меѓуетничките тензии итн.
Недај боже некоја издрогирана будала да му текне да го наполни минофрлачот.
Како ќе се чуствувате Вие ако знаете дека во вашата близина имате вооружени групи кој секој момент можат да нанишанат на Вас?
Европски и натовски?
Сожителски и космополитски?
Кул онака скопкси со кафе и чашка бош муабет? |