"Borjan Tanevski"-Dobitnik Denko Maleski
"Borjan Tanevski"-Dobitnik Denko Maleski
AaaAa Врачена наградата „Борјан Таневски“ за проминентен став објавен во печатени медиуми Денко Малески наградата ја подари на училиште Денко Малески ја прима наградата "Борјан Таневски" КАТИЦА ЧАНГОВА Професорот на Правниот факултет, Денко Малески, е добитник на наградата †Борјан Таневскиии што ја додели истоимената Спомен-фондација во знак на сеќавање на прерано починатиот студент од Скопје. Новоустановеното годишно признание на Малески, за текстови објавени како месечни анализи во †Утрински весникки, во кои го изнесува својот личен и храбар став за меѓуетничките односи во земјава, му беше врачено вчера, во Клубот на пратениците во Скопје. Во присуство на повеќе гости, меѓу кои и поранешниот претседател на Македонија, Киро Глигоров, Малески најискрено се заблагодари и објави дека паричната награда во износ од 75.000 денари ја подарува на децата од училиштето †Браќа Рамиз и Хамидди во Шуто Оризари. Мотивот за донацијата, како што кажа, е во името на среќното детство на Борјан, кој растел во љубов и во семејство на вредни и доблесни родители, за разлика од децата во Шутка кои немаат среќно детство. Директорот на училиштето, Шаип Исени, рече дека парите од оваа прва донација ќе бидат употребени за доизградба на компјутерскиот центар. Денко Малески, обраќајќи се на присутните по примањето на наградата, истакна дека омилен предизвик во оформувањето на текстовите пласирани во †Утринскиии биле размислувањата за неправдите на овој свет или потрагата по вистината и лагата во политиката. Негов идеал отсекогаш биле луѓето кои чувствувале морална одговорност за своето поведение и за поведението на целото општество. Тој објасни дека тоа се луѓето кои го посветиле животот трагајќи по општото, а не по личното добро. Совеста на истакнати поединци, не ретко, во критични моменти, била последната брана против низата трагедии на човештвото кои се последица на стравот, незнаењето и лудилото на масите, истакна Денко Малески. Тој констатира дека отсуството на вакви личности во македонското општество и обидот да се управува со државата со помош на егзалтираното јавно мислење, десет години по прогласувањето на независноста, довело до крах на демократијата во 2001 година. Притоа, Малески го посочи Глигоров како еден од луѓето кои, како што рече, †не ја злоупотребиле својата функција за да ги полудуваат маситееи. Притоа, призна дека дисциплината политика во која бил две години никогаш не му се бендисала, но дека во работата многу му помогнал Киро Глигоров. Од името на жири-комисијата, која минатата недела едногласно ја донесе одлуката Малески да биде добитник, пред присутните се обрати Мето Јовановски. Во своето објаснување жири-комисијата, во која членуваат уште Али Алиу и Ерол Ризаов, оценила дека мислењето на Малески, повеќекратно објавувано минатата година во †Утринскиии, наведува на растовареност од илузии и храброст за соочување со реалноста. Неговиот став се одликува со целосна ослободеност од секакви предрасуди - национални, расни и верски. Малески наоѓа начин да навлезе и во најделикатните проблеми и да ги пласира, укажувајќи на излезните точки, истакна Мето Јовановски од името на жири-комисијата. †Наградата е уште еден инструмент кој треба да ја поддржи и поттикне јавната интелектуална мисла насочена кон потрагата по залутаните и недоволно конституирани вредности на нашето секојдневно и сў уште транзициско живеењееи, рече Јовановски во својот говор. Тој рече дека граѓанската храброст го држи клучното место за согледување на стварноста таква каква што е, за одбрана на своите и туѓите слободи, права и потреби. †Секако дека личниот, проминентен став на поединецот се наоѓа на најгорното скалило, особено кога е искажан од најупатените - интелектуалците, чиј начин на мислење се темели врз карактерри, оцени Јовановски. Меморијалниот фонд †Борјан Таневскиии беше основан во 2003 година со сопствени средства на семејството во чест на младиот дипломец на Американскиот колеџ во Солун. Според таткото на Борјан и основач на фондацијата, Јосиф Таневски, наградата, што ќе се доделува секоја година, нема да се распишува конкурс, туку ќе се следат статиите во весниците. †Тој со голема страст ги читаше колумните на различните автори во печатените медиуми и сметаше дека личниот ангажман и храброста на интелектуалците е голема доблест на авторите за позитивно влијание врз општествените промени. Поради тоа, оваа награда би му ја исполнила желбатааи, додаде тој. ------------------- Беседа по повод добивањето на наградата на Фондацијата „Борјан Таневски“ Нашиот пат до слободата Денко Малески На секое здраво општество му се неопходни луѓе способни да гледаат потака од моментот и кои можат да го покажат патот што води надвор од загадената атмосфера на интригите и махинациите на пакосните мали луѓе Наградата ме израдува и ме замисли. Ме израдува затоа што моите политички текстови никогаш досега не добиле јавно признание. Ме замисли затоа што откога паметам за себе државата е таа која доделува признанија. Очигледно, времињата се менуваат. Се чини дека со падот на идеолошкиот монопол врз политичката мисла во Македонија, урнат е и монополот на државата да наградува. Доволно беше, имено, да се најдат неколку доблесни луѓе, спремни несебично да покажат со прст кон моите текстови и јас да го добијам своето прво јавно признание. Од срце им благодарам. Човековото општество било во средиштето на мојот интерес уште од средношколски денови. Политичките есеи на Волтер Липман во "Њусвик°, на пример, ми го привлекуваа вниманието повеќе отколку текстови за машини. Размислувањата за неправдите на овој свет или потрагата по вистината и лагата во политиката беше мојот омилен интелектуален предизвик. Не сака велење дека требаше да поминат многу години пред да допрам до универзалните вистини за политиката. Една од нив е дека како човечки суштества, ние сме распнати помеѓу желбата да припаѓаме и потребата да бидеме свои. Ако се определиме да припаѓаме, ризикуваме морално да се корумпираме, приспособувајќи ги сопствените идеали на потребите на групата. Ако, пак, ги отфрлиме нејзините вредности кога се во конфликт со нашата совест, ризикуваме и самите да бидеме отфрлени од групата. Изборот е наш. Групата дава сигурност (дава и награди), но припадноста кон неа го зголемува ризикот да се инфицираме со интелектуална нечесност, зашто политиката секогаш укажува само на гревовите на "другата страна°. Меѓутоа, да се стои сам е тешко, а ако чувствувате должност пред народот на моќта да Ј се спротивставите со вистината, ризикувате острахизам. Се разбира, не протерување од градот на дваесет години како во античка Грција, туку самоисклучување од политичката забава. Зашто, да не заборавиме на старата мудрост за поповите што се замонашуваат заради доброто вино во манастирските подруми, која еднакво важи и за оние што одат во политиката. Мој идеал отсекогаш биле луѓе кои чувствувале морална одговорност за своето поведение и за поведението на целото општество. Тоа се оние чудни луѓе што го посветиле животот во потрага по општото, а не по личното добро. Совеста на овие истакнати поединци, во критични моменти, не ретко, била последната брана против уште една од низата трагедии на човештвото. За какви трагедии зборувам? Зборувам за трагедиите кои се последица на стравот, незнаењето и лудилото на масите, но кои не се случиле токму поради совеста на овие доблесни луѓе. На секое здраво општество му се неопходни луѓе способни да гледаат потака од моментот и кои можат да го покажат патот кој води надвор од загадената атмосфера на интригите и махинациите на пакосните мали луѓе. Колку повеќе ги има, тоа подобро за самото општество. Луѓето што Ј служат на вистината, а не на групата или на јавното мислење, имено, се претходницата на општеството која предупредува на опасностите кои стојат на нашиот пат кон слободата. Зашто додека групата ја карактеризира тромавост и инерција, поединецот е способен брзо да го менува своето мислење во светлината на новите факти и да предупредува на новите опасности. Отсуството на вакви луѓе во македонското општество и обидот да се управува со државата со помош на егзалтираното јавно мислење доведе до слом на демократијата во 2001 година, десет години по прогласувњето на независноста. Нашите општествени проблеми, имено, сите овие години, не поминуваа низ процесот на интелектуално промислување кое би произвело приспособување на конфликтните интереси преку согласност. Всушност, од денешна перспектива, сосема е јасно дека во годините по независноста, во сферата на меѓуетничките односи, наместо да раководиме со настаните, тие нў раководеа нас. Навремени сериозни реформи за унапредување на мултиетничката демокрааамтија можеби ќе го спречеа пробивот на национализмот на политичката сцена на Македонија. Не мала вина за ваквата состојба имаат и интелектуалците, оние раководени од мотото "животот е краток°, чија филозофија е како да си ја зачуваат кожата и, по можност, да профитираат од хаосот. Недостигот од космополитска слободоумна интелигенција посветена на општото добро е голем хендикеп за Македонија. Зашто, нашата најголема пречка на патот кон слободата е духот на екстремниот национализам кој уште на крајот од осумдесеттите целосно завладеа со умот и со душите на народите на Балканот. Тогаш, имено, се создаде историски толку препознатливата атмосфера на егзалтација околу нацијата која бараше од индивидуата беспоговорно да Ј се потчини. Разумните луѓе знаеја дека мултиетничкото општество организирано врз принципите на национална исклучивост едноставно не може да опстане. Навредливо за интелигенцијата на разумните луѓе беше и тврдењето дека нацијата може да мисли и да дејствува со еден ум и со едно срце. За жал, таквите беа стравотно малку. Тие години, имено, целокупниот политички живот се одвиваше во атмосфера на егзалтација и - претерување! Никој немаше слушнато за умерените зборови на еден млад Јужноафриканец кажани во време на најтемниот расизам и апартхејд во неговата земја: "Не сакам да претерам во описите на нашата ситуација°, вели тој, "затоа што тоа може да ме одведе во погрешна насока°. Внимавајте, ова се зборови на човечко суштество кое има полно право да претерува во описот на својата ситуација, но разумот не му дозволува да го стори тоа. Ние на Балканот, пак, не додржавме. Со нашите неумерени зборови ги протеравме разумот, дијалогот, толеранцијата и приспособувањето, и се определивме за насилство. Ова е светлината во која им се претставивме на европските народи кои, по искуствата од двете светски војни, а особено по холокаустот, изградија чувство на одвратност спрема есктремниот национализам и насилство. Сепак, цивилизираните Европејци најдобро знаат дека никој не е совршен на овој свет. Свесни се, од сопственото искуство, што сў може едно човечко суштество да му стори на друго, една нација на друга, зашто во нашето денешно поведение тие го препознаваат своето минато. Во што, тогаш, се разликуваме од нив денес? Се разликуваме по тоа што тие имаат искрена и цврста волја да го држат затворен во шише духот на екстремниот национализам, мирно да ги решаваат своите меѓусебни проблеми и да застанат во одбраната на достоинството на индивидуата. Нам, пак, ни недостасува таа волја. И она малку што ја имаме е изложена на секојдневни напади на сурија шарлатани и националисти вгнездени во политиката, во медиумите, на универзитетите... За жал, ова е доминантната сила во македонскиот духовен простор. За нивна несреќа, Европа се обединува врз поинакви принципи од нивните. За наша среќа, тие се сојузници на умерените сили кои работат на интеграција на македонското мултиетничко општество. Оставени самите на себе, овие вториве не би имале никаква шанса за успех денес. Вака, шансите да ја измениме духовната клима во Македонија во насока на дијалог и толеранција меѓу луѓето и нациите се добри. Но, тоа не можат да го сторат странците наместо нас самите. Духовната клима на Македонија извира од нашите глави. Во таа нова духовна клима, Македонија мора да ги обедини сите свои етнички заедници во одбрана на единството на државата разбрана како заедница на човечки суштества. Кој е принципот што би обединил луѓе со толку различни јазици, култури и религии? Тоа е принципот на личното и националното достоинство. Само луѓе со достоинство, имено, знаат да го почитуваат достоинството на другите. Оттаму, нашиот пат до слободата би можел да води преку Шутка каде што е најзагрозено достоинството на луѓето. Се шепоти дека таму деновиве од студ умреле дваесетина луѓе. Некни, кога со Мирјана го посетивме локалното училиште, разбравме дека слабо облечени и гладни деца доаѓаат на настава, а кога се дели ужинка, тие не ја добиваат затоа што нивните родители не можат да издвојат по 250 денари месечно. Што им донесе демократијата на Ромите? Слобода на говор? Па, тоа е слобода за нас интелектуалците за да кренеме глас во нивен прилог и да речеме дека на Ромите им треба и слобода од сиромаштија! Долг е патот на страдањата на овие маргинализирани луѓе. Најдискриминираното малцинство во Европа беше жртва на холокаустот во кој покрај шесте милиони Евреи, во нацистичките крематориуми беа запалени и половина милион Роми. Зошто, се прашувам, кога одбележуваме годишнини на холокаустот го забораваме тоа? Да одиме во Аушвиц, но да одиме и во Шутка и таму да се поклониме. Таму во Шутка многу деца немаат среќно детство какво што имаше Борјан, кој растеше во љубов, во семејство на вредни и доблесни родители. Да размислува за неправдите на овој свет, за вистините и лагите во политиката, беше и негов предизвик. Во семинарскиот труд на Борјан Таневски посветен на меѓуетничките односи во Македонија, гледам цитати од некои мои текстови објавени во "Нова балканска политика°. Можно ли е јас да сум влијаел врз него како што Волтер Липман влијаеше врз мене? Можеби. Да се мисли со отворен ум и да се има разбирање за другиот, пристапот што провејува низ неговиот текст ми е толку познат. Во името на среќното детство на Борјан, наградата на Фондацијата што го носи неговото име Ј ја подарувам на децата од училиштето "Браќа Рамиз и Хамид° во Шутка. Беседа по повод добивањето на наградата на Фондацијата "Борјан Таневски°
protivpropaganda ХМММММММ А нешто има за Денко-та, срцушов некако у фаца ни го фрла на сите нам. ХМММММММ Треба ли да бидам љубоморен, срцуш? На сериозната страна на нештата можам да истакнам дека имам впечаток дека се читам себеси, особено кога во текстот станува збор за индивидуалната вредност и моралот. Треба ли на волкот да му се верува дека е овца само затоа што во ловната сезона облекол овчја кожа? Изгледа дека колективистичкиот менталитет може да се излечи исто како некоја заразна болест или можеби е само адаптибилност кон новата јавна мисла на колективитетот од кој се црпи идентификацијата. Шо знам, ќе да едното или ќе да е другото.
AaaAa
quote:
Originally posted by protivpropaganda
ХМММММММ А нешто има за Денко-та, срцушов некако у фаца ни го фрла на сите нам. ХМММММММ Треба ли да бидам љубоморен, срцуш? На сериозната страна на нештата можам да истакнам дека имам впечаток дека се читам себеси, особено кога во текстот станува збор за индивидуалната вредност и моралот. Треба ли на волкот да му се верува дека е овца само затоа што во ловната сезона облекол овчја кожа? Изгледа дека колективистичкиот менталитет може да се излечи исто како некоја заразна болест или можеби е само адаптибилност кон новата јавна мисла на колективитетот од кој се црпи идентификацијата. Шо знам, ќе да едното или ќе да е другото.
Ti uporno se trudish da bidesh interesen so svoite "konfuzno se obiduvam da bidam filozof" ispadi? A ako mislish deka kontradiktornosta e alatot na "inteligenten zvuk" gadno se varash. Se dodelila nagrada, nagrada imenuvana po dete cij mlad intelektualen, uzasno uspesen zivot e prekinat od edna strasna bolest. Nagradata ja dobil covek cii idei i razmisli sekogash ostro se otfrlale vo Makedonija--vredno da se zabalezi spored mene, Denko ili Stanko- a tebe ne ti go ostaviv pred vrata doma. Ama ups, ti se svidelo, sebe si se citash - umen on na majka--ama but.... A dali e ovcata ili volkot, trevava e ispasena i toa e bitnoto drugarce. Take it at face value, ako mozesh da go izbiesh gnevot za koj uzasno me interesira od kade ti e. I ne treba da bidesh ljubomoren,ljubomoren covek treba da e samo na neshto shto za nego e dostizno.
Belomorec Денко Малевски ми останал во сеќавање од деновите кога Македонија стануваше независна. Се сеќавам на неговиот говор во парламентот каде визонерски и интелектуално кажа “Јас неможам да ја замислам Македонија надвор од Југославија“. После тоа стана некој функционер во САД и ги јадеше парите на македонските независни граѓани. За жал во Македонија најчесто се наградуваат личности кои работеле против интересите на самата Македонија. Тоа така почна од далечната 1945 и не престана. Секоја чест на исклучоците. Денко Малевски те памтам по твоите дела.
protivpropaganda
quote:
Ti uporno se trudish da bidesh interesen so svoite "konfuzno se obiduvam da bidam filozof" ispadi? A ako mislish deka kontradiktornosta e alatot na "inteligenten zvuk" gadno se varash. Se dodelila nagrada, nagrada imenuvana po dete cij mlad intelektualen, uzasno uspesen zivot e prekinat od edna strasna bolest. Nagradata ja dobil covek cii idei i razmisli sekogash ostro se otfrlale vo Makedonija--vredno da se zabalezi spored mene, Denko ili Stanko- a tebe ne ti go ostaviv pred vrata doma. Ama ups, ti se svidelo, sebe si se citash - umen on na majka--ama but.... A dali e ovcata ili volkot, trevava e ispasena i toa e bitnoto drugarce. Take it at face value, ako mozesh da go izbiesh gnevot za koj uzasno me interesira od kade ti e. I ne treba da bidesh ljubomoren,ljubomoren covek treba da e samo na neshto shto za nego e dostizno.
Срцуш, Ех, мое мало исфрустрирано јагненце, Belomorec ти ја фрли вистината „у фаца“ за да не се „вараш“, онака реално и овоземно. Не ме обвинувај мене што немаш капацитет да ме сфатиш. За разлика од тебе тој сфати што сакав да кажам и ти го плесна, во поедноставена форма, со силина која се мери во мегатони. Едноставно тој ми го стесна просторот за одговор. Ми остави простор само во полето на контра навреди во кое обично радо влегувам со тебе ама овој пат ќе те оставам. Затоа што имам умна гла`а. Да не ми се сеќираш, нема да му љубоморам на Денко-та бидејки ќе треба да дееволуирам во „безкичмењак“ за да го достигнам него и според тебе, да можам да му љубоморам. Имаше право тука.
AaaAa [:D] Ne si svesen kolku si "sladok" i kakov osmeh sekogash na lice mi nosis. Belomorec mi go plesna argumentirano i so silina merena vo megatoni ko rabotnicite vo Isar Shtip so koi "muabetev" sekoj ponedelnik na sabajle. Neam kapacitet za tebe vo toa si potpolno vo pravo. A i umna glava nemam toa e ocigledno so toa sto voopsto se trudam da otvoram nekoja argumentatirana debata ovde, koga za toa prostor nema sem ako na lugjeto so "kapacitet" ne im se prinese ona koe vleguva vo sklop na nivnite ramki na nistozni viduvanja.(uvek zaboravam koja e publikata, zatoa nikogash nema da me bide za pisatel). A nagradata na Denko ne mu ja dadov jas drugarce, nemora mene da mi se vrglish tolku:)--mu se poklonile mnogu drugi lugje--samo Makedonija ne e seuste na toa nivo da razbere zoshto. Ali ako, ubavko vi e na vas, em crno-belo em vlada plakja. Ostani mi pozdraven i ziti se ne prekinuvaj so repliki na mene, humor i satira se ukina odavna, a pecko ne mi prai keif :) Niski udari niski, bar da ucam klizaci od covek kako tebe , ocigledno mnogu po iskusen. edited part- p.s. Da ostanam dosledna i fer prema Belomorec, bez razlika dali se slozuvam so negovite stavovi i mislenje , sepak covekot se dodrza do izlaganje na mislenje vo odnos na nagradava i nagradeniot-ne do "srcushot" se cudam samo kako nemu na zulj mu nemam stapnato--i nekoj rece neshto za "isfrustriranost?"