Strelec |
ВО ДРАМАТИЧНО НАДДАВАЊЕ
Три милиони евра за седум аптеки
Во драматично наддавање за уделите во 10 државни аптеки вчера биле инкасирани повеќе од 3 милиони евра кеш на Македонската берза, иако почетната вредност изнесувала околу милион евра. Нови сопственици на 75 отсто од уделите во 10 државни аптеки се сопственикот на "Зегин", Благоја Механџиски, кој за 1,7 милион евра ги купил аптеките во Битола, Прилеп, Радовиш и Штип, и поранешниот градоначалник на Битола, Силјан Мицевски, кој ги купил аптеките во Демир Хисар и во Крушево за 150.000 евра. "Јака 80" од Радовиш ја купила аптеката во Куманово за половина милион евра.
Најмногу пари биле собрани од продажбата на аптеките во Штип и во Битола - по 511.490 евра, а најмалку за аптеката во Демир Хисар - 34.000 евра. Најголемо зголемување при наддавањето имало за аптеката во Радовиш - лицитираната цена била за дури 821 отсто поголема од почетната!
Се уште се проценува вредноста на имотот на "Градски аптеки", а тие ќе бидат "на барабан" за околу еден месец.
|