Oрочува пари на 1.003 години
Oрочува пари на 1.003 години
Strelec НЕОБИЧЕН ШТЕДАЧ ОД КАВАДАРЕЧКИ РОЖДЕН На Петре Ангелов тоа ќе му биде трета среќа бидејќи пред 35 години орочил влог на две илјади години. Петре Ангелков од кавадаречкото село Рожден, ќе орочи 100 евра во Стопанска банка на цели 1.003 години. Ова е најновата авантура на, како што самиот се нарекува, Итар Пејо од Рожден. Уште кога бил војник во Нашице кај Осиек, орочил тогашни 70 илјади динари, на верувале или не, 2 илјади години. Пред 7 години, во Стопанска банка во Скопје орочил 650 денари на 1003 години. Се лути што во македонската книга на светски рекордери го нема неговото име. - Прво не сакаа да ми склучат таков договор. Мислеа дека се шегувам. Кога видоа дека сум мртов сериозен, ми рекоа да почекам и ме почестија кафе и сок. Правникот отиде некаде да праша дали смее да склучи таков договор и по еден час се врати велејќи дека нема проблем. Каматата за 1.003 години ќе биде многу голема. Македонија денес ги нема тие пари. Но, под услов да нема инфлација. Затоа ќе орочам и девизи и ќе им ги оставам на потомците - објаснува тој.
Strelec
quote:
Originally posted by Strelec
Затоа ќе орочам и девизи и ќе им ги оставам на потомците...
Јас мислам дека по 1003 години типов ќе има толку многу наследници, да никој нема аир да види од својот дел!:) Егзибиционист нашол начин да го пишува во весник!:)))
silijeski Ah Petre,Petre,....