Simon Trpceski na Amazon.com
Simon Trpceski na Amazon.com
AaaAa [img]http://images.amazon.com/images/P/B0000647IV.01._SCLZZZZZZZ_.jpg[/img] [img]http://images.amazon.com/images/P/B0006SGEQA.01._SCLZZZZZZZ_.jpg[/img]
StormAngel Slusnav ke ima koncert ovie denovi. Bi sakal da odam.[;)]
cile Bravo bravo
ozonce Bravo e malku za ova, apsolutno bravo :) Sekoja chest!!!
AaaAa CD-ava navodno se prodavaat od poodamna, samo jas sega slucajno proveriv i gi najdov, toa neznaci deka ova e nekoj nov podvig na Simon, samo sakav na zainteresiranite da im kazam deka ima ako sakaat da si gi kupat. Dvata muzicki zapisi zaedno cinat neshto pomalku od $23.
AaaAa
quote:
Originally posted by StormAngel
Slusnav ke ima koncert ovie denovi. Bi sakal da odam.[;)]
Na be, i da odish Пријатно изненадување на манифестацијата "Денови на македонската музика° Маестро Симон Трпчевски ќе настапи со тенорот Тоше Проески На отворањето на ДММ, покрај наШиот виртуоз Симон Трпчески, Ќе настапи и македонската ѕвезда, тенорот ТоШе Проески, заедно со уште тројца реномирани македонски вокални солисти "Деновите на македонската музика" покрај вечерна, годинава нуди и дневна концертна активност, предавања, работилници, настапи на реномирани имиња од земјава и од странство, а отвора и нови концертни подиуми; од вчерашниот прес Тина иванова "Деновите на македонската музикааи, единствената манифестација кај нас која го промовира и афирмира македонското композиторско творештво, годинава ќе понуди нов содржински концепт. 29-то издание на "Деновите....и ќе се одржува од 30 март до 8 април и во рамките на планираните десет фестивалски денови ќе бидат изведени преку 80 домашни и 14 странски композиции, од кои 40 дела кај нас ќе ја доживеат својата премиерна изведба. Концертите на манифестацијата опфаќаат и голем број на учесници. Ќе настапат 17 домашни и 4 странски ансамбли и 37 домашни солисти. Покрај вечерните концерти, организаторот на манифестацијата, Сојузот на композиторите на Македонија, предвидува и целодневна програмска активност исполнета со куси концерти збогатени со предавања, работилници, изложби, кои имаат за цел македонското композиторско професионално творештво да и стане блиско и на пошироката културна јавност. Новиот концепт на манифестацијата подразбира и воведување на нови концертни подиуми. Нов селектор на ДММ е младиот композитор Сони Петровски. "Годинава Деновите ќе донесат поразличен концепт од претходните изданија. Од една страна, задржани се основните цели на манифестацијата, стимулирање на македонското професионално творештво, на македонските автори и исполнители, соработка со сродни институции и меѓународна соработка, но внесува и новини кои ќе бидат интересни за пошироката јавностти, вели Петровски. Свеченото отворање на "Деновите на македонска музикааи во себе содржи и неколку ексклузивитети. На 30 март во Универзалната сала, отворањето ќе биде одбележано со концертот на најуспешниот македонски музички уметник во светот, пијанистот Симон Трпчески, кој првпат ќе настапи на оваа реномирана манифестација. Со овој настан, кој ќе има и своја реприза на 31 март, Трпчески ќе го одбележи својот јубилеј - 10 години од неговиот прв настап со симфониски оркестар. Нашиот пијанист, заедно со Македонската филхармонија под диригентство на Саша Николовски-Ѓумар, ќе го изведе познатото дело "Рапсодија во синоои од Џорџ Гершвин, првото дело во кариерата на Трпчески со кое тој настапи со симфониски оркестар. На свеченото отворање ќе бидат изведени и Финалето од балетот "Охридската робинка Ташулааи на композиторот Стојан Стојков, премиерно ќе се изведе делото "Македонско ороои од Тодор Скаловски, во оркестрација на Властимир Николовски, композицијата "Прелудиум и Пајдушкоои од Живоин Глишиќ. Ќе биде изведен и Концертот за пијано и оркестар на композиторот Димитрије Бужаровски, во кој учество ќе земат и нашите реномирани вокални солисти: Ана Дурловски, сопран, Игор Дурловски, бас, Весна Гиновска-Илкова, сопран и Тоше Проески, тенор. "Голема чест ми е што првпат, со свој сериозен настап, ќе учествувам на Деновите на македонската музикааи, вели Симон Трпчески. "Многу ми е драго што оваа институција покажа интерес да се одбележи еден убав јубилеј кој е од големо значење за македонската култура, десет години од мојот прв настап со оркестар. Минатата година овој настан го одбележав со Симфонискиот оркестар на Сиднеј во "Опера Хаусси, но сега сум посреќен што ќе имам можност тоа да го направам во својата држава..и Симон Трпчески заедно со Македонската филхармонија на 18 и 19 април ќе гостува во "Сава центарри во Белград и во "Синагогааи во Нови Сад, со Концертите за пијано и оркестар на Равел и Гершвин, под диригентство на Саша Ѓумар. Свеченото затворање на манифестацијата, како што најавува организаторот, ќе биде исто толку атрактивно како и самото отворање. На 8 април, нашиот најголем амбасадор во светот, Ансамблот за народни песни и игри "Танецци, премиерно ќе изведе програма која е наменски подготвувана за манифестацијата и која ќе не врати кон корените на нашата музичка мисла. "ДММ е исклучително значајна манифестација и за "Танецци, затоа што пред две години, благодарение на Деновите, се даде еден импулс за развивање на опсегот на ансамблот во една насока која дотогаш не беше направена, акцентирано да се пристапи кон т.н. архаичен фолклорри, вели директорот на "Танецци, Марко Коловски. "Минатата година на ДММ имавме концерт кој беше наречен "Изнедрени звуциии и кој имавме можност да го снимиме и на ДВД, а годинава се решивме на еден похрабар исчекор. Годинашниов концерт нема да биде класичен концерт, туку ќе биде етно - кореодрама, настан со драмска структура во режија на Сашо Миленковски, во кој ќе бидат ангажирани и неколку артисти. Проектот се вика "За здравје и бериќетти и во него ќе бидат вклучени неколку обреди, испреплетени со вокално и вокално-инструментални архаични нумери..и Останатите фестивалски денови, покрај реномираните македонски ансамбли и солисти, како Македонската филхармонија, Македонската опера и балет, Симфонискиот оркестар на МБУЦ, Ансамблот за современа музика "Алеааи, Квартетот Димов, Биг-Бендот на ФМУ..., ќе ги исполнат и гостувањата на респектибилен број на музичари од светот. Најавено е присуството на познатиот вљубеник во експерименталната музика, Марек Чолониевски, кој ќе изведе во живо вистинско шоу со електронска музика и визуелни ефекти, потоа Ансамблот "Ателасси од Данска, Дувачкото трио на Словенечката филхармонија... Годинава внимание манифестацијата посветува и на творештвото за деца во чии рамки ќе биде изведена музичко-сценската детска претстава "Пролетна приказнааи од Стојан Стојков. За љубителите на забавниот музички жанр, пак, се подготвува концерт со творештво на македонските реномирани композитори како Драган Ѓаконовски-Шпато, Илија Пејовски, Александар Џамбазов. Предвидени се и анимирања на разни алтернативни концертни простори. Манифестацијата за своето најново издание обезбеди и нов визуелен материјал кој го подготви агенцијата "Њу Моментти која го осмисли и изработи логото и визуелниот идентитет на "Деновите....и.
StormAngel [:X]