Година од смртта на претседателот Борис Трајковски
Година од смртта на претседателот Борис Трајковски
intel Времето една година по смртта на претседателот Трајковски, не може да ја ублажи болката и тагата на неговото семејство. Откако си заминаа сите делегации, сопругата Вилма, ќерката Сара и синот Стефан, со солзи во очите, на бистата пред неговиот вечен дом, му оддадоа почит на својот сопруг и татко. [img]http://media.a1.com.mk/media/vesti/trajkovski200x150.jpg[/img] [url="http://www.a1.com.mk/vesti/vest.asp?VestID=43398"]повеќе[/url]
intel Трендафил; Имаш среќа што не сум модератор.Ќе ти го избришев постот затоа што повторно како со Кметовска и сите други претходни трагични настани газиш преку мртви за партиски цели и уште се кажуваш за верник.
Homer MakeDonski
quote:
Originally posted by intel
Трендафил; Имаш среќа што не сум модератор.Ќе ти го избришев постот затоа што повторно како со Кметовска и сите други претходни трагични настани газиш преку мртви за партиски цели и уште се кажуваш за верник.
intel Навистина штета што не си на модераторската позиција. Штета што можноста да ги газиш живите ,кои што ги обвинуваш дека ги газат поминатите ,е вон доменот на дејствувањето ти . "Не го признавам судот на твојата партија" ,оти нема ништо што е напишано во постот на неосудениот за осуда , за какво "газење на мртвите" зборите ? Бог да му ги прости греовите на починатиот Хомер МакеДонски
трендафил
quote:
Originally posted by intel
Трендафил; Имаш среќа што не сум модератор.Ќе ти го избришев постот затоа што повторно како со Кметовска и сите други претходни трагични настани газиш преку мртви за партиски цели и уште се кажуваш за верник.
Всушност не кажав ништо против Трајковски, туку против себе, затоа што не ги прифаќам фашизоидните делови од Рамковната спогодба која е Библија во Македонија. А тие што на подруг начин ја толкуваат Библијата од високодостојниците треба да бидат фрлени во оган. Барем така е правено во времето на инквизицијата. Јас во мојот пост ја газам лагата, без разлика дали некој лажел за да дојде на власт или сега лаже за да остане, но не со помош на гласовите на гласачите, туку со помош на странци. Доколу некој сака, можам да цитирам со наведување на изворот што Бучковски (и неговите сопартијци и коалициони парнери) зборуваа за Трајковски. Но во партијата на Бучковски кога беше единствена легална политичка сила му се подсмеваа и на Господ. Не ме ни чуди што се подсмеваа на еден негов пастир на, во Македонија, релативно мало евангелско-методистичко стадо. Не припаѓам на типот на луѓе што Ченто на пример прво го сметаат за предавник, па за херој. А ниту вербално не ги осудуваат тие што го малтретирале. И нив ги слават. Ја слават и жртвата и џелатот.
Strelec
quote:
Originally posted by Divider
...граѓанинот за едните, претседател за другите...
Да... претседател за другите, ама тие другите изјавија дека се срамат од него! Divider, ако сакаш да му оддадеш признание на Борис Трајковски, би било добро тоа да го сториш на малку подостоинствен начин, а не со политички мотиви!
Strelec
quote:
Originally posted by трендафил
Доколу некој сака, можам да цитирам со наведување на изворот што Бучковски (и неговите сопартијци и коалициони парнери) зборуваа за Трајковски.
За починатиот Трајковски и некои други зборуваа грди работи. Но темава не е за другите, туку за Трајковски и ве молам не ја упропастувајте! Јас лично многупати не сум се согласувал со политичките ставови на Трајковски, но никој не може да му ја оспори ГОЛЕМАТА љубов кон Македонија!
DonVito neka mu e lesna zemjata
intel Mеморијалната богослужба за претседателот Трајковски 27.02.2005 Верниците, најблиските, но и сите оние што го почитуваа и познаваа трагично загинатиот претседател Трајковски како верник, денеска точно напладне се собраа во Македонскиот Народен Театар на меморијалната богослужба. Роднини, пријатели или другари од детството за сите претседателот беше човек со големо срце. [url="http://www.a1.com.mk/vesti/vest.asp?VestID=43443"]повеќе[/url]
трендафил Многу е кратко времето од една година за да се зборува за местото што во македонската историја ќе го заземе Борис Трајковски. Јас, како противник на Рамковната спогодба во нејзините фашизоидни делови, кај што на поедини етнички заедници им се даваат привилегии, односно се ставаат над или под другите, во зависност како човек гледа на тоа, односно дали обрнува внимание на фактот дека само хендикепирани во нормални земји добиваат привилегии, во моментов немам високо мислење за Трајковски. Ова под услов да им верувам на актуелните политичари дека западните земји ни се пријатели. Но ако им верувам, не знам дали за Борис да им верувам на тоа што го велат сега или пред неговата смрт. Не се работи ли за некрофилија? Како не му беше срам на Владо Бучковски да излезе пред гробот на Трајковски по сето тоа што го зборуваше за него додека беше жив. Или можеби за него само мртов неСДСМовец е добар неСДСМовец. Ист беше и Бранко Црвенковски како партијски лидер. Нека му е лесна земја на Трајковски. Да оставиме историјата да го каже крајниот збор за него и за неговата смрт, во ситуација кога обвинителот нема намера да почне истрага. И јас сум верник, се молам Господ да му ги прости гревовите на Трајковски, моите доколку грешам, но (за разлика од Борис и другите рамковисти) се молам и за победи над непријателот. [url="http://svetapetka.tripod.com/Molitvoslovija.html"]Види Тропар на Чесниот Крст[/url]
Divider Борис, хм, претседател на Република Македонија, починат во авионска несреќа зад која стојат и ќе стојат мнгу непознаници, тајни, политичко-криминално-умоболни игри! Човек, за кого не гласав, но, го признав како наш претседател! Каков беше знаеме! Кому му пречеше, знаеме! Како заврши знаеме! Зошто така заврши, најверојатно нема да дознаеме никогаш! Дека со својата смрт му остави простор на еден друг државник да се амнестира и имунизира од претходните дилатантизми и криминални дејности, точно. Сите знаеме кој е тој! Човекот што си ја лечи својата болна желба за власт која му ја овозмож(ивме)уваме! Во секој случај, она што ни се случи во 2001 година беше плод на болниот ум на гореспоменатата индивидуа (име на сакам да му спомнам) и неговата желба да се врати на власт, потпомогнат со Циле копиле и победниците на изборите во 1998 година од албанскиот политички блок ПДП, а кој потоа (се претворија во партија со друго име иако беа познати како терористи-борци за слобода), поради одбивањето (ним им беше првин понудено) да учествуваат во власта, беа уништени од нивните политички противници, а кои загубија на тие избори ДПА. По излегувањето на иле и ДА од власта се остави простор за уривање на владата на премиерот Георгиевски, кој, дозволи да биде манипулиран од ДПА, а потпомогнат од демократски ориентираните членови на ДА, кои потоа формираа свое здружение НД. откако обидите за промена на власта по мирен пат пропаднаа, се прибегна кон воени средства потпомогнати од логистиката на артијата на индивидуата и членовите, распоредени на работни места, претходно, во неколку клучни министерства. Борис, во целата таа ситуација, таков-каков што е, реши да изигрува претседател на сите граѓани на Република Македонија, се уплаши да не се доведе Макеоднија до она дереџе на Босна во војната во БиХ, одби неколкупати да донесе одлука за вклучување на војската во конфликтот, а и покрај обидот на владеачката (тогаш) партија и нејзините македонски партнери, да се прогласи воена состојба, поради немање кворум и доволен број пратеници (80) за такво нешто, опструирани од опозицијата и нејзините албански партнери, реши да се справи со конфликтот на единствениот можен начин. Да го заобиколи претседателот како главен и врховен командант на оружените сили на Македонија, да се обиде да го локализира или реши проблемот со помош на полицијата (инфилтрирана од партиски послушници на индивидуата и опструирана од истите), а од друга страна да побара помош од меѓународната заедница. Кога беше формирана широката коалиција, тоа веќе беше недостижно (решавањето на кризата и конфликтот на начин задоволителен за Македонија и нејзиниот народ), а по неумешното вклучување и користење на армијата во таа коалиција чија цел беше да се докаже неспособноста на владата на премиерот како шеф на владата (без оглед на министрите: МНР Митрева, МО Бучковски итн.), а не решавање на конфликтот, и видно (полека но сигурно) разгневениот и револтиран народ македонски, претседателот Трајковски се обиде на секој можен начин да спречи разгорување на страстите. Широката коалиција успеа во намерата да ја прикаже владата како неспособна да се справи конфликтот, заборавајќи дека на тој начин се понижува и прикажува како неспособна Македонија. Резултатот од сето тоа беше очигледен. да спречи војна од големи размери (имајте предвид дека Борис беше протестант, значи не воспитан во духот на македпонштината, подобро цел живот комита или мртов отколку слуга поробен и незадоен со познатото: Смрт или Слобода!) успеа, а под притисок на резигнираната меѓународна заедница, која реши и одлучи дека Македонија не е сериозен партнер, да го доведе и донесе Рамковниот договор, чиј најголем противник беше токму Георгиевски, а најголем поборник индивидуата, дури и повеќе од албанскиот блок партии. Трајковски знаеше што се случи, имаше увид, затоа сакаше да биде модератор на преговорите. трајковски знаеше и нешто повеќе. Дека, со своето знаење и претходно делување нема да може да смета на поддршката на неговата партија, која го денунцираше, како и на поддршката на оние кои го нарекуваа граѓанинот, не претседателот, затоа се обиде да стори нешто повеќе, да стане државник и да ја добие поддршката на оние кои не гласаат, но по 2001 активно ни ја креираат политиката. Почна да успева во тоа. Тогаш беше испратен во Мостар, планот за летање беше направен. Се леташе по коридор кој не е во употреба триесеттина години, освен за воени летала, како преопасен. наместо по вообичаениот, преку Албанија, кон Хрватска, преземен од кулата во Дубровник, а под Мостарската само по приодот и визуелниот контакт од море. Сепак, се летна по другиот, невообичаениот, контролата на лет во Мостар ја имаше СФОР, францускиот контингент, комуникацијата беше на квази-англиски и француски (јазик кој пилотите не го познаваа), за да биде прекината десеттина минути пред несреќата. Инаку, минута лет на kingair со cruising speed е околу 650-850 км на час, па пресметајте самите од каде до каде немале контакт и летале слепо, низ облаци, а на слетна патека. Авионот падна, немаше никој на местото подолго време, СФОР пристигна, 24 часа не дозволуваше увид. Патниците загинаа, работата се заташка, добивме нов претседател. Се најубаво за мртвите, ама пилотите требало да завртат накај Сараево, Борис требаше да се повлече, индивидуата еднаш не успеа во својата намера, суетата не му дозволи по втор пат да не успее! А вие како милувате! П.С. Лесна му земја на Борис Трајковски, граѓанинот за едните, претседател за другите, а всушност Македонец и вториот претседател на Република Македонија!!!
intel Една година по смртта на Трајковски не слушнав од ниту еден член или симпатизер на СДСМ да каже: -ако му е -така му треба -нека гори во пекол. Дента после несреќата викаа,штета за фамилијата,децата.Го жалеа како човек без разлика на партиските разлики. Десет години по атентатот на Глигоров сеуште слушам од оние кои не знам како не име срам да се нарекуваат некакво си ВМРО -Како не цркна -преживеа сенилниот старец маме му негово итн итн, а дента кога се случи атентатот се радуваа.Па кога истото го зборуваат и за нивниот најдобар политичар Трајковски од кого јавно се откажаа не е ништо чудно нели? Направете разлика.
lav
quote:
Originally posted by intel
Една година по смртта на Трајковски не слушнав од ниту еден член или симпатизер на СДСМ да каже:-ако му е -така му треба -нека гори во пекол. Дента после несреќата викаа,штета за фамилијата,децата.Го жалеа како човек без разлика на партиските разлики. Десет години по атентатот на Глигоров сеуште слушам од оние кои не знам како не име срам да се нарекуваат некакво си ВМРО -Како не цркна -преживеа сенилниот старец маме му негово итн итн, а дента кога се случи атентатот се радуваа.Па кога истото го зборуваат и за нивниот најдобар политичар Трајковски од кого јавно се откажаа не е ништо чудно нели? Направете разлика.
Па и нормално е да не слушнеш нели такви квалификации ....толку години поминаа за да научат (особено Кондарко дезертерот и тоа помилуван) за да ги почитуваат вредностите кои ТОЈ и неговите ги вградија во темелите на Македонската Држава , која Зеленко „до последна точка и запирка„ ја разгради.
Strelec lav, ова веќе многу симптоматично станува... како намерно да сакаш да ја злоупотребиш оваа тема која што беше отворена (барем јас така ја сватив) за да му се оддаде почит на Борис Трајковски! Воздржи се барем овде од политиканство!