Јаболкото чувар на здравјето и убавината!
Јаболкото чувар на здравјето и убавината!
angel Едно јаболко дневно го брка лекарот од вашиот дом, вели една англиска поговорка! ЈА ЧУВА МЛАДОСТА - Лушпите од јаболкото содржат витамини, минерали и антиоксиданти кои го спречуваат стареењето на клетките. Јаболкото треба добро да се измие и да се изеде без да се лупи. УБАВИНАТА - Кожата на која и недостига вода го губи сјајот и побрзо се јавуваат брчки. Козметичката индустрија во последните години се ориентира кон призводство на екстракти од јаболкото. Кремовите со 58% екстракт од јаболкото и ја враќаат нежноста и младоста на кожата. За позрелата кожа се издвојуваат и активните состојки од семките на јаболкото. Во јаболкото е откриена и киселината која дејствува против стареењето. Ова овошје содржи и супстанции кои ја чистат кожата. Истите материи го спречуваат создавањето на прекумерни маснотии во коренот на косата, како и нејзиното опаѓање. ГИ ЗАШТИТУВА ЗАБИТЕ - Едно јаболко содржи 0,2 мг. флуор. Тоа е минимална доза, но доволна за да се зачува здрвјето на забите. На бремените жени им се советува да пијат сок од јаболка за да нивните бебиња имаат здрави заби. ХРАНЛИВОСТ - Во секој период од денот без размислување може да се изеде јаболко. Ова овошје освежува и заситува. Луѓето што се на диета знаат дека јаболкото совршено го прекинува чувството на глад, бидејќи ги спречува последиците од намалувањето на нивото на шеќерот во крвта. Јаболкото исто така, благодарејќи на витаминот Ц го подобрува тонусот на мускулите. Се проценува дека 100 г. јаболка содржат околу 5 мг. витамин Ц. Јаболкото не е висококалорично. Просечно содржи 54 калории на 100 г. Неговиот шеќер, фруктоза, овозможува да се одржи нивото на гликоза во крвта. Ако јаболкото се изеде во вечерните часови, тоа го подобрува сонот. Присуството на магнезиумот, околу 4 мг. на 100 г. јаболка, дејствува смирувачки врз организмот. Неговите влакна и органски киселини го олеснуваат варењето, а тоа придонесува за добар сон. ГИ НАМАЛУВА ПРОБЛЕМИТЕ СО СТОМАКОТ - Влакната од јаболкото ги регулираат метаболизмот на водата и варењето. Пектините ги поттикнуваат „мрзливите“ црева. Големото количество вода во јаболкото, богата со натриум и магнезиум, ја стимулира работата на бубрезите и го зголемува излачувањето на течностите. ПРОТИВ ХОЛЕСТЕРОЛОТ - Една студија извршета во болнички центар во францускиот град Анжер, докажала дека употребата на три јаболка дневно, во текот на еден месец, го намалува нивото на „лошиот“ холестерол во крвта. ПРОТИВ ДИЈАБЕТЕС - Јаболкото содржи дури 8% фруктоза, што го прави совршено за дијабетичарите. Фруктозата е послатка од сахарозата (обичен шеќер), но не предизвикува нагло зголемување на нивото на шеќерот во крвта. ЗА ЈАКНЕЊЕ НА ИМУНОЛОШКИОТ СИСТЕМ - Јаболкото го подобрува и го јакне имунитетот, а особено е добро за производство на лимфоцитите од типот Т (бели крвни клетки задолжени за одбрана од инфекции). ЗА ПОДОБРО РАСПОЛОЖЕНИЕ - Магнезиумот, нијацинот и органските киселини, присутни во јаболката, помагаат при ублажување на нервозата и депресијата и го подобрува ресположението, го регулираат производството на адреналин, хормон што го зголемува крвниот притисок и ја забрзува работата на срцето. Јаболкото е природен лек со смирувачко дејство и се користи во многу природни терапии против нервозата и несоницата. Доволно е да се изеде едно јаболко пред спиење.
Strelec Интересна работа е колку овде во Канада се почитува јаболкото. Дури, кога се сака да се направи споредба меѓу лошото и доброто, во жаргон се употребува една изрека која што вели: ’разлика има како од портокал до јаболко’! Патем, еден килограм јаболка (просечна цена) овде чини колку три-четири килограми банани!
DonVito so mi se sojade jabolko sega
angel Види, види, македончиња. Кога станува збор за јаболкото никаде ги нема како на берење да ги викам. Кај нас има големо пореметување во системот на вредности па јаболката им ги оставаме на магарињата да ги јадат.
DonVito angel samo banani batka [:D] jabolkite gi grizime po ednas i gi frlame a bananite so si luspa gi smackame
angel Da be !!! Se samo uvozno da e !!! E, pamet ne ni doaga !!!! A pecena tikva bi jadel li. Toa e ruralna torta, taka ja vikaat.
DonVito vece jadam takva sekoja zima. mnogu dobro gi godvat doma kaj mene . i odzgora malce secer e toa e najsekzi jadejne za zimno vreme
angel Videte ubavina ..... i zdravje..... [img]http://www.prespa.org.mk/Crven%20delises.j.jpg[/img][img]http://www.prespa.org.mk/jabolka2.jpg[/img] [img]http://www.prespa.org.mk/Jonagold.gif[/img]
angel [img]http://vesti.mt.net.mk/images/apple_juice.jpg[/img] Kонсумирањето едно јаболко дневно ја подобрува работата на белите дробови, истакнуваат англиските истражувачи. Според тврдењето на научниците од медицинското училиште при болницата „Сент Џорџ“ во Лондон, земањето на најмалку пет јаболка неделно ја подобрува работата на белите дробови. Тие истакнуваат дека ова овошје содржи високо ниво на антиоксидансот флавоноид познат како керцентин, кој помага во заштитата на белите дробови од штетното дејство на загадувачите на околината и чадот од цигарите, се вели во текстот објавен во списанието „Торакс“. Керцентинот исто така се наоѓа во лукот, чајот и во црното вино. Истражувачите од 1979 година до денес ги проучувале диетите со јаболко и ја мереле работата на белите дробови кај 2.500 мажи на возраст помеѓу 45 и 59 години, кои живеат во Велс. По пет години, ја споредиле измерената способност на дишење на секој од нив и утврдиле позитивна врска меѓу функционирањето на белите дробови и бројот на јаболката внесени во текот на една недела кај Велшаните во средните години. По разгледувањето на другите фактори, како што се пушењето, телесната тежина и физичката активност, кои исто така влијаат врз дишењето, истражувачите ја откриле врската меѓу внесувањето јаболко и подобрувањето на работата на белите дробови. Оваа поврзаност е независна од внесувањето на витамините Е и Ц, па затоа тоа би можело да се објасни со присуството на други антиоксидансни состојки во јаболкото, какви што се флавоноидите, заклучиле истражувачите од болницата „Сент Џорџ“ во Лондон.
V irginia Angel , ja sum ne sakam jabolko [8D].... sto da radim ? [:p]
angel
quote:
Originally posted by V irginia
Angel , ja sum ne sakam jabolko [8D].... sto da radim ? [:p]
Направи штрудла [;)] => пита со јаболка. Можеш да го измиксираш со јогурт и шеќер и ќе добиеш овошен јогурт од јаболка.
V irginia
quote:
Originally posted by angel
quote:
Originally posted by V irginia
Angel , ja sum ne sakam jabolko [8D].... sto da radim ? [:p]
[size=2]Направи штрудла [;)] => пита со јаболка.
Moze , sakam strudla od jabolka so vanilin , i gore stavim pavlaka [^]
SpaceLily
quote:
Originally posted by Strelec
Интересна работа е колку овде во Канада се почитува јаболкото. Дури, кога се сака да се направи споредба меѓу лошото и доброто, во жаргон се употребува една изрека која што вели: ’разлика има како од портокал до јаболко’! Патем, еден килограм јаболка (просечна цена) овде чини колку три-четири килограми банани!
Da ti pushtam dve tri gajbi,ovde po deset denari kiloto e[:D][:D]