Korupcijata kaj vladinite funkcioneri |
Bicho |
Управата за јавни приходи, по истекот на триесет дена за жалба, ќе го објави името на поранешен функционери, кој со нелегални средства дошол до нов имот. Неговата луксузна куќа, Управата требаше да ја заплени пред десетина дена.
[url="http://www.a1.com.mk/vesti/vest.asp?VestID=43109"]Повeќе тука[/url] |
lav |
Па цело денешно Водно (чест на исклучоците) е населено со „такви„ фунционери , ама делото им е „застарено„ , оти се бавеле со тој занает од 1948 гдина наваму и тоа НЕПРЕКИНАТАО: |
lav |
Според лидерот на Синдикатот на Газела и Шефот на АНТИ-Корупциската Комисија сегашен бил адвокат со кого минатиот газда - странец си ја „лапал„ киријата од НАТО кои до недавно тамо имаа простории под кирија.
Значи имало КОНФЛИКТ НА ИНТЕРСИ.
Како ли ќе брка некој наименуван функционер Адуци ако и самиот е таков односно со нив „прди„ у иста тиква - така и многу сликовито го објаснува Народот Македонски неговото дејание...нели!!!
пс
Киријата односно сумата за неа била нешто околу милион Евра , е сега не разбрав дали мисли на ВКУПНАТА СУМА или пак на периодична?. |
angel |
Е да, ама знаејќи ја праксата и случувањата во правосудните органи никој ништо нема да им направи. Наместо судот да се труди да ги расветлува и изрекува казни за ваквите и слични дела, судот бара да се фати за докажување на небитни факти, да ја успорува постапката како јавноста би кренала раце од неа, постапките најчесто се прекинуваат поради немање доволно докази (кои и онака никој не ги барал) и така. Лесно се осудуваат обичните џепариши, но овие џепароши од типот на ,,криминалитетот на белите крагњи,, никако. Нивните влијанија се како октопод насекаде во општеството. Проблемите од типот на кривична одговорност го решаваат со еден мобилен телефонски разговор со некој исто така со ,,бели крагњи,,.
Не сум задоволен што е така па затоа и покрај моите сомнежи и посакувам многу ма премногу успех на Антикорупциската комисија.
Но некако сето ова ми личи како да е враќање мило за драго заради аферите на адвокатите Трпеновски и Малиновски. Можеби е и обид да се амортизираат токму тие афери. |
Pana |
Se si mislam deka se raboti za Ljube Trpevski ex guvernerot na narodna banka! |